да златце нема крв нема ни кафеав изцедок ама кичма ме скина јајнициве стомачево и нозете до кај колената.си Mислам да не ми е од многу лезејне Aма ако станам и постојам 5 мин одма осејчам напон на стомачето скроз миско ми е златцето
Ако имаш имплантациско крварење дали тоа може да значи дека плодот е на правилното место,односно не постои вонматерична бременост? Според дефиницијата за имплантацијата,така заклучив,можеби не сум во право.
здраво. Пишав во темата симптоми на бременост но отпосле видов дека има ваква тема. Од денес треба да сум во 5-та недела. Пред една недела направив тест за бременост и излезе позитивен. Сметав дека е уште рано да идам на гинеколог па мислев да почекам уште неколку дена. Но сепак се решив, се јавив и ми закажаа термин за во петок. Немав никави проблеми до сега, освен некои мали болки во стомакот, но денес од сабајле во веце после вршењето нужда забележав кафеав исцедок на тоалетната хартија. Се фрлив одма на читање, и сфатив дека има многу вакви случаи и дека во принцип лекар препишува некој лек за сопирање. Но кога по неколку саати отидов пак во веце овојпат немаше ништо, како воопшто и да не било. Не знам што да мислам, дали да презакажам поскоро на лекар или ова укажува само на некаква промена во телото? Ве молам ако има некоја со исто искуство, нека сподели.
Прво, не се фрлај на читање додека не се консултираш со стручно лице, може само да испаничиш безпотребно. Би ти советувала да мируваш денес цел ден,па утре до кај гинекологот да те види. Не би требало да е страшно ако биле само тие неколку капки, но што е сигурно, сигурно е, утре оди нека те ппрегледа.
не беа тоа капки, туку исцедок, како бело прање но кафеавкасто, и еве сега го нема. Знам дека не треба да читам, уште повеќе ќе забега човек, но со оглед на тоа дека мојот гинеколог бил презафатен па ми закажаа за во петок, не знам дали ако престане не е страшно да почекам до петок или итно да се јавам па да кажам дека е итно и порано да ме прегледа. Знам дека во четвртата недела се случува всадувањето на бебето во матката. Понекогаш кога се случува тоа може да дојде до пукање на некој крвен сад и да предизвика мало крварење. Докторот на другарка за ова рече да не се вознемируваме, тоа е безопасна и нормална појава. Штом престана, претпоставувам дека тоа е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму, бременоста е нова состојба на нашето тело па и нормално е да дојде до реагирање. Во принцип сфатив дека најбитната работа е да се остане трезвен и да не се паничи.
Јас еднаш месечно послениве 3 месеца имам миниално да го наречам крварење. Имав темно кафеав исцедок, ептен мала количина. Претежно откако ќе се избришев. Прв пат имав кога ми земаа брисеви за приска, докторката додека ги змеше потече малце, таму ми дадоа влошка, ми рече да се напијам 2х250 магнезиум и ако продлжи да и се јавам или отидам. Траеше еден ден па помина па после 2 дена пак имаше. Тогаш се плашев. Ја барав затоа што бев на пат, не ми се јави па чекав да видам. Ми кажаа дека ако е темно кафеава течност и ако немам болки во долниот дел на половината или јајниците и матката не треба да се секирам. Се помина ок. Наредниот пат кога имав ја прашав, ми го рече истото. Сега не се гржам за тоа. Посебно затоа што е количински многу малце, а и имам приметено дека е од прилика во периодот кога би требало да добијам па претпоставувам дека е spotting. За многу работи е добро да се образуваме и да читаме, посебно ми се допаѓа што споделуваме искство, ама, мене лично често тоа ме вадело од памет. Ќе прочитам нешто и после како да го барам тој симптом да ми се појави или ќе мислам на тоа. Како минат месеците се помалце се замарам со тоа. Бебево мрда ко лудо па тоа ме утешува. Мој совет, конкретно за оваа тема е без разлика на искуството на другите, барајте совет од гинеколог. Ние можеме да пртпоставиме што и како се случува ама никој нема да ни каже подобро од доктор.
Во право си. Секој си е приказна за себе, најдобро е да се ослониме на сопствениот инстинкт и нормално на тоа што ќе ни каже лекарот. Денес кога бев на преглед кај доктор се беше во ред во плодот, ми дадоа вагиналети Утрогестан и најбитно е што кога го гледаше на ехо докторот ми рече дека имам убава бременост сега за сега и тоа ми даде крилја да полетам. Со фин разговор со доктор, сфатив колку сум била непотребно избезумена, дека не треба да се чита се и сешто, мозокот може многу да забега а лоши мисли и тоа како не ми се потребни. Со волјата Господова одиме напред.
да милата, се е во ред, докторот ми препиша вагиналети утрогестан, примив инјекција прогестерон и еве веќе трет ден фала му на господа немам ништо ама продолжувам со терапијата. Ме израдува забелешката на докторот дека се е во ред, меѓутоа имплантациско се појавило веројатно од сексуален однос за кој имав читано дека не шкоди ама ете кај мене сметало, па затоа апелирам до сите да не се препуштаат на туѓите искуства затоа што кај секој може да е различно, ако кај една поминало добро не значи и дека кај тебе ќе биде така, може да се добие сосема спротивен ефект. Сега верувам само на докторски збор
Jeny срце никој не рече дека се препорачуваат сексуални односи до 10-12 недела. Баш напротив. Ако се биде во ред и ако ти е нормална бременоста (што не го знаеш тоа во 5 недела), самиот гинеколог ќе ти каже дека е во ред да имаш сексуални односи. Почекајте уште малку, па потоа уживајте.
здраво девојки би сакала да ми дадете мислење и за мојот проблем Бремена сум во петта недела и пред некој ден исто ми се појави кафеаф исцедок,за кој мојон гинеколог ми рече дека е се во ред и нема потреба за грижи,но вцера искрварев доста и веднас на клиника бев,плодот бесе сеусте тука,ми ставија инекција прогестерон 250 мг и утрогестан капсули 200 мг 2 пати дневно( иако ме збунија бидејки пишува орално и вагинално се земаат,а јас ги пијам орално ,се надевам не грешам) и секако најстрого мирување. Е сега градите ме загружуваат,бидејки пред тоа ми беа осетливи на допир, а после крварењето ми омекнаа и не осекам ништо,мојон гинеколог кој малку ме налути што не ми препиша веднаш терапија ми рече тоа не е во ред бидејќи градите требало да останат и понатаму исто осетливи Сте имале ли вие ваков проблем? многу ви благодарам ако ми одговорите
Јас сум истиот случај. Откако дознав дека сум бремена имав кафеаф исцедок, примав утрогестан од 200 вагинално и таман престана кафеното во 10 недела искрварив ооооообилно, односно на ГАК од памет се извадија и одоздола поставија кофа зошто немозеше да се сопре крварењето и ме тампонираа. Лежев 4 дена ми ставија прогестерон депо инекција и строго мируваање, плодот е во матка, срцева реакција има. Ме пуштија со одговор само господ да ти помогне и строго мирување. Триста прашалници имам во главата, од што, како? Една докторка спомна одлепување на плацентата, но сега била залепена. Во отпусната листа ништо не пишува, ни причина, ни ништо. Од тогаш помина една недела и сега за сега сум добро. И мене градите веќе не ми се толку осетливи, но јас се надевам дека ќе биде добро, ти посакувам и тебе исто. Господ е голем!
Јас еве прокрварев во 8 и 10 недела и ми дадоа терапија утрогестан од 100 4 пати на ден строго мирување до 5 месец и истото ми се случи со градите од осетливи наеднаш нормални ми беа.Али за среќа се помина во најдобар ред.Терапија и совети од доктор и не грижи се.
Јас еве прокрварев во 8 и 10 недела и ми дадоа терапија утрогестан од 100 4 пати на ден строго мирување до 5 месец и истото ми се случи со градите од осетливи наеднаш нормални ми беа.Али за среќа се помина во најдобар ред.Терапија и совети од доктор и не грижи се.
Јас еве прокрварев во 8 и 10 недела и ми дадоа терапија утрогестан од 100 4 пати на ден строго мирување до 5 месец и истото ми се случи со градите од осетливи наеднаш нормални ми беа.Али за среќа се помина во најдобар ред.Терапија и совети од доктор и не грижи се.
За среќа јас немав никакви болки, а докторите очекуваа дека ќе имам и контракции, а искрварев прошлата сабота од сабајле и утредента ми течеше кафено и ми продолжи уше еден ден. Во вторникот вечерта ден пред да ме пуштат да си одам дома пак прокрварев свежа крв, ама малку и престана. И сега само онака како светло кафено, накај жолтеникаво ми тече сеуште, ама мислам дека веќе се чистам зошто нормално е по толкаво обилно крварење неможе ништо да не ми тече Поздрав и само позитивна мисла.
кај мене крварењето беше минимално како кога ми идеше менструација и немав никакви ама баш никакви болки.И се извинувам така три пати што се појавил постот мобилниот ми кочеше најверојатно затоа не беше ништо намерно.
Многу пати до сега имам пишувано на темава,ама ете сега за вас пак ќе напишам,сакам да ве утешам. Јас исто како вас многу пати искрварував во раната бременост,и тоа мнооогу обилно. Мене и доста јаки болки ми се јавуваа. Тоа со градите нема врска,трескаат глупости гинеколозиве,само нешто да кажат. Во текот на цела бременост градите се менуваат, еден ден се тврди,еден меки...жлездите постојано си работат. Тоа што сега ви се меки не е поврзано со крварењето,немајте гајле. Да се вратам на темава...и мене никако не ми најдоа од што крварам, иако по сите можни болници бев, и крајно една докторка на ГАК ми кажа дека имам лакуни на постелката (меури исполнети со крв),на многу жени им се појавувале.Не се опсани по плодот,но мора многу да се пази. Јас до крај бев со Утрогестан, а инекции примав до 20-та недела. Крварењето одма неможе да престане, како што кажа Пиленка мора да се дочисти организмот. Јас така си се тегнев до 15-та недела, си помина, и после тоа бременоста ми беше песна. Докторката ми рече дека скоро секогаш до 15-та недела престануваат овие проблеми,односно додека се зацврсти убаво плодот. Мој совет ви е да си ја примате терапијата и мнооооооогу да одмарате.Лежете по цели денови,читајте книги,слушајте музика,јавувајте им се на блиските. Ќе помине овој кризен период, и се ќе си биде во ред. Јас се породив 7 дена после термин, родив бебче скоро 4 кила,еве сега има 8 месеци. Многу бев исплашена во тој период,исто како вие сега, но со строго мирување и позитивно размислување ќе биде се во ред. Ви посакувам успешна и лесна бременост
здраво феминки . . нова сум на форурмот и цело време се мислам дали да споделам со вас па да ми помогнете доволно ке ми е и да ме утешите . . имав една бременост но во февруари ми кажаа дека има плодова вода но нема плод ми дадоа дебрастон ни ништо не промени . . . еве сега повторно сум бремена 9 недела од почетокот ми ги дадоа прогестерон 2*1 и пред 2 дена имав кафеав исцедок и во паника веднаш на гинеколог. . .ме прегледа ми рече дека се е во ред ми било термин за пмс а може и црвено да потече и дека е нормално да не кревам паника и да не се нервирам само смирено . . продолжив со прогестерон 2*1 и сеуште имам кафеав исцедок и по малку розев а имам и болки во долниот дел од стомакот како да сум со тоа . . .ве молам ако има некоја со исто или слично искуство нека сподели.Поздрав http://lbdm.lilypie.com/NT8op1.png