Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крварење за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од elenileni, 29 март 2010.

  1. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво денес бев на ехо и ми утврдија гестациска вреќа т.е. дека плодот е во матката меѓутоа ми утврди и дека имам крварење во матката иначе според пресметките некаде околу 4 нед сум бремена дали може да преживее плодот под вакви услови иначе при бришење или на гаќи немам крв значи само внатре во матката?
     
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    1.072
    Претпоставувам мислеле на хематом. И јас имав од почеток на бременоста до кај 10 недела. Терапија имав магнезиум и утрогестан и мирување. Хематомот се повлече, немав крварења никакви.
     
  3. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Да да хематом одручек ќе одам кај матичната па ќе видиме што ќе ми препиши ти благодарам
     
  4. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    5.740
    Пол:
    Женски
    Што се случи девојче? Ајде израдувај не:inlove:
     
  5. Stefani_1992

    Stefani_1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.

    Бремена сум 19-та недела. Пред 4 дена имав малку крв на гаќите, веднаш отидов на гинеколог, ми рече дека не е ништо страшно, и дека според нејзе крвта е од мочниот канал, од матката немаше никаква крв, најверојатно некое "песоче" или бактерија. Иначе на ехото се беше ОК. Ми рече да пијам повеќе течности, и да направам микробиолошки тест на урина.
    Во меѓувреме крвта се намали, имаше периоди кај што воопшто немам. Забележав дека доколку се движам (пешачење итн), забележувам по малку, па се смирува, пак по некоја капка....
    Немам никакви болки...
    Немавме односи...

    Денес на резултатите од микробиологија немав никаква бактерија - се е чисто.
    Гинекологот ми рече дека штом забележам пак крв веднаш да отидам на преглед, па евентуално да ме прати на уролог за мочниот канал. Спомна дека може да е и некое капиларче.

    Некои слични искуства, совети?

    Фала ви.
     
    Последна измена: 13 август 2024
    На LiliM и Sitte4 им се допаѓа ова.
  6. Ivka555

    Ivka555 Нов член

    Се зачлени на:
    9 август 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Bremena sum 10 nedela i sabajle primetiv malku krv na dnevnata vloska nekolku kapki i pri mokrenje me pece...mnogu ispaniciv posle sum na ginekolog ... drzete mi sreka
     
  7. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Здраво 10 недела сум бремена и имам како портокалов исцедок без мирис денес прв пат не многу ама имам, што може да претставува? Претходно до пред 4 дена земав вагиналети за кандида, дали можно да е поврзано нешто со тоа?
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Оди на гинеколог, нека те ѕирнат најубаво. За исцедок најубаво да те види доктор. Не викам дека е нешто страшно, ама да си раат.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Ќе одам да не ми е на мисла, фала ти :l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво би ве замолила за совет. Јас сум во прва бременост - по природен пат во 10та недела. Вчера почнав да приметувам минимален кафен исцедок на бришење во вц и тоа на секое второ или трето одење во вц. Не сум во МК на одмор сум и се враќам за една недела па не знам што да правам а не можам се уште да стапам во контакт со матичната - претпоставувам ради споениов викенд. Не сум на никаква терапија само на витаминска, но имам земено со мене утрогестан од другарка за “не дај боже” но не знам дали на своја рака да почнам да ги ставам. Немам болки и најнормално сум во движење од почетокот на бременоста но сум многу засекирана.
     
    На Millenan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Обиди се да стапиш во контакт со матичната или некако да и го дознаеш приватниот број и пиши и. Не мора да е нешто лошо, обично многу имале крварење во рана бременост без никаков негативен исход.
    Добро е што е мининално.
    Ако не успееш да ја добиеш денес, да бев јас во твојата ситуација, ќе следам денес ако се зголемува крварењето би земала на своја рака прогестеронска терапија, не можеш да наштетиш. Ако се намалува или е минимално, почекај да видиш што ќе ти каже матичната.
    Се ќе биде добро!
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.913
    Допаѓања:
    33.438
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случи со кафен исцедок еднаш во 11та недела и еднаш во 13та. За среќа не беше ништо, моментално сум 17+ недела и си терам како што треба. А од што се појави никој неможе точно да ми објасни, бев на 3 различни доктори.

    Ова ти го пишувам за да не паничиш, дека веќе кафениот исцедок стана редовен во прво тромесечие. Обично е застарена крв тоа, ништо страшно, ама сепак обавезно да те видат на ехо.

    Добро е што си земала утрогестан. Консултирај се со матичната ако можеш и кажи и ја ситуацијата, верувам дека ќе ти сугерира да почнеш со утрогестан, или ако успееш да најдеш прогестерон депо уште подобро. Исто така не е лошо да почнеш да си земаш и магнезиум секој ден.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    25+3 прокрварев денеска и одма на државна цервикс ми е 27мм
    само ми рекоа повеќе да одмарам станување само до вц и утре пак на контрола,утеогестан пијам од претходно па само тоа да продолжам да си пијам.сега дома пак имам крв како лигаво таква.
    Многу ми е страв,сте имале ли вакво искуство..не сум воопшто задоволна од државна како да не се замараа воопшто
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Ферона нешто ти дадоа? На гак итната не им верувам, не сакам да ти кажувам што поминав пред некој ден со практиканти. На крај си отидов во Систина, и смирив душа. Чисто да ти кажам дека и цервиксот ми го измерија пократок со 1цм од Систина, практиканти на гак.
     
  15. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    ништо буквално не ми дадоа ништо ,веа многу повеќе фокусирани на дремење на телефон и грицкање сончоглед откалку на пациентите
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Епа практиканти биле, ако ти кажам што поминав ќе се шлогираш. Така да ако можеш да си дозволиш, оди во Систина не чекај. Ферона морале да ти дадат, може па и не ти е скратен цервиксот… ти викам 1цм цел… ми го измерија помалку од стручен доктор во Систина. 4900 е прегледот. Ако можеш оди, може да е постелката блиску до цервикс.
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.913
    Допаѓања:
    33.438
    Пол:
    Женски
    И јас мислам како членката, оди на второ и на трето мислење ако треба.
    Побарај обавезно да ти кажат каде ти е постелката, може не ти е крената горе и од неа да ти е крварењето.
    Барај да те боцнат прогестерон и повторно да ти измерат цервикс. Не ти е многу страшна должината, ама и малку скратена е да. Само гледај повеќе да мируваш и да не креваш тешко.
    Во врска со утрогестанот, прашај доктор дали ќе ти дозволи да го ставаш вагинално.
     
  18. Kate.m23

    Kate.m23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    nisko mi e postelkata ,ama koa im kazav deka nisko go nosam samo rekoa ne e od toa normalno e za 25 ta nedela da ti e niska
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Па ако е прениско не е нормално. Затоа оди во Систина или каде можеш. Верувај не се нормални тие на гак во итната..
     
  20. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Имам некор крварење во 5тава недела
    Гинекологот ми препиша Лензето дабростон и Пролутекс
    Во упатствата пишува дека во бременост не смее да се употребуваат вакви лекови?
    Дали имате искуствааа
    Ви благодарам многу