Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крварење за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од elenileni, 29 март 2010.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Како не смее душо, пола од членките тоа ставаат. Прогестеронска подршка е тоа, да го спречи крварењето. Немаш гајле, пиј тоа што ти е дадено. Сите пијат или стават утрогестан, дабростон, прогестерон депо или пролутекс. Тоа спречува крварење.
     
  2. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Fala srcko toa sto citav e deka lenzeto estradiol ne smee da se prima vo bremenost stoi a jas uste go primam pa toa mi bese cudno, inaku so krvarenje sum vekhe 7 dena od pozitivniot test nz spored iskustvo uste kolku bi bilo fala vi mnogu pozdrav
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Зависи од што е крварењето, немсм искуство многу. Во 11 та и 12 та имав кафен исцедок примав утрогестан за тоа, така недела дена траеше исцедокот дур прекине.
     
  4. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski
    Bremena sum 5 nedeli i 4 dena
    No imam krvarenje od crvenkasto do kafeavo skoro 10 dena
    Imam blagi grcevi vo stomakot
    Custvuvam na momenti steganje vo matka taka
    Sakam da prasam dali imal nekoj slicno iskustvo
    Od terapija primamm dabroston i proluteks progesteron
    Ve molam za sovet
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Уште не беше на лекар?
     
  6. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Src ti pisav privatna poraka
     
  7. Marjorie

    Marjorie Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, бремена сум 15 недели, меѓутоа сеуште имам мака со крварење. За првпат прокварев во 5та недела, па обилно во 9та. Сега пак прокрварев во 13та и престана за 2-3 дена за да се активира после 3-4 дена повторно и еве сеуште трае. Од терапија пијам Утрогестан 2х200мг и мирувам цело време, само за во тоалет станувам. Се консултирав со гинеколози, матичниот вели дека се работи за хематом и дека се цеди, а други велат дека е од што се лепи постелката. Во секој случај советот е само мирување и на преглед да се појавам кога ми е редовно закажан. Дали имала некоја слично искуство да сподели? Ви благодарам
     
  8. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    471
    Пол:
    Женски
    Девојки денес 13 ден од ембриотрансфер или според последна менструација 4 недели и 6 дена бременост. На 7 ден имав позитивен тест и секој ден се тестирам линијата правилно се затемнува, утре треба да правам бета. Сабајле кога отидов во тоалет на бришење имав дискретни траги како конци од кафеава крв. Дали на некој му се има случено тоа? Се извадив од памет. Покриена сум со прогестеронска подршка ставам 3 вагиналети и се боцкам пролутекс
     
  9. Kosara321

    Kosara321 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки ❤️
    Бремена сум 6 недели и 2 дена денес прав пат кога бев во тоалет имав на тоалетната хартија само на бришење мн светло кафеаво дали е нормално или да интервенирам
    Вчера бев на преглед бебето има срцева реакција:)
     
    Последна измена: 23 октомври 2024
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.498
    Пол:
    Женски
    Нормално е, ама слушни се со матичната да почнеш прогестеронска поддршка. Може ќе ти даде утрогестан или дабростон.
     
  11. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, бременоста ми почна со крварење па сум од првиот ден со прогестерон. Ми престана крварењето се е супер и на ехо во 8ма недела видовме срцева реакција, сега сум 12 та недела завчера имав светло кафеав розевкаст исцедок вчера ми престана немав и денес имам пак дури и малку потемно од завчера. Се јавив кај докторката ми рекоа можно е да е од прогестеронот… да мирувам да не кревам тешко и да покачам дозите на магнезиум да земам 3 на ден. А ако имаат плус идеја ќе ми се јават пак ако не да си чекам до следна среда за ехо. Болка силна немам понекогаш имам како грч или боцкање/тегнење трае кратко па пак се појавува. Малку се исплашив гледам да сум смирена па ваше искуство или совет би ми било од голема помош.
     
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.913
    Допаѓања:
    33.438
    Пол:
    Женски
    Не се плаши мила, сѐ ќе биде во ред.
    Ако ти е за утеха, еднаш кафен исцедок ми се појави во 11та недела па после пак во 13та, и тоа многу повеќе беше дури темно кафено.
    Кај 3 доктори отидов и неможеа да ми кажат од што е. Едноставно ништо немаше на ехо, па препишавме дека е од тоа што тие недели постелката е доле блиску до грлото.
    Утрогестан дали ставаш? Само не ми е јасно прогестерон мислиш на депо или на вагиналетките?
    Гледај да мируваш, тешко никако кревање и не се грижи, ќе биде добро.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Со терапија сум прогестерон два пати на ден орално само не ставам вагинално и сестрата рече може да се контраиндикации од хормонот ама да не ги прекинувам. Фаменита се вика прогестеронот не живеам во Мк. На боловање сум лежам само, тоа ми го кажа и докторката да одмарам без замор и тешко кревање. Се надевам ќе биде се супер…
     
    Последна измена: 23 октомври 2024
  14. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Odi na pregled
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа ќе ми се јават пак ако треба да дојдам порано а ако не следната среда имам ехо кај мојата докторка а во понеделник за синдромите тестот и ехо кај друга докторка. Другарка ми рече да одам на ургентен ама си викам да не паничам за џабе, докторката рече ако не е свежа крв и немам болки можеби не е индикација за нешто страшно. Бидејќи немам болки како добиено туку само на момент ќе ме пресече па престанува за 2-3 секунди. Можеби ќе ми дадат патолошка…
     
  16. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Од прогестеронот нема шанси да се појави исцедок, прогестеронот го спречува крварењето.
    Ставаш ли нешто пролутекс, депо?
    Инаку да многу е често, и се јавува кај секоја втора особено во почетните недели, не плаши се. Пиј магнезиум, ставај вагиналети и одмарај колку што можеш повеќе додека не се смири.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа дека контраиндикации на лекот се пошто се задебелува матката… не знам… не ставам вагиналети прогестеронот што го земам се вика Фаменита. Дома сум одмарам и пијам магнезиум, метилирана фолна и железо. Едвај чекам ехото во понеделник и се надевам утре кога ќе станам ќе немам веќе ваков исцедок… најчесто насабајле го имам во текот на денот се намалува…
     
  18. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Аспирин да не пиеш? И тој прави крварење? Можеби најдобро да отидеш на лекар да не чекаш, некако многу има до понеделник. Може ќе те боцнат со прогестерон и ќе се смири. Инаку прв пат слушам прогестерон да прави крварење. Секогаш го даваат и тоа во големи дози кога ќе се појави исцедок или крварење за да го смири.
     
  19. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Не пијам аспирин. Прогестеронот што го пијам е 200мг значи земам 400мг дневно. И мене ми падна чудно така што ми кажаа… Ако ми продолжи и утре вака ќе одам. И докторката ми рече ако се влошат симптомите пак да се јавам. Кога лежам ми се смирува.
     
    На Elliana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Нема да ти се влошат не се секирај, само да помине побргу оти многу е стресно за гледање.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.