После крварењето веќе цела недела имам кафеав исцедок, од вчера многу повеќе. Дали ви се случило вакво нешто? Бев и во државна вчера ми викаат се е во ред ама се повеќе и повеќе има, страв ме фаќа
Da mene mi beshe taka. Od 12ta nedela 6 nedeli imav krvarenje i toa na dva pati vo 4tata nedela i 5tata imav dosta po masivno da recam, kako partali izlegoa ama bea kafeni. Bev na pregled i dvata pati rekoa se evo red sw cistel hematomot od toa shto raste bebeto i go potisnuva. Se dodeka ne e crveno ili rozevo e ok. Eve teram 22ra od utre, zdravje boze neka bide samk se vo red kaj site. Ne se sekiraj. Zavisi kolkav bil hematomot
И јас по првичното крварење во 11та недела имав кафеав исцедок подолго време, до кај 15та недела што постојано се намалуваше па се зголемуваше, потоа се смири и во 17та имав еднаш само кафеав исцедок со прилично голема количина и веќе на следното ехо хематомот беше исчезнат. Докторката ми рече дека е нормално да е променлива количината се додека исцедокот е со кафена боја.
Јас сум во 5та недела со бетахцг 2069 и кафеав исцедок на тоалетна само кога се бришам.Бев на ехо се гледа само точка што е нормално за неделите. Примам терапија со клексани и аспирин и метилиран фолна и б12 и се боцкам и со пролутех.На ехо нема крварење во матка и исцедокот е многу малку но го има. За колку дена ќе ми запре и дали има простор за грижа? Ова ми е четврта бременост. Два спонтани пред тоа и едно неуспешно инвитро.
А зошто аспирин ако крвариш? Не сум експерт ама мислам се престанува со аспирин или имаш коагулација на крв? Јас исто така крварев до 12та недела, ако е се во ред на ехо немаш причина за грижи. Прашај дали да земаш додатно магнезиум.
Имам генетски мутации на наследна тромбофилија затоа аспирин морам.Не крварам само кафеав исцедок кога бришам на тоалетна. Дали имал некој искуство со тоа и за колку време би прекинало?
Најверојатно нема правила, зависи од организам до организам. Од што читав на форумов, на некои жени им се јавува еднаш, на некои ќе им се појави неколку пати, некои повремено ќе имаат сè до негде околу 12та недела... конкретно мене прв пат ми се појави во 5та, еве сега 9та уште имам одвреме навреме. Штом си покриена со терапија и на ехо е во ред, не се плаши, слушај си го докторот, со добра мисла, ќе биде во ред И не се заморувај многу. Знам дека е стресно, сите сме го поминале истото... Мене на некој начин ми помогна на психата кога знаев дека им се случува и на други жени и дека не е дотолку 'чудно' и 'страшно' како што јас на почетокот го доживеав - бев многу загрижена, уплашена и плачев секој ден кога ќе видев дека имам исцедок. Не дека сега не сум, уште сум загрижена, ама пошто се осеќам исто цело време, си викам изгледа ова за мене е 'нормално'
Здраво, како сте??? Јас сум нова во оваа тема. Бремена сум со ставен серклаж пред 10тина дена. Повремено ми се јавува кафеав исцедок кој многу ме загрижува на брисевите немаше бактерија или инфекција. Примам утогестан вагинално поради обилно крварење во 8ма недела, сега продолжив да ги пијам. Пиев антибиотик после интервенцијата сега пијам само лактогун и нормалната терапија во бременоста. Матичната ме гледаше пред 2,3 дена и рече дека бебето е добро. Сепак сум загрижена, тројца доктори консултирав сите различно ми кажуваат..
здраво девојки! 7 дена после крио трансфер, иако цело време имам менструални болки, сабајлево имам и други симптоми, онака телото ми се тресе одвнатре како кога имам менструација.... и ми се појави кафеав исцедок.... мислење?
Дали е можно во датумите кога треба да ти е циклусот да е крварењето? Имате ли такво искуство? Јас сум 12 недела денес имав првин бледо розе па како точка крв и потоа престана само бледо кафено. Од почеток сум на прогестерон, бев на итна во ред е бебето не видоа ништо ни хематом, од што друго ќе е крарењето...☹️ Ја прашав дали треба да одмарам и тоа ми е чудно ми рече не. Обично кога се има крварење треба да се лежи... Ве молам за искуства. Со среќа на сите со бебушите.
Здраво до сега не сум пишувала во оваа група не сум имала потреба но сега пред 4 дена ми се појави како малку розево се јавив на докторот ми приклучи магнезиум од вчера па наваму имам кафеав исцедок вчера бев на оделение со бебето се е во ред не знаеме од дека иде исцедокот денес пак бев кај матичниот направивме микробиолошки на ехо ме гледа нема никакво крварње во матката дадеа ми дабростон 2х1 и магнезиум 2х 400 и другата терапија со си ја примам и не знаеме од што може да е исцедокот некој со слично искуство инаку сум 15 недела
Здраво на сите Јас имам кафеав исцедок веќе 2 недели и ставам утрогестан вагиналети, во Мк 2 пати бев на преглед и не видоа ништо а тука во Германија матичната ми кажа дека имам хематом.. што мислите дали е ризично дали исчезнува со тек на време?
Здраво и секое добро на сите. Ве молам кажете има ли чаре за ова крварење. Имав на почеток се смири, потоа пак во 13 недела се беше во ред плацентата малку допирала до грло се смири. Синоќа добив прво како притисок во долниот дел на стомакот на средината и потоа и малку крв, додека сабајлето кога станав имав поприлично круг засирена крв. Сега си дојдов од лекар, се е во ред бебето е многу активно, палцентата е малку крената, проблем не гледа ама крв имам. Ми препорача само прогестетон пак, кој до 12 нед го коростев, но ми рече да го прекинам. Да одмарам повеќето време. Друго од терапија земам клексан, тироксин, магнезиум, витамини. Сега сеуште има по малку темна крв. Се соочил ли некој со слично и како го решил? Многу сум исплашена. Ве молам за искуство.
Женски, 5та недела денес, кога станав сабајле на бришење имав многу светло,бледо розево, се јавив одма как докторот рече не е ништо за паника, тек сабота сум закажана за ехо. Мислење?
Од терапија земам само утрогестан, бета пред неколку дена проверував беше во ред, наредно сабота пред ехото ми кажа докторот да проверам.
Здраво денес имам крварење до утре не знам како ќе издржам до контролата 6+3 недела.. докторот ми рече дабрастон и строго мирување... некој со искуство слично да каже нешто
Какво ти е крварењето? Ако не е црвена, свежа крв и ако немаш болки би требало да не е страшно (ама не знам со сигурност да кажам, зборувам од мое искуство и тоа што ми беше мене кажано). Јас имав крварење некаде од 5та недела, ми беше кафено, некогаш имав на бришење, некогаш на долна облека/секојдневна влошка, некогаш и едното и другото. Отприлика нешто слично на последен ден од циклус, кога веќе се 'чисти' организмот. Јас ставав циклогест вагиналети навечер. Знам колку е стресно, ама изгледа крварењето се случува почесто од што си мислиме (бар многу почесто од јас што мислев). Ако ти е мисла оди и вечерва на доктор да те видат, да си мирна. Одмарај и гледај да си смирена колку што можеш (знам дека ова не е ич лесно). Се надевам сè ќе биде во ред