Немам болки но има крв.. темна е не е баш светла. Си велам да издржам до сабајле, примив инфузија за повраќањето ми се смири но сега пак имам нагони. Си велам се е во ред, докторката рече добар знак е повраќање значи си се одвива во ред... фала многу за одговорот.
Ме задржаа, коагулуми во матката.. засега бебето е во ред примам прогестерон инекции и дабростон.. се надевам на добро
Со помин!! Се да помине во најдобар ред... Одмарај и позитивност само... Ќе се среди ... Пишувај ни како си
И јас имав исто ама кафеаво крварење на почетокот од петта недела. Веднаш заминав на преглед и направив и бета хцг. Бетата си беше во ред 2.000 и нешто и во матката се гледаше и сакус без жолтото кесе нормално за таа недела. Крварењето ми траеше 3-4 дена онака како да ми завршил циклусот и претежно го имав на бришење а на гаќи поретко како една капка или две и ми го поистоветија како имплантациско крварење а беше и во темно кафева боја а имав и еден ден и светло розева. Од терапија мене ми дадоа вагиналетки циклогест, дабростон, пролутех инекции, кринон гел, плус метилираните фолна и б12, фемибион 1 а примам и клексани поради генетски мутации. Денес сум 11та недела и 2-3 дена и со бебето е се во ред. Денес се почесто е тоа крварење за кое и докторите немаат некое посебно објаснување. Треба строго да мируваш додека не се вгнезди плодот убаво и да ја примаш препишаната терапија. Во тие недели е ризикот поголем од спонтан.Јас претходно имав два спонтани во петта недела кои почнаа со крварење за кое немав ни соодветна терапија и немав дополнителни испитувања направено за генетските мутации а после тоа правев и хистероскопија на матка и плус имав и едно неуспешно инвитро и после 6 месеци од несупешното инвитро останав природно еве и тоа со хсг испитување дека имам непроодни канали и морам на инвитро. Се надевам денес ќе имаме убави вести од тебе.
Денес имам крварење само при бришење и не е обилно, ми направија ехо не беа многу јасни срцевите тонови ќе ми прават повторно попладне. 6+3 сум можеби е свртено некако па не се слушаат сеуште јасно чекам да видам сега како ќе биде.
Ми утврдија uterus duplex, не знам како не видоа 3ца доктори дека се работи за тоа. Крварењетоми е од другиот дел, а плодот се развива нормално на другата страна
Извини што ке прашам но ме инересира дали тоа значи дека си до две матки или со една матка поделена на две, затоа што имам познаничка со две матки и доагам циклус двапати месечно еднаш од едната еднаш од другата а има и две дечиња и цело време си имаше како циклус од едната матка кој и траеше по 2-3 дена секој месец додека беше бремена
Со две матки прв пат слушнав денес ко ми кажаа, не добивав два пати ама имав обилно. А сега крварењето е како циклус а во другата плодот ..
Можеби ти е доагало во исто време и од двете и за тоа е било обилно сепак е добро што сте откриле за да ни правеш стрес ако и нареден пат пак се појави
Среќа што откриле, како досега не го увиделе тоа. Но сепак на крај добро е што откриле Имај убава и лесна бременост!