Те разбирам зашто си исплашена, исто во 34та од се нормално цела бременост наеднаш сакаа да ме пораѓаат итно заради намалена плодова вода. Успеав да догурам до 38ма и да ме породат со здраво и право бебе. Ама не живеев тие 4 недели додека да стигмам до 38ма. Систина, гак, систина гак. На два три дена одев. Верувам во докторот во Систина кој те прегледал дека се е добро. Ако ептен си уплашена, може да појдеш на уште едно мислење.
И мене ми е намалена водата, ама ме пуштија со терапија и прегледи на 2 дена. Ме прегледаа еден куп доктори. Сега ќе одмарам дома, бебето е наместено за искачање, ептен е ниско, па штом реши да излезе, тоа е.
Некоја со искуство да пише со крварење на почеток на бременост...и во првата ми беше исто, сега пак..бев на преглед, нема одредена причина..сте имале нешто вакво? Утрогестан ми препишаа и совет да мирувам...што терапија ви имаат дадено?
Исто утрогестан ми препишаа, 2*200, ми зголемија магнезиум и да мирувам. После неколку дена се смири. Исто немаше одредена причина, најверојатно некоја застарена крв. После во 11та имав и тогаш беше од постелката што е блиску до цервиксот и знаела да направи такви нешто тој период, исто утрогестан вака и мирување и исто се смири за неколку дена. Иначе не знаев дека си бремена, баш ми е мило. Честиткии.
Фала мила, да си дочекаш второ бебе кога ти е желба Колку мг ти дозволија? Секој ден пиеше? За првата беше дека ниско ја носев па и мало хематомче, сеа ништо од тоа, само некоја крв се појави, од памет се извадив. За колку дена ако памтиш, отприлика се среди крварењето?
Магнезиум 800мг ми рекоа секој ден, значи 2*400 сабајле и навечер пиев. Па максимум 5 дена дали ми траеше и тоа последните два веќе така кафенко бледо. И пиев магнезиум така цела бременост до 36та, Ќаев ми го прекина тогаш. Може истекол хаметомот па затоа не гледаат, сигурно не е страшно, не се грижи.
Ќе почнам и јас со магнезиумот. Се надевам ќе се повлече, ептен ми е стресно ова. Фала за утеха, баш ми значи
Обично вклучуваат и пролутекс инекции за поголема прогестеронска поддршка. Витамин Ц од 1000мг исто така. Мирувај, може да е хематом па да не го виделе на ехо, не знам колку рана бременост е, ако си ептен на почеток може да е од имплантацијата некоја заостаната крв. Исто така може и од цервикс да е, особено ако е розево како лигавица - не пикај до крај утрогестан.
Ме боцнаа вчера ама ми кажа докторката само со Утрогестанот да продолжам. 7ма недела сум. Почна кафено, па розево и на крај како свежа крв. Ќе внимавам со Утрогестанот, имаш право.
Да ти го споделам моето искуство, крварењето ми почна во 5та недела, ми дадоа вагиналети cyclogest. Ден два ми поминуваше, па пак се појавуваше. На почеток на 10та недела, ми ставија инекција дека сум Rh - (не знам дали ова беше поврзано со крварењето). Крварењето ми траеше некаде до 11 недела. Знам дека е стресно, секој втор ден се потресував кога ќе видев... после па малку 'отрпнав' и гледав само да не се менува бојата (ми беше кафеаво). Ти посакувам да се среди побрзо и да биде сè во ред
Јас ова го поминав, па затоа ми е уште толку стресно кај тебе баш траело. Минатата бременост на 2 пати ми се случи ама за 5 6 дена поминуваше. Еве денес и кај мене почна кафеавото, ама ќе си примам терапија. Фала нај
Утрогестанот можеа и да се пијат така? Зошто 2 пати треба да ги користам, а дека сеа ќе лежам со малава, тешко..и докторката рече као преку ден да пијам, ноќе вагинално.
Може и да се пијат да, само мене ми препорачаа исклучиво вагинално за да имале поголема апсорпција. Исто, преку уста знаеле да дадат повеќе несакани ефекти.
Јас крварев од 7ма до 10та недела, бев на три прегледи од кои на третиот видоа дека имам хематом. Ставав циклогест и мирував и го снема крварењето за среќа.. трпение и мирување ќе помине.
Јас ептен сум загрижена...носам улошка, си тече повремено како добиено мн ми е страв...дали и тебе вака ти беше? И јајнициве малку ко да ме наболуваат така суптилно..
Те прочитав и прееска за црвената крв, кога е црвено, ако не е најлошото, најчесто е хематом во прашање. Имаше ли преглед после крварење со црвена крв? Имаш ли можност да отидеш на приватно на преглед каде што има подобро ехо (матичните обично немаат мн добри еха).
Вчера отидов во Систина, ме видоа, кажав и за свежата крв, покажав и улошката. Прашав причина, рече докторката знаело да се појави и не гледа некоја посебна причина. Сè беше чисто, ок јајници и матка. Го виде и плодот, мереше. Баш рече нема хематом. Ми кажа ако продолжи вака, за недела дена пак на преглед. Сабајле почна кафено и пак се врати свежа крв. Човек раат да не е...