Имам мутации. Почнав со метилирана фолна и метил Б12 уште пред да забременам еве уште пијам. Сакам следниве денови да одам за димери и хемостаза, земав упат. Минатата бременост бев со клексани до крај, сеа не знам пак дали ќе треба.
Најверојатно ќе треба. Заради мутациите си примала клексани. Утре пробај да земеш упат, за побрзо да провериш.
Следен преглед ако повторно не се види хематом, барај да те видат со спекулум, има една незгодна ретка состојба, децидуален полип на цервикс, која може во бременост да јавува вакво крварење со црвена крв. Исто, погоре @Eho сподели битна работа, ако си Rh негативна крвна група а сопругот позитивна, нема зијан да се прими инекција анти Д имуноглобулин, без разлика што се работи за рана бременост.
Да земи побрзо среди го тој дел.. и мене од 4 недела крварење, а бев со мутации му викав на матичниот да почнам дека ми рекоа од старт треба он демек не сега од 6-7 недела.. и недела крварев и се смири и само со андол бев, и кај 6 та крај пак почнав да крварам и тоа беше мн голем хематом беше заматено цело ехо.. и му инсистиав за клексан и купив 5 приватно и почнав да ставам додека ми препишат. Од тогаш не прокраварив. Цела бременост примав клексани, после и по два на крајот дека имав екстремно високи ддмери во болница и 11000 стигнаа. Така да среди тоа да не си под стрес да е све заштитено. Мн се важни овие недели ако имаш мутации.
Јас немав постојано и беше темно кафена крв, баш во систина не ми го видоа хематомот туку во обична ординација.