На првиот вагинален ултразвук преглед на 6 GA, се жалев на болки во матка и јајници по што гинекологот ми препиша utrogestan 2x200 со мал сомнеж и претпазливост. Тогаш ми рече да дојдам за две недели. После прегледот 3-4 дена имав по некој кафеав исцедок, сепак решив да почекам. Сега, бев на вагинален ултразвук во вторникот. 8 GA, уредно, нема видлив хематом, цервикс затворен и одржлив, има срцева акција и се друго уредно. Се израдував многу. Гинекологот сепак ми рече да си продолжам со утрогестан и дека нема штета од него да си ја штити матката. Но вчера имав како поголем исцедок кафеав наеднаш измешан со утрогестанот. Тоа беше еднаш. Денес пак имам зголемен кафеав исцедок, веќе два пати на влошката. Дали е можно од прегледот? дали да се консултирам со лекар
Во 10 и 11 недела имав две епизоди на крварење ( не многу обилно ама прилично застрашувачки ми беше, посебно дека станува збор за прва бременост). Со второто крварење утврдено е дека станува за хематом (1,66 цм ), но на првиот скрининг докторот не спомна ништо за хематомот, него дека плацентата е ниско. Денес на бришење повторно како кафеав исцедок, некоја да сподели слично искуство. Денес сум 13 +5
Здраво, во 14 недела и 5 дена поради крварење од хематом и слаби болки отидов на итен преглед, каде ме прегледуваа под спекулум, вагинално и абдоменално ехо. Ми направија и преглед со рака односно прсти да проверат дали сум отворена. Се е во ред но јас моментално сум уплашена поради вагиналниот преглед со рака во скоро 15 недела бременост, се плашам да не се отвори грлото и да тргне на лошо поради тоа. Ако некоја трудница имала вакво искуство со ваков преглед во почетокот на второто тромесечие би ми значело да го сподели со мене. Благодарам.
Смири се, немој да се секираш, сигурно знаат што прават. На моја познаничка на секој преглед после трет месец и правеа преглед со рака, па се породи со терминско бебе. Верувам дека е различно прегледување од прегледувањето што го прават пред пораѓај. Ќе биде сè во ред, само смирено и со позитивни мисли, одмарај и чувај се колку што можеш
Ne se sekiraj, i jas imav krvarenje vo 4 i 5 mesec i mene taka me pregleduvaaa i posle na kraj zavrsiv carski ne se ni otvarav
Без гајле знаат што прават и прегледот со рака претпоставувам бил само колку да проверат дали има омекнување првично на грлото. Одмарај повеќе штом имаш хематом и без анализа на медицинскиот дел што си го тераат докторите. На тебе е да бидеш опуштена и да уживаш.
Ви благодарам многу, ќе се трудам да мислам позитивно и да верувам дека ќе биде се во ред. Ќе треба да ми направат серклаж поради скратено грло. Што треба да биде ќе биде, со Господ напред. Ви посакувам се најубаво