Крварење за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од elenileni, 29 март 2010.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.635
    Пол:
    Женски
    крварењето е нормално знаЧи поЧнал процесот за рагање на бебето ! Може и да трае до 8 дена . Така ни објасни сестрата ( каде што одам на гимнастика за бремени ) ИнаЧе ни објасни дека треба да се јавиме во болница кога ке се појават болки , ако се појави крварење (како во твојот слуЧај) иако не е сигурно дека во брзо време ке се породиш зашто нели може и до 8 дена да трае . Ти посакувам се најдобро да испадне :) ИнаЧе и мене ме Чека ова за неколку недели :tmi:
     
  2. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Фала ти Енца, мене мале ме зачуди што еве веке втор ден, а контракции уште не сум добила, а како што сум читала и слушала други искуства , од кога ке проквареле за два - три дена и се порагале, најчесто и побрзо.Не знаев дека и до 8 дена може да биде.Ти благодарам уште еднаш, со лесно да ти е порагајот, па да пишиш наскоро дека си станала мамичка.Поздрав
     
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    24.134
    ќе ве замолам за помош во врска со мојот прблем бидејќи многу сум збунета!
    Пред една недела правев тест за бременост и добив позитивен одговор, но линијата беше бледа! Направив уште два теста во текот на неделата кои исто така покажаа бледа линија, сепка линијата од последниот тест беше убедливо поизразена со што се уверив дека сум бремена!
    Денес бев на гинеколог, ме гледаше вагинално и ми кажа дека станува збор за рана бременост и дека нардниот пат кога ке одам на контрола ќе го имаме точниот одговор! Сепак ми кажа да си земам фолна киселина, да не кревам тешко, да внимавам на себе, исто што се очекува од секоја бремена жена!
    Она што ме збунува е тоа што јас сега прокрварив! Исто како да добивам менструација, чувствувам болки исти како оние кога треба да добијам! Збунета сум и не знам што да правам! Дали само лажно се израдував дека сум бремена, дали е возможно да имам три позитивни тестови а всушност да не сум бремена! Сум слуснала за крварење за време на бременост но само неколку кафејави капки! Во мојот случај јас крварам повеќе, речиси исто како да имам менструација!
    Ќе знае ли некој да ми каже дали ова е нормално и што всушност ми се случува!
    Ова ми е прва бременост и малку сум испаничена, и неискусна! Се надевам дека некој ќе ми одговори! Фала однапред! Поздрав!
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.968
    :D
    Охх душичка, истото ама потполно истиот случај го имав осетено и јас :( Ми каснеше 1 недела и знаев дека сум бремена бидејќи никогаш ми немаше каснето толку, направив тест покажа ептен бледа втора линија, се израдував, но и малку загрижена бев пошто не бев сигурна дали е навистина бременост. По 5 дена направив уште еден тест и покажа и тој втора линија, но сега поизразена и бев веќе 99% сигурна дека сум бремена. Наредниот ден се јавив да зкажам на гинеколог за потврди и ми закажа за 3 дена да одам пошто имаше гужва. Помина и тој ден нормално се, веќе наредниот ден кога станав од спиење, одам во тоалет и гледам кафеава крв, не јако, како секрет, ништо, не испанишив, си велам нормално е, се случува на секоја жена скоро. И така цел ден по малку си имав постојано кафеава крв, но без болки, ништо. Помина и тој ден. Наредниот ден истото, и едвај чекав да идам на гинеколог за да видам што се случува. Одам на лекар, ме гледа со вагинално ехо но не може да виде ништо, според последната менструација бев 6 недела, а не се гледаше ништо, ајде ми вели може да е рана бременост и з акрварењето ми вели штом е кафево не е страшно, да не е свежа крв тогаш треба да се плашам. Ми кажа да одам и на бхцг преку крв најточно да се види што и како и да дојдам после пак за да ме види пак на ехо. Ми препиша утрогестан орално да ги земам, ги земав истиот момент и почнав да ги пијам. Помина и тој ден, наредниот пак кафева крв :devil: веќе не знаев што да мислам...ептен збуннета...наредниот ден одам да ми земат крв и резултатот за 1 час ќе беше готов. Само што си одам дома се свиткувам од болки во стомак, менструални болки, исто како што добивам секој месец, такви болки. Одам во тоалет и крварам, исто како менструација, лелеееее не знаев што да правам, ајде да с есмирам малку, поминува некое време, доаѓа маж ми дома, ми ги донаса резултатите од крвта на која покажува бременост во 5 недела :o :tmi: се јавувам одма на лекарот и му кажувам што ми се случува, му ги кажувам резулт.од крвта и ми вели ништо, тоа ти е менструација, а и резулт.не се совпаѓа со неделите, така да нека ти помине и после одма на контрола. Имав најнормално мензис 6 дена и после тоа одам на контрола, се беше во ред, амтка, ајјници се си беше како што треба, а за случајот мој ми вели екоја генетска грешка настанала и толку...сеуште не се разјасни што и како..... :( ;(
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    bidejki imam spontan pozadi mene bi ti preporacala vednas ama odma sega hitno na dezuren ginekolog po ova sto go pisa mislam deka ova se simtomi za spontam daj boze da ne sum vo pravo
     
  6. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    овоа ти е спонтан абортус и мораш под итно да идеш на лекар и он ке ти каже дали сама ке се исчистиш окако менс или треба да пиеш таблети ,ова му се деси на школска моја и зашо не иде на лекар на време доби продолжено крварење и потоа и дадоа тешки хормонси таблети капсули кругче затоа иди зашо со ова не се игра штетно е за тебе ,штом покажала црта и покрај тоа што е бледа рана бременост е ,ти посакувам се најдобро и во иднина се да ти биде во ред
     
  7. stefka30

    stefka30 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    истото го поминав и јас и знам дека е многу теско...и мене ми беше така пред две години ми каснеше една недела и отидов на гинеколг и ми потврди бременост,но за зал кратко траеше по два дена прокрварив и одам јас целата испаницена кај него и му казувам дека имам крваренје и докторот вика добро дојди да те видам на ехо и ме гледа вика немаш нисто се е во ред а јас знам дека имам по сто водов на тоалетната,ама пак го слусам докторот и ми даде витамини и кога се вратив дома поцнаа усте поголеми болки менструални и си имав нормално 4-5 дена и потоа отидов кај матичниот на контрола.а заборавив да казам дека ова беше на приватно.и еве поминаа две години а јас усте немам бебе ;( ....
     
  8. stefka30

    stefka30 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    и сакам да ги прашам дали некој има дојдено до решение од што може да се случува ова јас немам правено подетални испитуванја од ехо ,пап тестови и микробиолоски брисови и тие ми се во ред
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    При вакво крварење во бременост, каде доаѓа до спонтан, за секоја наредна планирана бременост треба порано да се започне со хормонска терапија.
    Дабростон се пијат некои 15дена (мислам) , од денот на овулацијата, доколку се потврди бременост се продолжува со друга терапија..
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    снегулче што се слуци со тебе??????
     
  12. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Крварење се јавува кај околу 20-30% од бремените жени. Иако не мора да значи дека се работи за опасност, сепак доколку сте бремени и приметите било какво крварење јавете се веднаш кај Вашиот лекар.
    Важно е да го следите крварењето: за колкава количина се работи и каква боја е (може да варира од розова, светло црвена, па се до темно кафена боја). Тоа на Вашиот лекар ќе му помогне во поставуавањето на правилната дијагноза.
    Крварењето може да се јави од повеќе причини, зависно од тоа во која фаза од бременоста се наоѓате.Инфекција на грлото на матката
    Можно е да се работи за некоја габична или бактериска инфекција.
    Исто така причина за крварење може да биде некој хематом и сл. Во бременоста цервиксот е поосетлив, па е можно да дојде до крварење после сексуални односи, земање на ПАП тест и др. Во секој случај задолжително јавете се на лекар. Додека имате крварење забранети се секслуални односи, користење на тампони и сл.
    Спонтан абортус
    Спонтаниот абортус обично се јавува во првите 12 седмици од бременоста. Запомнете дека ако се појави крварење не значи дека мора да се работи за абортус. Абортусот е придружен со следните знаци:
    Крварење, придружено со испаѓање на пареченца ткиво од вагината .
    Силни менструални грчеви.
    Повеќето абортуси не е можно да се спречат. Ако сте доживеале аборутус, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Абортусот често е начин на кој телото се справува со бременоста, кога веќе имало некаква ненормалност кај неа.
    Сепак уште еднаш ќе ви речам НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ Е ГИНЕКОЛОГ а ако имате можност би ви рекла ПРИВАТЕН :)
     
  13. stefka30

    stefka30 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    може ли само да ми појасните нешто во врска со спонтаниот дали мислите на она крваренје што се јавува како згустена крв или има и усте несто разлицно
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.503
    Девојќи јас денес прокрварив ;( ;( ;(
    Од последната менструација поминаа 5 дена а од нез. сек. одн. 4. |(
    Значи и за имплатација и за менструација е прерано
    И сега незнам како да си следам овулација, плодни денови итн... од почетокот на овој циклус?? (ако е циклус воопшто?!?)
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    24.134
    Благодарна сум на вашата грижа и совети, навистина ми беа потребни во тој момент! :*
    Направив како што ме советувавте, бев на гинеколог уште истата вечер и ми рекоа дека станува збор за спонтан абортус ;( ! Дури и не знам колку недели бев бремена, не можев ни да се израдувам, истиот ден кога ми потврдија бременост јас веднаш прокрварив! Но...така требало да биде!
    Ми рекоа дека има шанси да се ,,прочистам,, со самото крварење, а доколку се зголеми крварењето треба по итно да се јавам на гинеколог! За 6 дена ми закажаа повторна контрола и тогаш ќе знам што понатаму ќе следува!
    Она што најмногу ме интересира е колку време нема да смејам повторно да останам бремена, бидејќи бебче сакам од се срце и нестплива сум за да го имам!
    Ова ни беше прв обид за бебе, за жал неуспешен, се трудам да не се разочарувам но искрено, не ми е сеедно! :worried:
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    МНОГУ МИ Е ЖАЛ ШТО ТАКА ИСПАДНА НО ТОА Е ШТО Е ТАКА САКАЛ БОГ
    ЗА ВО ИДИНА НЕКАДЕ ПОСЛЕ 6 МЕСЕЦИ НАЈДОБРО КОГА КЕ БИДЕШ БРЕМЕНА БИДИ МНОГУ ВНИМАТЕЛНА И СЛЕДИ ГИ СИТЕ ПРОМЕНИ КАЈ ТЕБЕ ЗНАЧИ И 1 КАПКА ДА Е КРВ ВЕДНАШ НА БОЛНИЦА
     
  17. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски
    Учам медицинска струка и баш денес разговарав со професоркаа која е специјалист ... Жал ми е снегулче, се ќе се средит уживај ... Знаеш природата не е фер ... Таа на некои кои не заслужуваат и не сакаат дава ... Како ида е сигурна сум дека наскоро повеќе ќе се израдуваш, едноставно не требало да биде. :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. mrazulka

    mrazulka Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Jas sum vo 32 nedela,vo 28 nedela edna vecer mokrev na 1 minuta,malku pokrvarev,se uplasiv..............pocekav malku da se stabiliziram no pak prodolzi mokrenjeto i maloto krvarenje......ne sum vo Makedonija,momentalno sum vo Italija.......vednas otidovme na brza pomos....i mi ustanovija jaka infekcija na urinata........mi prepisaa edni tableti gi ispiv mi pomina,i taka....
     
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев тоа беше некаде околу 25 ноември Д.р Ивановски сеуште беше во Систина. Потоа Ме превзеде Др.Петровска И во текот на целата бременост контролите ги правам кај нејзе. Сега сум 40 недела и чекам секој момент да реши малото да излези.

    П.с. Многу касно одговарам, ама дури сега го забележав постот на Мај25.
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Значи навистина не ми е ништо јасно.
    Пред две недели ми се случи да имам кафено на секојдневната влошка, при преглед прво плацента, после хематом на постелка . Ок, лежев , па пред една недела на контрола се одлучи дека можам полека ,понормално да се движам низ дома, нема проблем.
    Денес (две недели од првиот симптом), мене повторно кафенко. Одиме на лекар, симптоми никакви за ништо нема, крв не се гледа на ехо никаде, ме советуваат брисеви да земам,да не е поради некоја инфекција, меѓутоа мене брисевите веќе ми се земени и се е негативно.
    Како превентива ми дадоа Дабростон 2х1 , магнезиум пијам днеевно над 650мг, увин чај и чај од брусница.
    Дали има некој како мојот случај??? Некој совет, искуство??