Немам фала богу обилно крварење, само како портокалов исцедок, со линии крв низ исцедокот. Се надевам дека ке се смири, мирувам сега ама цео време ме јаде мисла. Дали да побрам во аптека од тие вагиналети утогестран, како ли се викаат тука во Грција незнам...
Утрогестанот може да се употребуваат и орално и вагинално истите, во аптека таму ако немаат баш Утрогестан и ако не им е јасно што бараш, кажи им дека ти треба прогестеронска поддршка бидејќи имаш крварење во рана бременост, а доколку не ти даваат без рецепт, оди во некоја амбуланта и замоли доктор да ти напише рецепт.
Мамички многу сум загрижена сега дојдовме од гости, а претходно шетавме, значи неколку саати во движење и некомоција. И сега влегувам во тоалет и на гаќите гледам секрет, значи си потекло, и инаку имам, дел беше влажно дел веќе суво, но на тоа белузлаво имаше едно мало делче суво како кафено, темно црвено, значи многу малку една точка ама во таа боја го допрев со прст типичен секрет кога ќе се засуши. Многу се исплашив што може да е? Значи одма се избришав со тоалет нема ништо. Измокрив, пак се бришам нема ништо, но на гаќите имаше иако многуу малку. А не сум имала болки, денес така ми се стврдна стомакот неколкупати ама на кратко. Бебчето си мрда, еве и во моментов. Ве молам некоја нека ми каже, ако и се случило? Не знам што да мислам Ужасно се загрижив
Ne plasi se.Stom nemas sega nisto.Utre javi se kazi na Dr.Mozebi e od dvizenje mnogu.Nekogas preteruvame mnogu.Eve jas,se vidov poarna i odma setanje i se normalno ko prethodno pravev.Se skratilo grloto.Sega mi e strav da mrdnam a imam i bolki
И мене ми се деси пред некое време, цел ден бев во движење и вечерта бледо кафено на гаките, од памет се извадив. Др ми рече повеке одмарање, фала Богу не се повтори, не се секирај не е страшно но сепак утре јави си се на др.
Во Саботата беше роденденот на ќерка ми цел ден растрчана наваму-натаму, игротека, гости... Вчера бев на свадба и оп утрово кафеав исцедок Аманннн а немав исцедок од 12 недела, сега сум 19. Се напив утрогестан, ама не знам како ќе издржам на работа цел ден со страв. За 15 дена на одмор тргнуваме. И некој ќе ми каже бремена си уживај
@Вереничка ти го мереле цервиксот? Сигурно ќе се слушнеш со доктор сигурно е добро ете и кај други се јавувало од замор.
Женски, ми треба мислење од некоја со искуство... Дали при терапија со утрогестан на почеток од бременост (5-6 недели) е нормално да предизвика мало крварење? Онака како блед исцедок, ама константен додека трае терапијата. Не прашувам за себе, да не посмисли некоја
Да,јас сум ти пример за тоа,јас го имав тој исцедок до кај 10 та недела со утрогестан,мислев дека во секој момент ќе добијам
До 10та ја примаше терапијата? Значи сето тоа е нормално? Кај девојкава све било нормално се додека не и' кажал докторот да почне со утрогестан, и одма утредента почнал исцедокот, се извадила од памет. Отишла повторно и примила прогестеронска инекција. Искрено и јас се засекирав. А докторов е и мој матичен, многу му верувам.
Ох не мила,јас до кај 15-16 недела примав ради претходни два спонтани.Ако е се во ред и слушнале срцева акција нека не се секира и нека ги следи советите на докторот, кај многу трудници се јавува таков исцедок на почеток на бременост. Се надевам се ќе биде во ред
Не верувам дека крварењето и е од утрогестанот. Освен ако не иритирала при аплицирање. Или може и се покажало сега заради зголемен исцедок од утрогестанот. Иначе и тој е прогестеронска терапија и само може да и помогне. Јас за цело време додека имав крварење во прво тромесечие си бев на терпија 3*200 + прогестерон депо.
Фала на споделеното искуство Од третиот ден ставање веќе почнало крварењето, докторот рекол очекувана била реакцијата Ја боцнал со прогестерон, и после една недела изгледа пак треба да прими. Појма неам од овие работи, немам примано, и незнам ни како одредуваат кој ќе прими прогестеронска терапија...да не има поврзаност и со возраста? Девојкава е 35, прва бременост.
Па претпоставувам превентивно заради годините. Кај мене беше заради тоа што сум ин витро, а плус и крварењето кое го имав. Инаку јас утрогетанот уште го примам, само што ми падна дозата на 1*100мг. А прогестерон депо примав паралелно на 4, на 7 па на 10 дена некаде до 15 недела и тогаш го прекинав. Нека си го слуша докторот и ако може нека одмара некој ден, додека и се смири исцедокот.
Ви се случило ли после земање брисеви да ви се појави крв. Сабајле бев за брисеви дури сега се вратив дома и на гаките и тоалетот имав малку крв. Докторот ми рече од брисевите е не се секирај ама страв ме фати