Мене секогаш крв ми се покажуваше, цел ден по малку имав, ама утредента не. Не се секурај не е ништо, изми се со поладна вода и одмарај денеска
Мамички кај 12 саат како да прокрварев, како кафеав исцедок се јавив дирекно во болница ми рекоа дека чепот најверојатно паднал а 37+3 сум. Дојдов во ск, ми правеа цтг, ме гледаа на ехо и вагинално рекоа рано е за породување ама за секој случај ме оставија да седам во болница до 8 саат, да видат што ќе се случува. Многу се плашам, се надевам дека ќе биде се во ред.
Набрзо ќе си го гушкаш бебо.Само не знам зошто ти рекле дека е рано. Ти си влезена во 38 недела. Не е рано. Братучетка ми се породи во 37 точно, па ете внука ми е жива здрава.
Нема зошто да се плашиш храбра мама ќе бидеш. не знам зошто ти рекле да издржиш уште некој ден, 38ма недела бебе си е зрело и спремно. Само позитивно, ќе биде се супер.
Ако е паднат чепот, не мора да значи дека и одма ќе се породиш. Може после ден, два откако ти падне чепот, а може и после 2-3 недели. Немој да паничиш, штом си во болница ќе те следат, а и таман си веќе влезена во 9 месец, така да, нема потреба од страв. Се ќе биде во ред и како што треба, со добра мисла само. Со лесно и поздрав...
@barby Со лесно да ти мине пораѓајот, кога и да биде. И не заборавај да дишеш длабоко, да си ги олесниш болките. Те чекаме во Се породив..
Се ке биде во ред и денес да те породат, во таа недела се смета породување на време, бебе си е таман на развиено, не се секирај. Иако не значи дека денес ке се породиш. Исправно од нивна страна што те задржале,заради претпазливост.
Поздрав мешиња! Кога имавте крварење одевте и на работа?Мене ми заврши одморот и денес сум веќе на работа,во Сабота се вратив од Грција и право појдовме во болница, ме прегледаа на ехо и ми рекоа дека има мало одлепување, бебето е во ред ама мора да мирувам да не се прошири тоа одлепување, ми удрија инекција прогестрон и ми рекоа да продолжам да користам Утрогестан од 100 два пати дневно и да земам боледување.Некако страв ми е а и непријато да останам на боледување после одмор и денес дојдов на работа ама цело време ме јаде мисла и ме гриже совеста да не направам беља, бидејки патувам по 1 саат во 1 правец до работа и дома, а и колегите мои ке користат одмори во овој период и не сум паметна што да правам. Битно ми е бебето многу ама и зависам од работата.Како се справувате вие, одите ли на работа или стрикно мирувате.Јас се чуствувам генерално добро и крварењето ми е намалено, ми е зголемува ако се изморам или ако не спијам убаво.
Штом имаш одлепување мислам дека е најпаметно да лежиш дома. Во тие моменти е препорачано лежење и станување само до тоалет. Седењето па и пативањето по еден час во правец не е препорачливо
Наверојатно не е ништо, ама појди на дежурен да те видат. Ништо нема да е, ама ќе те смири доктор да ти каже дека се е во ред.
Vecherva pojdov vo toalet i zabelezhav na palomata bledo rozeva krv, kako koga ni zavrshuva menstruacijata. bremena sum 6 nedeli, zemav samo folna kiselina i mnogu se pazev... Sovet, mislenje.. Vi blagodaram
Ако имаш сеуште крв и на гаќи правец на дежурно да одиш.. ако нема ништо легни преспи и сабајле сепак одма на лекар. Може не е страшно, но за секој случај консултација со доктор, а и на те види на ехо. Јас имав така малку бледо розево на бришење само, на ехо бев океј но за секој случај ми дадоа да пијам дабростон. Секое добро, се ке биде во ред
Болки и сл имаш или не? И сеуште дали имаш таков исцедок? Мислам не е страшно, се случува на доста трудници.. но сепак не е лошо да те видат утре на ехо.
И кај мене од време на време на почетокот знаеше така да има розевкасто на тоалетна, некогаш пак кафеавкасто, ама се беше во ред на ехо. Тогаш докторот ми даде дабростон. Еве сега 27ма терам. Оди сабајле на ехо да ти е мирна душата и опушти се, немој да се плашиш