slabi bolki imam a iscedok seushte ne samo edna traga na tolaet.. Nishto od moeto bebe... denes bev na lekar go izgubiv vo 7 nedela...
[QUOTE="veljanoska2, post: 3467677, member: 119718"]Nishto od moeto bebe... denes bev na lekar go izgubiv vo 7 nedela... [/QUOTE] Многу ми е жал Знам колку ти е тешко, но така требало да биде. Остави нека помине малку време, закрепни, па Господ ќе ти подари друго Те гушкам многу силно
Здраво девојки имам едно прашање,вчера бев кај гинекологот што треба да ме пораѓа и ме провери вагинално се беше во ред но вечерта кога си појдов дома имав кафен исцедок на гајките да не знае од што може да биде тоа иначе сум 38+2 инаку примам терапија заради бактерија вагиналитети клиндамицин и маст герамицин
Претходно зборувавме за ова со феминките, нормално било при вагинален преглед да има кафено или крв. Кај некој поминува а кај некој започнува пораѓај со лесно
Да се чекирам на темава. Јас сум од оние кои постојано имат крварење во бременоста. По секое второ одење по веце по малку кафеаво. Вчера беше пообилно, пак кафеаво. На моменти како да сакаше да станува розево. Бев и на брза помош, ме упатија на геникологија. Не сакаа да ме видат на ехо, иако беше обилно. Денес бев на ехо/скрининг. 11 недела + 5 дена. Супер е. Плодот се развива. Има мало одлепување. Многу мало. Јас сум ивф и сум покриена со Утрогестан+ Прогестерон депо, така да ми препорачаа мирување. Можно е и од гасови што имав вчера, да не има случено размрдување. Како и да е, сакав да споделам искуство.
Само строго мирување и позитивна мисла. Јас имав таква ситуација во прво тромесечие. Кафеав исцедок повеќе од 3 недели. И некаде во средината на целата ситуација имав обилно прокрварување, па еве тераме 32 недела и нормално функционирам и одам на работа од 15 недела. Продолжи си да си го галиш мешко се ќе биде во ред.
И мене ми се случи истото, се поклопи со земањето на брисевите за микробиолошките испитувања. Си отидов утрото кај гинекологот да ги земи брисевите и заминав на работа, во 11 часот претпладнето ми потече крв по нозете. Горда сум сама на себе што ми текна да си ставам сукња и да земам резерва веш, марамици ова она, знаев од ПАП дека би требало да има исцедок, ама она крв течење.... Набрзина отидов во Плодност, ме боцнаа со инјекција со прогестерон и ми препишаа терапија со Утрогестан. Саботата утрото отидов во ВЦ и истече ненормално огромна количина на крв и ми шлапна нешто в шолја, мислев го испуштив бебето. Назад во Плодност, утврдивме дека бебето е ок и е заштитено во постилката, ама имам хематом во матката голем колку тупаница кој почна да се цеди па оттаму крварењето. Вчера бев на контрола, бебушот си мрда, хематомот се смали и веќе почна да се ресорбира. Докторката ми рече дека не е ништо страшно се случува. Се додека е кафеаво нема место за паника, да не е свежа крв само.
Супер @ЈеленаЏиш, баш ми е мило што сподели. Не секогаш крварењето е лош знак. Сепак дефинитивно Утрогестан + Прогестерон е превентива бр. 1. Честитки!! Само што те прочитав и јас сум 12та
Честитки и за тебе, врсници ќе ни бидат беблаците Во секој случај е страшно кога ќе видиш крв, мислам, паниката е огромна, но кога имаш добар доктор да те насочува, се е ок.
И јас правев , потоа двајца д-ри од Ремедика и Систина ми рекоа пап и хпв тип. не се прави во бременост. Мене сакаше матичен и на хпв да ме прати. Се покајав шо напраив, изедов куп нервози.
Ќе ми се испоразвика мене матичнава ако и одбијам или? да и речам не сакам пап тест Ајј ексик пари настрана 1000 денари ексик ама да не има после некоја компликација ми е страв
Е тоа незнам. Папот е релевантен ако се зема со гребење а тоа во бременост не смее. Земаат со меко стапче. Ти си одлучуваш дали ќе правиш или не неможе со сила. А кој ти е матичен?