Секое крварење носи опасност. Но чим само еднаш било ништо страшно Само позитивна мисла се ќе биде во ред
Пишав и во др.тема ама сега видов дека и овде можам..правев тест испадна позитивен..ама пошто ме фати викенд не се јавив одма на лекар..но овие два три дена имам болки долу во стомакот и забележав малку крв на хартијата, скрос бледо розева. И утрово имав малку. Бев на лекар и ми кажаа се е во ред и докторката не знае од што може да е крвта, вика нема никаква крв. Ми рече 8 недела сум. И сега се мислам како е во ред ако на неколку пати видов крв? Ваше мислење?
И на мене ми се случи истото само кај мене беше повеќе како кафеаво и ми кажа докторката дека нема ништо страшно дека сепак па си во друга состојба и за 3/4 дена како да го снемува
Терапија нешто не ти даде? Мене одма дабростон ми препишаа и кринон гел ставав. Цело време одмарав. Ако можеш оди и на второ мислење да видиш што ќе ти кажат.
Ништо не ми даде, рече дека се е во ред..денес во 3 пак ке идам до матичната да ми препише кои витамини и кои прегледи ми се за во иднина, па пак да видам и она што ке каже..
Јас со розево на бришење и две капки кафено си добив прогестерон депо на една недела дабростон сабајле и вечер а сега утрогестан вагинално а се беше во ред ама како превентива.. незнам зошто ништо не ти дале...барај второ мислење да се смиреш и мисли позитивно
Жени ве молам помош. Два пати после мокрење имам како благо крварење (розево) на хартија и малку на гаќите... Да одам до брза помош или нема простор за паника? Многу ми е страв. 5 недела сум...
Мене лично не ми се десило,имам читано и слушано дека на почетокот можно е да дојде до мало крвавење и е ок можеби првите 2 недели, нај сигурно ти е да си појдеш на лекар нај брзо што може.
Појди не чекај, и да не се види ништо на ехо сепак ќе добиеш мислење од доктор, понекогаш и во 5та недела може да се виде на ехо. Мој совет одма оди.
Со вагинално ехо сигорно може да се види нешто , јас во моите 3 бремености во 5 недела срцева реакција видов кај сите тројца . Така да нај сигорно ти е да појдеш на лекар , можеби за хематом некој се работи и мора терапија , башка и мирна да бидеш .
И ја во 5та недела имав розево,фала богу се е во ред ама за да бидеш мирна оди на дежурен да те видат. Ја бев 2пати така,отидов одма само ми ја зголемија дозата на дабрастон о депо на 5 дена наместо на 7.
Девојки во државна дојдовме, не гледаат плод само здебелен нз што.. Многу сум уплашена. Сега ми испитуваат бета. Не знам што да мислам, доцна овулација или стари апарати. ..
Здебелен ендометриум тоа е знак за добивање или за ептен рана бременост , по тестот преку крв нај сигорно за брзо ќе дознаеш на што си . Среќно се надевам ќе биде позитивно