Крварење за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од elenileni, 29 март 2010.

  1. antoanets

    antoanets Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Драги девојки,
    јас да ви кажам ве читам и се плашам. Е сега вчера ми потече кафено, а вечерта почна да ми тече црвена крв, како менструација. Со дечко ми имавме незаштитени односи. Сакам да ве прашам како би знаела дали се работи за спонтан или за обична менструација. Немам никакви сознанија дали воопшто сум (била) бремена. А се плашам многу. Еве уште ми тече црвена крв ама по малку. Дали е ок да се случува ваква менструација?
    Поздрав до сите и ви посакувам се најубаво.
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    149
    Прво прашање требаше да добиеш или не ако е време за менструација можеш да почекаш да заврши крварењето и да си напраиш тест за бременост за да си 100 % сигурна дали си останала трудна или не ова доаѓа во предвид ако немаш болки во стомакот и не тече многу крв , а ако не е време за менструација оди на лекар одма и таму ќе ти кажат дали е спонтан или не меѓутоа ако почекаш да заврши крварењето и отидеш на лекар малисе шансите да знаеш дали било спонтан или обичен мензис
     
  3. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Јас сум бремена 4 недели и денеска бев на гинеколог и по пат за таму почуствувам како да ми дојде менс.. Кога проверив таму видов дека имам крв на влошката. докторката ми мереше притисок и тој беше во ред. на ЕХО ме гледаше, плодно ќесе сеуште немаше, ми рече дека е нешто како лажен абортус.. Се појавува од односи,фарбање во раната бременост,кревање.. Јас пред да одам на гинеколог имавме однос со мажотми, а вчера се фарбав :/ јас незнаев дека тоа е штетно,незнаев дека толку лошо можи да влијае :(
    Ми препишаФорвита Фемме фолна киселина, Бедоксин од 20мг и УТРОГЕСТАН за вагинална употреба.. Ми рече од кревет да не станувам, не смеам да кревам буквално ништо, да не се напињам, по скали да не се качувам. И единствено станување од кревет да ми биди одењето во тоалет.
    Ова ми е прва бременост и ми е многу страв.. Денеска ми стави инекција, в среда треба пак да примам инекција, Инекции и рече дека ќе примам се додека не престани крварењето.. Ама доколку се појави ОБИЛНо крварење тогаш ништо не помага и ќе мора да ми даде упут за чистење... Имало некоја жена 21 инекција примила па сега родила здраво и право детенце, ама дала се од себе... Имало жени и со 3 инекции прекинувале да крвават, ама 10% немале среќа... и Добро било шо одма сум реагирала ии плодот сеуште не е развијан и можи да се излекува ова со ОДМОР!!
    Знам дека цигарите се нешто на шо најмалку треба да мислам, ама сакам да ми кажите дали можам да палам барем 2 до 3 цигари во денот. Ќе морам да бидам дома 24/7 и нервозна сум премногу, тажна ии што уште не.....
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Нема што ние да ти кажуваме дали да внесуваш отров во себе. Ти си сега одговорна за себе и за уште еден живот кој почнува да се развива во тебе.
    Ако сметаш дека треба да пушиш -пуши, ако сметаш дека нервозата ќе ти помогне за да го износиш детето-нервирај се.
    Моментално се зависи од тебе и твоите одлуки, а не е наше да кажеме што да правиш, докторката веќе ти кажала.
    И јас цела бременост ја излежав, па колку и да ми беше тешко и нервозно ,се трудев да си најдам занимација, филмови, книга, списанија, муабет на тел....
     
  5. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    не ми е мене проблем да не пушам, ама сепак ве прашав.. јас не пушам откако дознав дека сум бремена т.е 1 недела.
    а зошто лежеше ти цела бременост?? имаше и ти некаков проблем? :/
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    752
    Заљубена93, стварно треба многу да внимаваш и мнооооогу да мируваш. Буквално ќе си лежиш цел ден. И помалку нервози, и тие можат да му наштетат на бебето. Да те утешам, јас имав неколку крварења, поголемите ми беа во 9 и 12 недела, и прекинуваа со инекциите прогестерон. Нормално треба да помине некој ден за да престане крварењето. Уште истиот или следниот ден свежата крв мене ми престануваше, а после треба период за да се исчисти заостанатата крв,па тече како кафеаво.
    Јас сум Од 9 недела до сега (скоро 20) јас секоја недела примам инекција, и утрогестан секој ден по две од 200мг. Не си единствена со крварење, но секако неопходно е пазење.
    А за цигарите, незнам што да ти кажам. Моја другарка сега е 7-ми месец и од почеток пуши по две кутии дневно, што секако јас не го оправдувам воопшто. Но, ти ќе си одлучиш....
    Поздрав
     
  7. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    вчера ја примив првата инекција и од утрово па до сега на влошката имав само малку крв, парталчињата полека ги снемува.. Се надевам дека набрзо ќе престани крварењето. Болките денеска ги нема, ама крварењето сепак не е престанато скроз...
    За цигарите, праев муабет со моја тетка, таа со првото дете неможела да пуши бидејќи и се гаделе цигарите, а со второто пушела најмногу 5 цигари на ден. Затоа мислам дека секој за себе треба да одговара доколку недај боже цигарите некаде се одразнат.. :/
     
  8. Britny

    Britny Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ве молам за совет, јас според мене сум веке бремена 2 и пол недели, направив 2 теста излегоа позитивни, но проблемот е што веке една недела имам крварење, секој ден по еднаш, кафенкасто, многу ми е страв, а немам никакви болки,,,, :(
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.612
    Мораш, ама под итно на гинеколог, да се утврди причината за крварењето и да се стопира (најверојатно ќе добиеш прогестерон за зајакнување на ендометриумот и препорака за мирување).
    Како и да е, стручно лице мора да те види веднаш.
     
    На Britny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dria

    dria Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Mila ne cekaj vednas pojdi na ginekolog.I jas imavv iskustvo so krvarenje no vo 8 ned,primav progesteron inekcii na 5 dena,dobreston tableti 2 pati 1 i tokeferol tableti i obavezno miruvanje.odev samo do toalet i stanuvav za jadenje.Taka 2 nedeli a potoa se si bese vo red.Sepak moras vednas na pregled
    pozdrv
     
  11. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    85
    Мозе да напраVIш и сега тест јас кога поцнав да крварам направив тест и ми покажа позитивен ,нели викаш дека ти тече по малку крв,а мозе да е евентуално имплантација на јајце клетата,не ни каза треба или не треба да добиеш.
     
  12. Britny

    Britny Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    женски бев на гинеколог, на ехо ми кажа дека има нешто дека сум бремена, а потоа на резултатите од крв и мокрача испадна негативно ... помогнете, казете што да правааааам
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.612
    Докторот бе мила треба да ти каже што да правиш....ние нит сме стручни, нит можеме да си го дозволиме тој луксуз :(

    Што ти рече тој? Што се случило, што се случува, што понатаму????
     
  14. Britny

    Britny Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ми рече само да чекам :( уште една недела :((( а јас се надевав дека сумм и после два теста позитивни
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.612
    Тогаш мила не ти преостанува ништо друго освен да чекаш....се` што би напишале, се` што би прочитала би биле чисти претпоставки....знам дека ти е тешко и бараш одговори веднаш, ама знаеш како велат - Трпение - спасение, се` ќе биде како треба да биде :hug:
     
  16. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Женска ниту јас немав болки, ама имав крварење.. и ми рекоја да мирувам, мирував само првите 3 дена,после крварењето се намалуваше и јас си станував, седев пред компјутер, излегував во другата кујча во дворот.. примив уште една инекција.. И ко појдов после еднанедела од втората инекција, на ехо го бараше плодот го немаше, бил во десниот јајник. Веднаш ме прати да го проверам хормонот бета ха це ге и беше 2. после ме прати битола да лежам и да ме гледаат. Таму само што појдов ми зедоа крв ова она и сабаљето кога станав имав само 2,3 капки крв на влошката, и тоа беа последните капки крв, пак на ехо ме гледаа и ми рекоја дека појче нема ништо, ми рекоа дека сум во ред и можам да си одам дома.. ама за секој случај да направам пак тест, да ми земат крв од вена, бета ха це ге пак проверував и беше 0. Тоа значеше дека повеќе нема плод ниту во матката ниту во јајникот. Помнинав со лесно, без операции и инекции за чистење на плодот.. То е то.. Причината не ја знам која е за вонматеричната бременост.. Се помирив, се е во ред, само моли се, мене тоа многу ми помогна... СО СРЕЌАА!
     
  17. sandra.v

    sandra.v Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    здраводевојки!би ве замолила за помош!бремена сум веке 15 недели и пред извесно време ми се појавикафеав исцедок а сега забелезав и како малкуу да е накај розов!утре треба да одам пак на преглед!дали на некоја од вас и се слуцило тоа?немозам да издражам!пишете ве молам!поздравце до сите
     
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Voobicaeno takov iscedok se javuva vo prvite nedeli,a ti si veke 2-ro tromesecije.Dobro e sto utre imas zakazano na gin.bidejki sekoj iscedok ili krvarenje e pokazatel za nesto.Sepak ne grizi se,veruvam deka ne e nisto strasno.
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.504
    Јас девојќи сношти пред легнување забележав на тоалетната розови траги. испаничив нормално но беше мнгу касно. Предходно имавме сек.однос и мм ме успокои дека веројатно е од тоа. Одвај заспав.
    Сабајлинава немаше ништо... Бев на работа, потоа купував патики низ град и се вратив дома папсана, нозете, долниот дел од стомакот и кичмата ме утепуваа. Кога конечно стигнав дома: шок!
    Бело-розов исцедок на влошката :| -Си велам : тоа е тоа :doh: (одма помислив на најлошото)
    Веднаш се јавив на докторот и тој ме повика кај него.
    Во меѓувреме се утепав плачење, се истурив на мм (божем тој ме силуваше :fubar: ) ми се сруши цел свет одеднаш...
    По пат накај докторот ниту јас ниту мм не проговоревме ни збор.
    Уште на самиот влез во ординацијата, докторот не праша: секс да не имавте? Одговоривме потврдно. Тој рече дека е од тоа. :!: Маж ми не заборави да го потсети дека тој ни дозволи да имаме секс без внатрешна ејакулацила, на што докторот му врати : епа сега ќе заборавите! Барем до 16та недела! :worried:
    Ме погледна на ехо, виде од каде е крварењето. Најпосле рече: Бебето ви е одлично!
    Мм викна гласно Фалааа Богу! :) Јас ќе изрипав од креветон :clap:
    Примив инекција прогестерон, ми рече дека треба да примам уште две на секои 3 дена.
    Ми препиша вагиналети, некои апчиња и бета каротен од 1000 и.единици :?: Мене ми е сетоа тоа шпанско село, но веројатно е безбедна за плодот сета таа терапија штом тој ми ја препишува :wasntme:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.635
    Пол:
    Женски
    HeidiDiWalt истата ситуација ја имав и јас ... испаничена поради мал исцедок заминав на доктор со мм , со сто мисли во глава ... тогаш не ни бев осигурана си платив приватно 177евра ..
    ама се си беше во ред , тогаш бев 6 недела ..и за прв пат си го видов бебето мала точка :)
    и од тогаш од страв си се пазевме :whew:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.