утрогестан си ставив преѓе и вечер пак , не сакаше да ме прегледа не пак за инекција оти беа на пораѓај
Јас вчера бев на вагинално ехо се беше во ред со бебето, инаку сум 12 недела. Имав пред 2 недели кафеав исцедок и ми препишаа 3 пати дневно таблети Дабростон, но утрово кога одам во вц гледам во бришење пак има кафеав исцедок многу малку и сеа пак страв ме фаќа од што можи да е..Мислење?
Здраво, прв пат пишувам и многу се исплашив. Вчера бев на преглед не гледаше вагинални да му измери грло на матка и ехо се беше нормално ми рече супер си се развивс иначе сум 17+6 е денес попладне на бришење прокрварев поточно бледорозева крв, бев Одма на дежурен ме прегледа вагинални ми го напипа грлото рече затворено е на ехо рече бебето е ок е беше доста старо ехото и неможе детално да види ама глобала рече е ок може е од вчерашниот вагинален преглед ме боцнаа прогестерон и да мирувам, Многу се изнаплакав до сега немав никаков проблем се беше во ред а плус синојка се зачистив по дома па сега викано тоа да не е плус жужив се изедов
Почитувани членки, дали некоја од вас има искуство со полип на грлото на матката во тек на бременост? На мене ми е дијагностициран пред 3 недели, монентално сум крај на шести, почеток на седми... До пред една недела беше ок, кога пак почна да дава реакција (мала точка крв), Сега бидејки една недела лежам повеке дома и при најмало размрдување одма точка крв . Ве молам доколку некоја од вас имала вакво искуство да сподели за утеха
Как мене во првата бременост се јави како светло розев исцедок на почетокот кога дознав дека сум бремена (3та-4та недела). Докт ми кажа дека најверојатно од вгнездувањето на плодот. Не се сеќавам точно но се ми се чини докај 8ма недела имав така по некоја точка како портокалово, кремасто при бришење најчесто одсабајле инаку потоа си продолжив најнормално и користев утрогестан за секој случај од страв иако докт на секоја контрола ми викаше да го прекинам. Оди нека те видат, се надевам и кај тебе е истиот случај.
Здраво на сите,денеска мојата девојка имаше малце крв на гакичките,а бремена е 4 недела,скоро 5 недела,одма се јави на гинеколог и рекоа дрка е ок тоа и нормално.Имаме закажано на 27ми преглед,ама јас ептен се вознемирив :/ .
Најдобро да си појди на преглед. Можи ќе и дадат утрогестан за поддршка, сепак е бремена не е за така да остајш на случајност.
не требало да оди на раб.Сега е најбитно да одмара и да добие нешто за подршка на плодот..утрогестан на пример.
на боловање не може никој да ја избрка. Ако било малку крв може да е и хематом. Ако сеуште крвари и е баш крв...лекар одма.