Deneska proveriv krv beta hcg e 94,5, vo ponedelnikot bese 94, znaci nema pokacuvanjejas uste si krvaram kako koga sum so menstruacija...davajte sovet
Не можеш за секое крварење прогестерон да боцкаш. За џабе не даваат Утрогестан дури и до три пати да се пие ако се има крварење. И плус тоа ако има големи крварења утрогестан се користе орално. Прогестерон се боцка во исклучителни случаи, а не за секакво крварење. Докторите најдобро си знаат. Ама ако жената си пие утрогестан нема потреба од коментари Зошто не ти дале Прогестерон депо, и дополнително да ја исплашат.
Jas primav I utrogestan na pocetokot po tri posle po dve I na krajta do 37 ned po edno a progesteron depo primav preku den na pocetokot posle po dve ned I do 25 ned po edna nedelno
Јас лично во ниеден момент не кажав дали требало или не требало да прими прогестерон депо, само сакав да ти појаснаж дека постои разлика во дејството на утрогестан и на депо иако и двата лека се прогестерон. Но кога веќе ме прозва, сакаш да кажеш дека при обилни крварења може 3 пати да се користи Утрогестан, ама нема потреба од инекција? Воопшто не се согласувам. При првата бременост прокрварев малку, примив депо и одма ми се смири крварењето. Вторава бременост прокрварев малку, не ме боцнаа и утредента прокрварев обилно, како добиено. Одма ме боцнаа, до вечерта ми се смири крварењето. И двете бремености од сам почеток користев утрогестан редовно, но сепак се појави крварење. Утрогестан користи секоја трудница, како поддршка, па по потреба и зголемена доза доколку постои ризик. Меѓутоа при крварења, особено пообилни, според мене, треба да се прима прогестерон депо, барем додека не помине опасноста. Исто така, иако редовно ставав утрогестан, во првата бременост ми се направи фанелинг на цервиксот. Инекција на 4 дена и се среди за 3 недели. Оваа бременост, повторно при редовна употреба на утрогестан, ми се скрати цервиксот. 3 пати на ден ставав утрогестан и примав плус прогестерон депо. Некогаш само утрогестан не е доволно, во претходниот коментар објаснив зошто. И многу е подобро и посигурно веднаш да се реагира со инекција, од која што нема никаква штета освен болки во задникот, а има голема корист, поголема од утрогестанот. Сепак не сум доктор ниту медицинско лице и кажувам мое мислење од мое лично искуство.
Знам дека твојот коментар не беше за мене. Воопшто немав лоша намера, напротив мислењето беше целосно добронамерно. Само сакав да ти кажам дека иако станува збор за прогестерон и во двата лека, сепак немаат исто дејство. Ни другите членки немаа лоша намера, повеќето од нив имале крварење и знаат која терапија ја примиле, па дадоа добронамерен совет. Како и да е, кажав мое мислење и образложив зошто од лично искуство. Ако се почувствува прозвана или навредена на било кој начин извини, немав таква намера.
Девојки помагајте!!! 33 та недела сум. Сабајлево кога станав да одам во wc на паломата имав една голема капка свежо- црвена крв. До сега немав никакви потешкотии ниту крварења. Сега требаше да одам на работа, ама не отидов, чекам докторот да отвори па да му се јавам. Што мислите од што би можело да е крварењто и дали би можело да биде ризично?
Јас би те советувала да појдиш право кај тој/таа што ти ја следи бременоста или ако веќе имаш закажано доктор за пораѓање.
Бев и испадна дека за џабе сум испаничила. Тоа најверојатно била крв од надворешен хемороид, кој иствари го проверив и не ми изгледаше дека би можело да е од него.
Бев кај докторот, убаво ме провери и се беше во ред. Никакви траги од крв. Најверојатно била капка од хемороид кој го спечалив во бременоста.
Јас од 12 недела имам повремено кафен исцедок , докторот ми рече не е страшно тоа е стара крв доаѓа од матката, само да не се изморувам мн да одмарам. Не ми даде никаква терапија да примам само примив анти д за крвната група. Рече има жени што крварат цела бременост. Се додека е се како што треба и плодот добро се развива не се секирал
Се беше ок, ми прекина крварењето тогаш (во 11 недела). Сега сум 20та недела и вчера пак ми се појави кафен исцедок (така некако воденкаст). Денес ќе одам на инекција Прогестерон и Дабростон пијам сеуште.
И јас да го кажам моето искуство па можеби ќе му користи на некого . Со првата бременост уште пред да се утврди бременост докторката ми даде вагиналети утрогестан и после неколку дена почна кафеав исцедок дури и парчиња некои ситни црни како засирена крв, после 3 недели се откри срцева акција али за жал испаднало мисед абортус...после 4 месеци пак останав бремена и пак исто ми дадоа утрогестан да ставам и после недела дена пак кафеав исцедок и траеше 7 дена се додека не отидов на гак, на гак ми кажаа а да пробаш да ги пиеш 2х1 и после све се смири...најверојатно исцедокот бил од што сум ги ставала вагиналетите веројатно во ваков период е по осетлива вагината и цервиксот бидејќи крварењето не беше од плодот и матката ...А и некои жени цела бременост го имаат исцедокот и пак раѓаат здрави прави деца
Здраво, бремена сум 6та недела, имам кафеав исцедок веќе десетина дена, утре треба да ставам трета прогестерон инекција. Во меѓувреме користам и Утрогестан 200, едно наутро и едно навечер. Од денес осеќам како менструални болки во долниот дел на стомакот и се смени бојата на исцедокот накај црвено. Цело време ме фаќаат паники, а утре сум повторно на преглед.