Здраво мамички, ве молам за совет, мислење.... Бремена сум 6 недели, вчера бев на доктор, ми кажа дека се е вред, слушнав срценцето... Но синоќа, кога бев во вц, едно 5-6 капки крв, ко помешано со кафено на хартија... Сабајле се консултирав со докторката, рече пошто веќе нема крварење, болки никави, да ставам само вагинално утрогестон и дека нема потреба од преглед... Денес пред спиење требаше да ставам првата вагиналетка... А сега пак истата сличка со траги од крв на тоалетна... Дали е сериозно, пошто докторкава не го гледа како такво...
Стави вагиналетка? Како што те разбрав си пишала требаше да ја ставиш првата... стави ја и легни си, одмарај, утрогестон се добри, мене ми помогнаа, уште истиот ден
Да ставив, се надевам дека ке биде подобро од тоа... А со оглед на тоа дека веќе слушнав срцева реакција, дали ова крварењево, може да биде симптом дека нешто не е веќе в ред со бебето... Сакам да кажам, пошто докторкава рече нема потреба од преглед.. Се плашам дали е се в ред со бебуш
Не се плаши, се’ е во ред со бебето. Се случува кафен исцедок, го имав и јас во два наврати на почетокот, само што слушнав срце. Се додека е кафен и оскуден, во ред е. Мене ми нагласи докторката да го пијам утрогестанот, не да го ставам вагинално, за да не го иритирам грлото на матката непотребно при ставање. Ефектот е ист без разлика дали орално или вагинално го користиш, така ми објасни. Се’ ќе биде во ред
Може и од прегледот да ти е крварењето, мене кога ми земаа брис во бременост, се случуваше после тоа да имам по некоја капка крв.
Примај ја терапијата, има многу случаеви кои на почеток на бременост имале кафеав исцедок (меѓу нив сум и јас) па се завршило добро. Не се дроби оти ќе си направиш полошо, прво тромесечје е најкритичен период затоа не мисли на лошо, за да си помирна оти пак нека те види
Мила мој совет ти е да појдеш во систина на дежурен ќе те боцнат прогестерон и би требало да помине.Јас не би чекала да стане поголемо крвавење....Советов ти го давам од лично искуство...Секое добро
Истото ми се случи во 6та и во 7ма,ништо не ми препишаа пошто не било страшно додека е кафеаво и малку. Од тогаш си пијам ц витамин и не се преморувам. Можам да замислам како ти е, јас не знаев кај се наоѓам кога ми се случи. Ама ете, ништо страшно
После два дена утрогестан по два пати на ден, една инекција прогестерон, консултација со докторката ( која пак рече нема потреба од ехо), сега на хартија избришав мали парчиња темна крв... Што сега да правам
Не знам зошто е крварењето во бременост, јас до 13 недела два пати прокрварев, ама обилно а вториот пат со огромни парчиња засирена крв, ама на ехо се беше добро и ги износив близнаците до крај без проблеми ниту по нив, ниту по мене. Овој пат касно дознавам за бременоста, не користев утрогестан и малку се плашам од претходното искуство со крварење. Се надевам ќе не чува Господ и овој пат. Без претерани стресови и редовни контроли.
Утрово бев на контрола на ехо, кај друга докторка, кажа дека е добро, срцето го слушнавме... Господ сега нека помагаа...
Ако имаш можност, строго мирување станување само до ВЦ и користиги утрогестанот како што ти препишал докторот. Со лесно.
Женски 26+2 сум бремена со близнаци. Денес имав крварење нормална крв ни светла ни темна, бев на преглед докторот рече дека грлото на матката е супер затворено е, се е во ред со бебињата. Крварењето е од грлото ама не е страшно. Ми препиша вагиналети оти има малку мирис, Дабростон и пробиотик па се надеваме дека ке биде добро. Дали некоја имала вакво искуство?
Здраво феминки Пред 3 дена правев тест за бременост и ми покажа дека сум бремена. На пат сме со маж ми се враќаме вечер. На галите сега видов кафеава линија и ме боли кичмата. Ми е страв од спонтан. Што да превземам. Утре ќе се јавам кај докторот ама засега што? Цела сум во страв. Само една кафеава линија ништо друго засега
Не паничи, многу од нас имале кафен исцедок на почетокот. И јас не бев исклучок. Побарај во аптека Утрогестан таму кај што си, и напиј се (мене ме советуваше докторката да го пијам, не да го ставам вагинално при крварење). Тоа е за поддршка на бременоста, нема штета од него. Можеш и да се јавиш телефонски во Систина и да разговараш со дежурен гинеколог. Ќе објасниш дека си на пат, ќе ти каже совет. Мене советот за ваквиот исцедок ми беше Утрогестан од 200 мг.