Да природно. Фала душо се надевам нема да се повтори како претходниот пат. Овој пат нека добие моето срце братче или сестричка.
Се’ ќе биде во ред, ќе добие, позитивна мисла само и ништо друго И штеди се првиве три месеци максимално, многу е битно
Кафен исцедок е нормална појава во рана бременост и всушност е еден од симптомите на бременост. Секако да посетиш гинеколог најбрзо што можеш, ама за утеха да ти го кажам моето искуство: истото ми се случи последната бременост, розов, па кафен исцедок денот кога дознав, отприлика 11 дена по овулацијата, одма проверив прогестерон во крвта и ми беше 35 ng/ml, вредност која е добра дури и за втор триместер од бременоста. Знаев дека ако одам на гинеколог сигурно ќе ми дадеше Утрогестан, а според измерената вредност ќе беше тотално без потреба, па затоа прво мерев. Исцедокот траеше 3 дена и го снема. Мислам и се надевам дека не е ништо проблематично и сé ќе биде во ред и кај тебе.
Еее убави вести. Прво ,честитки ,мило ми е што сепак се одлучи И мене ми текнува имав кафеав исцедок само што направив тест. Испаничена се јавив н др.рече сиг.е од имплантацијата нешто, земав утрогестан и одмарав ,одма го снема.Кога имав спонтан беше друго,цел ден имав по малку на бришење. Ама позитивна мисла чуда прави. Тоа е најбитно. Со лесно,здми утрогестан и идмарај па потоа на гинеколог
Здраво девојки После висока бета, која правилно се дуплира, се уште не сум била на ехо преглед. Вчера имав светло розов исцедок, кој беше ептен малку, веднаш стана светло кафеав и брзо го снема. Денес утрово веке немам ништо. Му се јавив на матичниот, ми рече да одмарам, покриена сум со терапија и рано ми е за ехо преглед. Од клиниката кај што правев ин витро ми рекоа да го прекинам аспиринот. Инаку примав и аспирин и клексан. Какви се вашите искуства во ваков случај? На колку време го прекинувате аспиринот? Дали по прекинот на крварењето повторно почнувате да го пиете?
Јас го пиев аспиринот во комбинација со клексанот,но во 15 недела ми го прекинаа малку прокрварев,а со клексанот продолжив со еден а во 7 ми и со два.Потоа не ми го продолжија,так беше кај мене.Со лесно
И јас прокрварев во 5 та недела ,одма ми го прекинаа аспиринот и клексаните само што кај мене беше темно кафеаво измешано со кринон гелот,јас бев на ехо иако е рано докторот виде сакус од 7 мм . Е сега кринонот ми го заменија со утрогестан да го пијам оти ако има некакво крварење не се препорачува да се става вагинално,овие дена имам помалку темен исцедок но сепак имам . Понеделник сум на ехо ,без грижи...
Јас колку што знам и да се деси првиот месец не е страшно и се нарекува имплантациско крварење, тоа е кога плодот се вгнездува во матката. Прави како ти кажале и одмарај, а се друго прашај гинеколог обавезно.
Утрогестанот и јас го пиев два дена, но веке немам ништо, и пак почнав вагинално да ставам. Кога го пијам, тешко ми е некако на желудникот. Исто и јас аспиринот го прекинав, на за клексанот ми рекоа да продолжам да го ставам. Белки ке биде се во ред.
И јас се мислам за вагинално да ги ставам утрогестанот оти кога ги пијам многу имам вртоглавица неможам на нозе да стојам,а за клексаните нез така ми рече докторкава да ги прекинам иако сакам да испитам хемостаза и д димери па да видиме ,на ехо сум понеделник па ќе прашам
Да мила, правиме се што ке ни каже доктор, одмараме, покриени сме со терапија. Што е до нас сторено е, другото е во божји раце. И јас читав дека крварењата се чести во првите три месеци, посебно кај ин витро бременост.
Ако ги пиеш Утрогестанот, најдобро е пред спиење навечер да се пие. Гинекологот вака ме советуваше зошто го снижува притисокот бајаги, заради тоа и боли глава. Те цитирав тебе, ама советов ми е за сите што го пиете Утрогестанот
Тоа знам ама јас пијам по 3 апчиња на ден,само сега ми рекоа со повеќе течности и да издржам до прво ехо,после ќе менуваме нешто
Здраво девојки последен циклус ми беше 30 ноември плус овој месец правевме стимулација со кломифен и имаше околу 6 до 7 фоликули и кога дојде 26 ден од циклусот ми се појави кафено па потоа розево и докторката ме насочи на тест за бременост и него го направив на 28миот ден од циклусот и покажа две цртки од кој едната бледо розева но веке ова е 6ти ден од кога имам кафен исцедок со исклучок на овие последните три дена од вечерта имаше розево два дена и денес сеуште имам кафено. Инаку денес бев на ехо плус бета хцг правев бидејки докторката неможеше да го види плодот на ехото на ехото се покажа крварењето секако пробуваше докторката и лево и десно но неможеше да се види и сега за два дена повторно брта хцг и ехо. По деновите денеска требаше да добијам бидејки не добивав точно на 28 ден секогаш беше различно но најчесто беше на 30ден од циклусот. Инаку имам претходно два спонтани и една биохемиска и поради тоа сум покриена со терапија Дабростон, Аспирин, Клексан и Метил фолат. Девојки премногу сум исплашена ме знам што да мислам. Некоја со слично искуство а можеби исто дали би можела да ме насочи. И ова се моите референтни вредности на бета хцг. Ви благодарам однапред   Молам за совет и искуство
Обично викаат дека повеќето до 3ти месец имаат кафен исцедок нека не те плаши тоа,а и секако многу е рано да се види на ехо нешто одприлика 2 недели после тестот треба веќе да има нешто на ехо и ако бетата се дуплира се си е нормално само позитивна мисла и помалку стресови и лежи и одмарај чим си покриена со терапија
@Brpbrp Ти благодарам за убавите мисли и зборови. Со Господ напред се да биде добро живи, здрави, среќни, берикетни да бидеме сите . Се да помине во најдобар ред друго ништо и не посакувам во Новата 2020 Година. Убава вечер
Бетата ти одговара за четврта недела од бременост. Рано е сеуште да се види на ехо. Мислам дека над 3000 треба да е бета хцг, за да се види гестацијска врекичка на ехо.
Супер ти е бетата, јас кога имав биохемиска беше 70, ми рекоа се што е под 100 е лошо. Можеби е рано да се види кај тебе, кај мене во 6та недела се виде плод.