Здраво! Да Ве замолам за мала помош. Во 21ва недела имав спонтан после тоа имав биохемиска, а после тоа blighted ovum. Направени се испитувања од кои Докторот прв што ме водеше кажа се е во ред и со генетски мутации се, матичната изгубен случај ми вика што ти кажал тој доктор така прави. По консултација со други доктори ме советуваа наредна бременост или аспирин или клексани обавезно. Моментално сум 6та недела, немам слушнато срцева реакција сеуште. Докторот ми даде терапија и во терпијата имаше клексан и кардиопирин да почнам. Тој ден неможев да ги земам рецептите, наредниот ден јас више прокрварив така баш како циклус. Бев на дежурен кажа дека е во ред ме боцнаа прогестерон депо ми дадоа дабростон 3х1 и изклучиво мирување. Моментално имам кафен секрет крварењето за разлика како беше се смири. Да Ви кажам сонеж имам огромен дане прокрварев зашто не ги примив клексаните и кардиопиринот на време, односно кога беа дадени. А незнам дали смеам да ги примам сега или треба целосно да се смири состојбата со кафеното. Би замолила доколку некој има искуство нека сподели.
Бремена сим 6 недели. Вчера бев на преглед и ми рекоа дека се е ок. Кога се вратив почнав да крварам по малку темно црвено накај кафеаво. Во понеделник повторно ќе одам на преглед ама многу сум исплашена. Матичниот не работи за викенд дали да одам на гинекологија во државно?
Да одиш на гак, за вакви работи не се чека. Не се паничи, ама најверојатно ќе треба прогестеронска поддршка. Со лесно!
Здраво драги! Јас сум 9+4 прва бременост, близначка со ин витро. Д-димери имам 1000 и примам по 1 клексан, плус прог.депо ампула на 4 дена и утрогестан 2 навечер, 1 наутро. Денес прокрварев, ретка, темноцрвена(кафена) крв на бришење при мокрење. Веднаш отидов на ГАК и кажаа дека бебињата се добро и имаат срцева акција. Утрогестанот ми го заменија со ДАБРОСТОН(да ги пијам 3x1), а се сомневаат дека можеби ми се случило од клексанот. Не сум паметна дали утре да одам во ЊуБорн каде што правев ивф и да се консултирам за промена на терапија...Слични искуства во рана бременост?
Отиди за да си бидеш еаар Отиди секако види второ мислење, не оставај ништо на случајност. Јас во 20та недела прокрварев, на гак ми дадоа утогестан 2×1 и прогестерон депо 2 пати неделно, во меѓувреме испитав ддимери и ми воведоа клексан, меѓутоа после бев и во систина на консултација, таму ми го укинаа прогестерон депо, наводно бил контрадикторен со клексанот.. види ти во твојава ситуација што ќе ти кажат.
Би ти препорачала да си отидеш во Борн Мене од таму ми ја даваа терапијата до 13 недела од и ми рекоа ако има нешто да ни звонам За мирна глава јас би отишла
Јас прокрварев двапати за сега обилно еднаш во 6та еднаш во 7ма недела ,свежо црвена крв како 2 3 ден циклус дури и пообилно требаше време да се смири крварењето. Ја имав хематом и тоа доста голем. Најубаво е да си појдеш каде што ти го правеле инвитрото.
zdravo na site vo sabotata imav pozitiven test denes bev na pregled maticnata me pregleda vaginalno ama ne vide nisto i denes prokvarev dali nekoja od vas imala slicno iskustvo? Maticnata mi rece deka mozelo da stanuva zbor za vonmatericna bremenost posto ne se gleda bebeto beta hcg mi bese 200 ne znam sto da pravam mi prepisaa dabroston i vaginaleti utrogestan strav mi e da ne go izgubam..... ili mozebi e prerano da se vidi bremenost?
Со бета над 1500 се гледа на ехо. Не знам зошто самата докторка дошла до заклучок за вонматерична да си ја смениш под хитно. заборавив на крварењето : обилно е или ?
krvarenjeto ne e obilno samo koga se brisam so paloma i sega koga bev vo wc vidov malo parcence , duri mi rece sreda ke go povtorime bhcg za da vidime dali se razviva bebeto ili ne.. preplasena sum mnogu posle 3 ipol godini go cekam i na kraj da go izgubam ke mi bide mnogu tesko... imam i mali bolki
Само со бета ќе дознаеш за 2 дена повтори ја. И мисли позитивно плус си со терапија ќе биде се во ред
Ajde ne gubi nadez mila mnogu od zenite krvarat vo bremenosta pa ragaat zivi i zdravi deca mozda e implantacisko krvarenje
pa i jas toa si pomisliv deka mozebi e implantacisko posto imav ciklus na 24 dekemvri a denes sme 24 januar ciklusot mi bil sekogas od 27, 28, i 29 dena koga vidov deka na 30 den ne dobiv napravic test izleze pozitiven a sestrata tuka sto bese mnogu fina bese mi rece ne se sekiraj racuname sekogas od posledniot den od ciklusot fakticki ti denes trebalo da dobies... jas mislam deka e implantacisko pa ke vidam vo sreda...
Премногу рано си отишла на ехо. Пример ако ти касни 4 дена и имаш позитивен тест си 4 недели бремена, а за на ехо да се види бременоста треба да си минимум 5-6та недела, а за срцева акција некогаш и во 7ма прв пат се гледа. Од прв ден на последниот циклус се рачунаат неделите. Покриена си со терапија, мирувај, и повтори ја бета за некој ден.
Јас прокрварив обилно во 4ти месец од хематом па ене го 5 години има. Рано е, а болките како менструални се нормални зашто матка допрва ќе расте. Одмарај максимално, обично и кога се фаќа плодот знае да дојде до крварење, или па и има жени трудни се, не знаат а добиваат (вака некое сиромашно чистење) првиот месец по останување бремена. Со лесно и не се паничи беспотребно.
Јас бев до 4ти месец со крварење и после тоа сопре. И на 28 дена добивав али баш добивање. Тоа што некои жени се чудат како сум трудна, а добивам. Штом ти е таа дата значи си имала циклус и плус си бремена. Ако си се тестирала во сабота треба барем 2 недели после тестот да одиш на преглед, со терапија секако си покриена. Јас со 1400бета никој ништо не можеше да види. Лежи и мирувај периодов.
Прво не се паничи дека е вонматерична мене со тоа вонматееична од памет ме извади матичната, истиот случај го имав и ја пред 2 години, позитивен тест за бременост бета хцг ниско и прокрварев, на ехо немаше ништо, испитував повторно бета, се качуваше но не доволно не се дуплираше како што треба, почекав, исто како тебе ми даде утрогестан ставав, бев и во систина на второ мислење исто докторот неможеше да види ништо на ехо, бетата не доволно висока и му кажав дека матичната ми спомна за вонматерична, ми се изнасмеа докторот и ми вика и да е вонматерична ќе се види на ехо во јајник во туби кај и да е, направив уште една бета на негово барање веќе беше почната да опаѓа и ми даде дијагноза биохемиска бременост, ми ги прекина вагиналетите кај и да е ми вика ќе почне да си тече менструална крв така да оди дома и не се секирај. Нема потреба од пауза во baby making процесот, можете да си работите на случајот од прекинување на крварењето и така беше. Кај мене така заврши, меѓутоа испитувај бета, ако треба оди и на второ мислење. Моментално ја сум 17 недела и оваа бременост после тестот одма бев на преглед неможеше да види ништо, а и ми рече многу рано идеш нема да можам да видам ништо. Ја прашав дали да испитам бета хцг, не ми рече, рано е. Наредното ехо го направив за 1 недела тогаш се виде точкичка и ми објасни дека е рана бременост која поради тоа што немам редовни циклуси овулацијата може да била подоцна, испитав бета хцг беше добро и ми утврди бременост. Не се плаши, само чекор по чекор. Ти ја посакувам целата среќа да се покаже точкичката на ехо и да расте бетата. Да напоменам и оваа бременост прокрварив доста обилно 2 пати првите недели, поради хематом кој на прва не можеа да го видат и незнаеа од каде е.
Прерано е да се види на ехо, треба да е бетата на 1500 за да се види нешто. Пробај да се смириш, земај си ја терапијата и строго мирување, станување само за до вц. Сега ништо друго не можеш да направиш, за 2 дена ке испиташ бета и ке видиш точно на што си. Сега скоро матичната ми објаснуваше дека матката е полна со крвни садови и за време кога настанува бременост многу лесно може да се повреди некој и да дојде до крварење и не секогаш значи дека ке заврши лошо. Јас во првата бременост обилно прокрварев одма после позитивен тест добив терапија и препорака строго мирување и се заврши добро на крај. Испадна дека имам хематам кој не му наштети на бебето
da se nadevam na dobro... ama golem e stresot namesto ovoj period da uzivam sega si imam stres ama daj boze sve dobro da pomine... vaka gledam kako da e pomalo krvarenjeto kako da se smiruva od terapijata.