8+1 сум од сабајле благи менструални болки имам, и розов исцедок на бришење, од памет се извадив.Користам утрогестан по 1 навечер, сега сум на работа, ама се испаничив ептен. Незнам што да правам, на работа немам кажано сеуште и несакам да кажам.
Па мислам треба да кажеш и да отидеш дома, мора да мируваш и да лежиш барем некое време, штом си забележала такво нешто.
Проблем е што ми истекува договорот овој месец, во Март треба да ми го продолжат и да ми ја качат платата, ако им кажам можат да ми го прекинат, не се ич толерантни во однос на одслуства и боледувања. Сакав да им кажам негде средина на Март ли Април дури,во канцеларија работам, седам цело време.Од ова се плашев искрено, може и стресот допринесува плус за исцедокот.
Отвори си патолошка па со Господ напред ако те остават остават ако не,ќе имаш време да си бараш друга Ова за да не те избркаат.Другарка моја вака изигра. Сепак не е за занемарување исцедокот сега кога ќе отидеш на лекар ќе ти даде совет за мирување и боледување
Мене уште одма ми рече матичната да седам на патолошка ама проблемот е што неможам да издржам психички дома.Лани бев трудна седев на патолошка , мирував, и го загубив бебето пак на крај, уште тоа неможам да го надминам и неможам да се натерам себеси да се вратам на почеток, затоа сакам да идам на работа, ама ако почнам да крварам се чини дека ке намам избор.Поминувам многу чудна психолошка фаза во која се борам сама, само незнам како ке излезам на крај.Уште една загуба неможам ни да замислам, а од друга страна ептен неспремна ме фати ова,немам сила сеуште за нова борба а сум принудена да се борам.
Појди прво на преглед, па одлучете со матичната. Нема правило знам, ама ако нема избор тоа е . Чисто дадов предлог како да изиграш да не изгубиш работа Или ако можеш некој ден одмор па да продолжиш или боледување од општ матичен настинка или сл. да полежиш бар сега една недела ако треба….. Така нема да знаат дека си трудна
Здраво девојки. Денес имав буквално бледа капка крв на дневната улошка, на бришење немав ништо…се јавив кај матичната, ми препиша Утрогестан. Има ли место за паника? Сте имале ли вакво искуство со капка крв?
Повеќето од нас имавме на почеток, земи ги утрогестанот и одмарај повеќе, ако ти се случи пообилно или почесто појди на лекар.
İzvinete do koga moze da e implantaciskoto krvarenje do datata koja treba da NE se dobie ili i plus moze
Бев вчера кај матичната, ми рече се е ок со плодот, можно е да има траги крв од полип кој го имам во грлото на матката.Вчера се смири исцедокот, денес пак се појави. Ми го зголеми утрогестанот сабајле и вечер.ми рече може и да имлантациско крварење од самото вгнездување на плодот, се друго е уредно.
Пак почнав да крварам од вчера вечер, свежа крв како кончиња помешана со секрет. Примам утрогестан од 200 сабајле и вечер, болки грчеви некои значајни немам. Утре попладен сум на преглед, аман ова крварење да нема раат човек. Цело време мирувам, единствено што се возам до работа и назад по 1 час, седам цело време на раб, дома си лежам, не кревам ништо тешко, не вежбам, не чистам, не пешачам и пак, аман више.
11та недела сум и 3 ден. Повраќам по 3 пати најмалку на ден. Пред малку повраќав обилно и осетив некоја течност доле. Се соблеков и крв светло црвена, никакви болки ништо, повеќе немам крварење, ама не беше малку, ама не беше ни обилно нешто. Престрашена сум од најлошото. Не можам ни да се јавам кај гинекологот.
Отиди на лекар одма. Може не е ништо, ама барам да те видат на ехо, вака само ке се нервираш и ке го мислиш
Здраво женски, 28+3 сум, сабајле светло кафен исцадок ма тоалетната, потоа уше еднаш коа бев пп вц, и сега ништо нема, најнормално. Му се има на некој случено така?
Zdravo, spored poslednata menstruacija bi trebalo da sum 7ma nedela, spored goleminata na plodot 5ta, so ogled sto bhcg na denot koga mi izostana menzisot mi bese negativni, tuku posle 10 dena izleze 500. Sega mi e 3200 ne znam Dali e dovolno, a vcera imav kafeav iscedok, I deneska niska so krv menstrualna, ama I termin mi e za dobivanje.. Bev na kontrola abdominalno nisto ne se gleda, samo vaginalno.. iskustva
da ne e mn nisko postaven plodot jas taka koga bev za srceva akcija mn nisko mi beshe postaven skoro i ne se gledashe abdomenalno a i nz kolkava trebashe da e betata za da moze da se vidi neshto na eho