Последна менз. 15.09 2 теста бледо розе (т.е. позитивни) денес и вчера малку кафеаво на тоалет, термин за лекар ми е следната недела. Искуства,совети?
Najverojatno e implantacisko krvarenje sto e mnogu normalna pojava. samo da ne e sveza krv. Bez panika, ke bide se vo red.
7+1сум вчера бев на преглед се беше во ред само имав бледо кафеав исцедок ми даде добростон апчина, но денес имам потемно кафеав исцедок Дали има место за паника или сум заштитена со апчината?
Додека нема свежа крв и обилна не е за паника, може едноставно да се чистиш, ако имало проблем сигурно ќе виделе вчера
Не е страшно дур не е јака црвена, и да е можно е да е дур си се намести плодот. Јас имав свежа крв во 8ма недела и тоа беше. А темна, се чистиш, стара крв.
Ве молам за совет или ако има некој искуство со истава состојба? На 29.09.2022 направивме трансвер на два ембриони и од пред два дена или на 22 ден од трансвер бевме на контрола во Систина. Едното ембрионче е успешно и е 7.1 мм со што е потврдена бременост и се беше во ред. Сабајлево одам по мокрење и гледам две капки розева крв. На следното мокрење имаше малку повеке крв и мислам дека беше чиста крв. Отидов кај матичниот гинеколог и по преглед на вагинално ехо ми рече дека се гледа убаво еден сакус со пречник од 5.5мм и дека е рано да се каже што и како и дека нема крварење од него. И реков докторке пред 2 дена во Систина беше 7.1 а сега е 5.5 па ми рече дека таму има понови и подобри ехо апарати и останува се во божји раце и да се надеваме дека ке слушнеме срцева реакција . Инаку покриена сум со терапија клексан 04,пролутекс 25 мг,естрофем 3×1, утрогестан 200 3×1,метил фолат 1×1,метил фолат б12 и декортин 5 мг. Пролутекс 25 од денес 2×1 по консултација со докторот од Систина
Во однос на ехото навистина има врска и од апаратот и докторот. Јас на 6+4 бев на срцева акција на едно место и имаше срцева акција и соодветствуваше со неделите. После скоро 10 дена маричниот как него на постаро ехо ми го измери 6+3 (како да заосранува за 10 дена). После една недела на друго место со подобар апарат повторно си соодветствуваше со неделите. За крварењето лежи и мирувај. За сега имаш максимална терапија за подршка. Има шанси крварењето да е од другиот ембрион. И во двете бремености имав крваење баш во тој период. Имам синче од 5 години и сега терам 27 недела со втората.
На 24-ти ден од трансфер (на 6+0) имав мало крвавење, свежа крв истече. Веднаш отидов на преглед и ми рекоа дека количината не е страшна. Ме виде на ехо, внатре сè беше океј. Ми рече да мирувам за да се смири и за 1 недела на контрола да одам. Уште истиот ден веќе свежа црвена крв немаше, изгледаше како да станува накај кафеавкаст исцедок. Строго мирував, повеќе лежев и веќе ништо немам. И мене ми е слична терапијата како твојата. Кај мене е една бластоциста. Читав дека може и зголемена циркулација, зголемување на волуменот на крвта во телото да направи мало крвавење. Не е невообичаено нешто и не значи дека нешто лошо ќе се случи. Мирувај, лежи.
Po kalendar treba da sum nakaj 5 nedela.Ne otidov na pregled uste mi docni 8-9 dena.Sakav da pocekam deka e rano.Sabale imam menstrualni bolki i krvaram po malku na brisenje.Sto da pravam,lezam i imav doma progesteron utrogestan staviv edna tableta vaginalno.Prethodnata mi bese vonmatericna.Dali da fakam patot privatno uste denes?
Многу често се јавува крварење во рана бременост ама заради претходна историја оди на приватно или на ГАК на дежурен уште денес и после гледај максимално да одмараш. Може ќе те боцнат со прогестерон депо и ќе си мирна.
Многу ми е тешко и покрај што ја имав тешкотијата и психичката подготовка дека се ќе биде добро сега уште и ова ми фалеше..истот сценаријо ми се повторува од пред девет месеци вака ми беше и сега уште полошо мислам..Со првото дете исто имав крварење во шеста седма недела но потоа се стабилизира и добро помина бременоста..сега незнам луѓе ќе полудам.
Ќе помине и сега, ќе видиш сè ќе биде во најдобар ред, немој да се грижиш. Скоро секоја од нас го имала ова крварење во рана бременост и знам дека воопшто не е лесно и знам какви филмови ти се вртат во глава. Пробај да останеш смирена и оди на лекар што побрзо, ќе ти олесни така кога ќе знаеш дека си под надзор и под терапија. Со лесно и пиши што ќе направиш
Мене ми беше последна на 20. вчера малку на гаќите имав бледо кафеаво. и толку беше ни на бришење немав. пијам утрогестан. се мислам дали е можно да е имплантациско ама толку касно да е ме чуди, денеска сум 5+5.
Здраво девојки. Ми доцни веќе 11 дена, а со партнерот се обидуваме за бебе. На уринален тест веќе почна да се познава втора линија, секој нареден тест е се' повидлива, но на секои два три дена, јас имам мал исцедок на крв. На почеток мислев дека е имплантациско крваење, но невозможно е да трае 10 дена на секои два-три дена. Бев на гинеколог од што се испаничив, но докторот ми рече дека е многу рано и ништо уште не се гледа, па не ми препиша терапија. Дали некоја е запознаена од што ова се случува? Буквално само при бришење ми е розево на кај црвено и потоа се смирува
Vcera bev na pregled I se bese vo red. Denes kafeav iscedok. Imam hematom no ne raste, ne se Shiri. Ima li mesto za panika???
Заврши и мојата бременост со спонтан абортус на двата плода со преголем хематом кој ги повлече и двете бебчиња во 9+2 иако мирував буквално само до тоалет станував.Последните 3 дена лежев на оделение за да се прати состојбата и синоќа се деси најлошото.поради мало крварење ми беше прекинат клексанот од првиот ден на оделение значи 3 дена без клексан.Можно ли е поради прекин на клексанот да се случи тоа што се случи ве молам ако некој има некое искуство да сподели.Со бога напред до следното инвитро