Zdravo imam edno prasanje bremena sum 8ma nedela bev nastinata mi dadoja antibiotik amoksilkav 2 dena go piev i vcera na gakjete imav kako kafeav iscedok bev na ginekolog me gledase rece sve e dobro so bebeto sum imala samo malku krvaranje moze mporadi nastinatka ili anibiotik mi dade utrogestan vaginalno da stavam, no sega kogo bev vo toalet na brisenje imav povtorno malu kafeavo dali e normalno?
Nemoj da se plasis sto e od boga toa e !!! Baraj si vtoro mislenje od drug doktor pod hitno vo druga klinika za da ne dojde do nesakani posledici. Od moe iskustvo konsultiraj se hitno so dezuren lekar da se zastitis i ti i bebceto bidejki sekoe krvarenje so sveza krv e potencijalen spontan abortus.Dokolku nemozat da te vidat zemi si Utrogestan 3×1 i prolutex inekcii 25 mg 2 × 1 za da se zastitis samata sebe i bebceto. Ti ja posakuvam celata srekja na svetov i da ni pises dobri vesti Se izvinuvam sto pisuvam latinica
Утрогестанот може да се пие или да се става вагинално. Поголем дел го препорачуваат вагинално бидејќи има подобра абсорпција лекот. Во ред е да сакате да помогнете со совет, но да препишувате терапија и дозирање со Prolutex инекции не е во ред. За тоа се докторите. Доколку се сомнева во нивната стручност, треба да побара второ па и трето мислење.
Ако мислиш на Прогестерон депо, сама си купувам ампули, шприцеви и игли за мускулно. Една ампула е околу 90 денари.
Јас со мал апдејт од мојата ситуација. Крварењето ми прекина после 2-3 дена и на контролата се слушна и срцева реакција ма бепчето. Станувало збор за неправилен сакус, не е кружен туку е малку издолжен надолу, како крушка. Исто така не се наоѓа во центарот на матката туку прилепен на еден од ѕидовите. Уште ќе ја примам терапијата и ќе го следиме плодот во следните денови. Докторката рече дека е добро што плодот се развива меѓутоа мора да се следи за да се види што ќе се случува понатаму. Фала ви на сите за одвоеното време и одговорите ♥️
Еве од мене искуство можеби ќе те утеши.Првата бременост исто сакусот не беше округол туку издолжен како модар патлиџан некако форма.Се во ред си износев бременост.Оваа бременост во 6та недела на срцева реакција,плодот не во средина на матка туку прилепен во страничен горен десен дел од матката,покасно во 7ма,8 и 10та се јави мало крварење и исцедок,на ехо немаше никаков проблем ни објаснување од каде е тоа.Еве сум 16 полни недели 17 ја терам фала му на бога се е добро,никој повеќе не ми ни спомна за местоположбата а одев кај тројца доктори матичниот,Стомнаровска и Димчев.Уживај се ќе биде во ред
Да знаеш само колку ми помогна! Буквално веднаш се смирив во моментот кога те дочитав. Се надевам на позитивен резултат како кај тебе. Фала ти за споделеното искуство, ми значи премногу!
Здраво девојки! Бремена сум 12+6,пред две недели имав минимално крварење и ми ставија прогестерон и ми препишаа утрогедтан вагиналети.Од тогаш до денес примав уште 2 прогестерон инекции.Пред 3 дена ми се појави кафеав исцедок кој што матичната го истретира со Вагисан вагиналети,Добрестон кој што ги пијам,и прогестерон еднаш неделно..Дали е ситуацијава загрижувачка?Од синоќа почнав да осеќам благи болки во матката и околу папокот.Дали овие болки се нормални?
Zdravo i Chestitki za bremenosta Samo da ti kazam i jas imav slichen problem, sakusot ne beshe vo centarot na matkata i red drugi nepravilnosti imashe i eve go sega 2 i pol godini ima Za formata ne sum imala iskustvo. Pozz
Здраво. Направив тест за бременост испадна позитивен. Истиот ден прокрварев со кафена боја и малце црвено. Бев на гинеколог ми рече сеште е рано неможе ништо да се види ама имало нешто. Ми препиша терапија. Утре треба пак да појдам. А ова е сакана бременост и многу се плашам. Сакам навистина да биде се во ред. Може ли искуства? Или совет. Фала однапред
можеби станува збор за имплантациско крварење и е сосем нормално. се вгнездува плодот. и јас го имав. со среќа и со лесно
Јас имав исцедок кафеав некогаш и црвен до 13 недела некаде мислам(само за утеха). Мисли позитивно и се ке биде во ред. Ти пуштам среќа.
Не се секирај јас со терапија имав кафен исцедок до 3ти месец во 4ти прокрварев свежа крв уствари сум си добила бидејќи тој беше датум а немае никаков излив во матката и си истерав супер до 38ма недела. Без грижи. Само одмарај колку што можеш.
So sreka i so lesno samo progesteron primaj bocnete progesteron depo za da ne prokrvaris poveke sigurno veke i vi dale i utrogestan ili krinon gel so lesno
Фала на сите за убавите зборови. Денес си го изгубив бебчето. имам прејаки болки, докторката ми препиша терапија за да се исчисти се внатре. Ако не се среди со капките, ке мора киретажа. А мене ми е многу страв. Таман се израдував на бебчето одма го изгубив. За жал....
Zal mi e mila za tvojata zaguba sega pocekaj mozda ke se iscistes sama I posle toa so naredniot ciklus pocni so ispituvanjata
Здраво, бремена сум 31+1 денеска на бришење на хартијата имав многу мала точка крв, а потоа ништо друго, доколку има некој со вакво искуство да сподели. Прва бременост ми е и прв пат ми се случува ова многу сум загрижена