Здраво девојки, Благо е да се каже дека паничам, преплашена сум.. После цела година ипол обиди за бебче.. Минатиот месец имав оскудна менструација, буквално нецели два дена само прокрварев, останатите ги поминав само со кафен исцедок ептен малце.. бидејќи траеше 5 дена целиот мензис колку што ми трае секогаш, не се посомневав.. АМА месецов добив точно на време и на почетокот беше оскудно а после почнав да крварам свежа крв..и се беше ок се додека еве ме 8ми ден јас сеуште крварам и тоа ме натера да направам тест сега и испадна позитивен.. во пон имам закажано пап и ехо ама што до тогаш?? Незнам дали да се радувам или да плачам
Јас би отишла веднаш на дежурен,да се направи ехо и ако е се во ред и има бременост со срцева реакција ќе ти дадат прогестеронска поддршка и понатамошни насоки
Здраво, Дали имаш болки е најважно? Јас би ти рекла ако можеш матичната да ја контактираш и да и го кажеш случајот или доколку можеш да отидеш во болница, да те видат на ехо. Најдобро би било да испиташ бета хцг, но бидејќи е викенд не знам дали некој работи. Ти посакувам се да е во ред и да си ја носиш со лесно бременоста.
Se javiv na brza pomos za sovet me otkacija so "vo ponedelnik so maticniot gin ke napravite pregled i ke znaete na sto ste"
Душо, колку што знам јас лажно позитивен не може да биде, може да биде лажно негативен. Доколку грешам, нека ме поправи некој. Пиши ни, ќе те мислеме, со лесно и чекаме добра вест
Sega se vrakjam od GAK, mu objasniv na deckoto akuser kakva e situacijata i ladno mi rece "E dobro de, rana bremenost e" insistirav za pregled mi vika prerano e nema da se vidi na eho a beta se pravi nasabajle na gladno ama vo nedela ne pravele taka da ostanuva za pon.. na eho da sum odela za 10 dena od sega.. da pijam folna i magnezium dupla doza za bolkite.. Go prasav a sto e so krvarenjeto, mi rece taka ke bide dur ne se iscisti matkata... Sto mislite?
Јас искрено мислам дека можел да те виде на ехо, а и за крварењето можеле да ти стават прогестерон инекција... Не знам душо, тоа е за жал нашето здравство... Би те советувала, ако имаш јаки болки, да отидеш пак или во некоја приватна или во чаир. А бета, јас имам испитувано и поручек, никој ми нема кажано дека мора да е од сабајле...
Bukvalno go molev da me pregleda, odgovorot bese toj - nemalo nisto da se vidi na eho, rana bremenost bilo.. Toa sto me plasi e sto koga prasav za krvarenjeto mi rece ke trae dur ne se "iscisti" matkata.. :/
Истресол еден куп глупости, баш се изнервирав Бета на гладно се проверувало бе... Лаже дека недела не прават, јас во недела проверив на ГАК прва бета во првата бременост, упат ми даде дежурен доктор таму. Дур не се исчистела матката бе... Се напнав... Можел да ти каже бар да земеш Утрогестан за крвавењето или да те боцнат Депо.
Ne, celo vreme imam, osobeno koga mokram i na brisenje, sive 8 dena e sveza crvena krv na momenti so crni partali bukvalno Iskreno mislev deka e normalna menst i ne se ni nadevav na pozitiven test osobeno sto se macevme godina ipol i imav krenato race deka ke dobijam nekogas + test po priroden pat.. ama posto e veke 8mi prema 9ti den, slucajno preeska procitav na temava pa napraviv test i se zaprepastiv