Da odis na pregled, ke ti dadat sigurno utrogestan i progesteron depo inekcija…. Jas prokrvarev vo 6ta, vo 8ma i vo 24ta nedela, cela bremenost bev so utrogestani i samo progesteron depo me spasi…i sega si imam zivo i zdravo bebuvce…. Ti posakuvam se da e ok i da ni pises ubavi vesti
Ај и јас да се приклучам на темава. Пред неколку дена во 5,6 недела и јас имав овилно крварење. Ми дадоа прогестерон на 4 дена и дабростон. 4 ден после крварењето имам малку светло кафеаво. Ваше искуство?
Нормално е да има, полека да се повлекува. Важно е да мируваш додека помине целосно. Јас на 5+5 после прво ехо имав обилна сукрвица па ми зголемија утрогестан. На 6+4 од сон станав со обилно крварење за кое немаа објаснување ме боцнаа прогестерон депо и утрогестан 2х2 од 200, дури денес 7 недела полека се повлекува но сум на мирување и најдолго стоење по дома ми е 5 минути преку сила па 3 -4 ч лежење. Одмарај пиј терапија и дај боже да си биде се ок до крај со тебе и бебе
Ти благодарам, ме смири малку. Доживеав огромен стрес, не можам ни да спијам раат. Одмарам, на работа не идам , да видам како ќе биде ситуацијата
Здраво девојки, јас сум нова на форумов но ве читам цело време. Бремена сум 6та недела по менструација но пред 2 дена искрварив свежа крв, бев на лекар плодот се гледа само како една точка. Примам утрогестсн 3x1 и примив прогестерон депо и ми кажаја да мирувам. Крварењето престана но вчера испитав бета хцг и беше 138 што мислам дека е многу ниска за неделите.
Не мора да значи дека си 6та недела, по менструација не може баш секогаш да се пресмета точно. Провери си бета утре ако е дуплирана се е во ред. И јас имав многу ниска бета, исто свежа крв на почеток на бременост, ниската вредност на бета се воспостави дека сум фатила ептен рана бременост. Ти посакувам се да е како што треба.
Мами некоја будна ? Дали имавте болки после крварењето? Јас денеска посебно скоро на раб на издржливост,понеделник дури на контрола сум,во сабота последната прогестерон треба да ја примам. Незнам што да правам
Сега се јавив ништо само одмарај и аналгин да се напијам. Ај да се надевам дека така треба дека се е во ред. Ти благодарам
Dali e mozno posle prekinata terapija vo 9 nedela na progesteron: prolutex, crinone gel i estrofem da prekini srcevata reakcija na bebeto, spontan ama bez krvarejne?
Не, повеќе би рекла дека е лоша циркулација. Кога откажува срцето на бебето е missed abortion, а кога плодот испаѓа со крварење е спонтан. Прогестеронот помага во формирање на плацентата и да сопре крварење доколку го има.
Zdravo devojki, jas sum 23 nedela I nekoj den minatata nedela oskudno prokrvarev primiv progesteron depo I utrogestan 3 Po 1 I mi prekina posle TRI dena, ama eve Sega na brisenje epten malku Kako temno kafeno mi se pojavi I bas se ispaniciv inaku miruvam celo vreme, cerviks e dobar ne se znae pricinata, I'ma li nekoja clenka iskustvo sto da ocekuvam iskreno mn Se plasam
Можно е даимаш кафен исцедок тоа е крвта што останала што си прокрварела па сега ќе си излезе тоа. Ако е свежа крв повторно тогаш ќе одиш пак на доктор.
Mi padnat cudno deka DVa TRI dena nemase voopsto I sinoka Kako belo pranje izmesano so kafeno, mozebi se cisti daj boze da e taka jas sum epten golema panicarka pa krv nema vo mene
Тоа е ради депото кога боцкаат скроз се запира но секако во втор триместар е зголемен исцедокот па нормално е дека ќе излезе и таа преостаната стара крв
Se nadevam deka e taka iskreno mnogu sum isplasena mislam se pralizirav od strav I mnogu mi znacat ovije utesni zborovi ti blagodaram
4нед + 6 дена сум бремена, немам се уште прв преглед направено, ми се појави сега кафеава крв на бришење. И пишав на матичната да видам што ќе ме советува. Немам болки, не е ништо обилно. Наредните два пати одење во вц нема ништо. Значи само еднократно. Разлистав по темава гледам ова е нормално Ако продолжи или се влоши, каде се боцка прогестерон депо?