по најжешкото бев на преглед рече да го прекинам кардиопиринот дека од него може било тоа малку крв и дека димерите ми биле на самата граница да почнам да се буцкам со клексани ,дабростонот да го зголемам на 3х1 и прогестерон да се буцнам
Ќути, и јас денес во Државна бев, баш денес нај жешко даа, можно е да ти е од него. Послушај си ја докторката, ти дала терапија и гледај повеќе да одмараш.
Искрено матичната не мие од верба затоа утре ќе побарам второ мислење околу таа терапија за клексаните @deniz333 1658 ми се д димерите а границата било 1700 така да на граница сум ќе видам и утре што ќе кажат
Ne se mnogu visoki za kleksani da primas, mene vo 20 nedela mi Bea 2300 I pocnav so kleksani togas mi bese I skriningot kaj dimcev I mu gi kazav rezultatite negoviot odgovor bese toa ne e mnogu I ne ti trebaat kleksani I so drugi Dr istoto mi go kazaa nekako se podeleni mislenjata okolu toa, bas pobaraj vtoro mislenje kaj soliden Dr I bas kazi sto ke ti kaze
Sega gledam deka imalo tema za ova. 9 nedela sum a od vcera sum so krvarenje ama kafeavo, bebe dobro,srceva reakcija ima 2 pati provereno. Dabroston 2x1 pa od vcera i progesteron depo ednas nedelno da bockam. Premnogu mi e strav deka imav eden spontan a bebevo go cekav 1 godina. Nekoj dr sovet, nesto dr ispituvanja, nekoja dr terapija?
Покриена си со прогестеронска терапија мила , сега доколку не ти кажале ништо друго , единственото нешто што можеш да го направиш е да одмараш и лежиш колку што можеш повеќе. Доколку одиш на работа извади си боледување од матичен гинеколог . Не грижи се се ќе биде добро. Јас од 8ма недела до 16та бев со утрогестан и лежев . Сега пак ми дадоа од 29та па најверојатно до 35та недела ќе користам.
И јас прокрварев во 13 недела 2 нед.прогестерон на секој 4 ден па ми смали на една неделно,и + утрогестан земам едно навечер дабростон по 3,и магнезиум ми кажа по потреба да зголемам на 2 . Сега сум 17 + уште примам и одмарам ми продолжи боловање но имам и болки Сега поретки но напочеток една нед.ептен силни. Др. Вика одмор и се ке биде ок и најбитно без нервози,најмногу влијае тоа Со лесно душо
Мој совет е да се консултираш со трансфузиолог. Јас цела бременост бев со два клексани на ден, гинеколог викаше намали на еден, трансфузиолог викаше никако, мора два. Дури и на специјализантка кај него и објаснуваше зошто треба два. Димерите ми беа ок, некое време скратено, некое не… ми објасни и зошто мора до крај да се примаат, ама искрено толку бев испаничена во моментот што ништо не запамтив. Затоа, мој совет консултација со трансузиолог и слушај го него што ќе каже за таа терапија. Ти посакувам со лесно да си ја поминеш бременоста
Kaj nas trasfuziolog ne raboti so trudnici te prepraka kaj maticen ginekolog ,i toj odlucuva za terapija. Inaku bev na vtoro mislenje me vide i vaginalno rece deka cerviksot mie dobar za ova nedela ,rece imas minijaturen lakun ama epten e malo . Mi dade terapija utrogestan 2x1 ,kardiopirin 1x1, i progesteron inekcija za sigurnost bidejki mu kazav deka sakam da patuvam. Za 1 nedela da proveram D dimeri i hemostaza i da odam pak kaj nego. Sto se odnesuva do hemostazata za vreminjata i kaj mene bea skrateni i togas se bucav kleksani no poslednite rezultati ispadnaa vo red.
Нема друга терапија, таа е. До првото дете прокрварев така од хематом, ми го прекинаа утрогестанот и ми го заменија до Дабростон и прогестерон депо на 3 дена дур ми сопре крварењето. Строго лежење, само до вц и наза, така бев од 7ма до 10гн. После можев да се движам, тешко не кревав до сам крај. Со секоја бременост бев вака, со сите имав крварења и хематоми, терапијата е таа, од медицински аспект си покриена, ти го разбирам стравот, ама нема, тоа е, ќе лежиш, ќе мируваш.
Да ве прашам, гледам многу спомнувате хематоми... од што се створаат тие, убаво ли се гледаат на ехо, каква по боја е крвта од нив? Јас веќе една недела крварам кафеаво, посебно денес се зголеми исцедокот и е се потемно кафеаво. На два прегледа не ми спомнаа ништо околу хематом. Покриена сум со терапија и дабростон и утрогестан и депо... не мирувам ама гледам да не правам ништо нагло, ништо тешко. Матичната рече дека тоа е се што можеме и јас и таа да направиме.
Од што се прават не знам ама и јас имав и тоа пукнал али не крварев терапија примав дабростон во тој момент и тоа бев 11та недела мислам. Од предолго стоење на нозе ми се има направено хематомот, а знам дека и од кревање тешко може да се направи.
Немаат одговор на ова прашање. Но на ехо де гледаат и те како. И во ремедика за првата и третата бременост и во систина за оваа бременост ми рекоа да не ставам утрогестан вагинално при хематом (зошто, не знам) само прогестерон депо и Дабростон.
Хематом е внатрешно крварење излив на крв. Најчесто се појавуваат на почетокот. Мене ми објаснија дека е од самото ширење на матката и е нормално да се појави само без паника со умереност и терапија се доцедуваат и смируваат. Јас имав досега три бремености со хематом на почетокот. Првата неуспешна за жал, втората крварев на почетокот а подоцна од друга дијагноза но си истера до крај успешно. И сега оваа ми го виде хематомот на почетокот и ме предупреди да не испаничам ако има крв. Не се случи такво нешто си примав терапија превентивно еве сега сум на крај. Не си правете стресови беспотребно само следете си ја бременоста и слушајте си го телото. Ако треба одмор одмарајте.
Здраво девојки, вчера н навечер бев 4+6 и на бришење имав 3 капки кафеава крв. Од сабајле немам уште ништо. Страв ми е не знам како да реагирам, дека е сабота, дали веднаш веднаш да посетам некој дежурен гинеколог или да почекам до утре. Инаку да напоменам пред еден месец имав биохемиска и во Јануари спонтан и не земам ништо за подршка.
Почекај до утре и правец на гинеколог, да види точка во матка и да ти даде терапија за поддршка. Крварењето во мн рана бременост е нормално, се всадува плодот. Ако ептен ти е страв оди уште сега, само немој на ГАК, никако.
Здраво девојки. Бремена сум 4+6. Утрово имав бледо розево крварење. На гинеколог ќе одам дури впеток. Дали има простор за паника?