Здраво на сите, Ме интересира ваше мислење поради тоа што ми се деси нешто невообичаено.. Пред некој ден имав однос со мојот дечко незаштитен,од тогаш помина една недела но во меѓувреме имавме уште два три пати...значи точно една недела од нашиот незаштитен сексуален однос се напив малце повеќе и додека мокрев ми течеше крв.. наредниот ден се беше во ред .. но веќе недела дена постојано осеќам потреба за мокрење а мокрам многу малку.. ве молам за помош
Прво што ми текна е да пиеш увин чај ,но најдобро е отиди си на доктор и провери се за сигурно што е и како е па може ќе ти препише нешто.
па баш сега читав за уринарни инфекции и се препорачува исто антибиотици.. него каде може да го набавам тој урин чај и колку одприлика чини ?
А каде можам да го најдам тој чај ? и одприлика колку чини пошто како што читав треба мн работи да избегнувам и да внимавам на исхрана
девојко УВИН чај се вика не знам како не си случнала до сега. сегде можеш да го набавиш каде што се продава чај, го има во форма на гранули и во ќесички како нормален чај. купи си го ама појди и на лекар пошо и крв е во прашање. а антибиотици на своја рака за нешо шо не знаеш шо ти е - НЕ!
Крвта во урината можно е да е и поврзана со песок или камен во бубрезите , ама не секогаш а можно е да е инфекција , по тоа што го кажуваш дека малку мокриш а верувам дека ужасно те пече , имаш цистит , си настинала таму доле , ништо страшно , земи си Увин Чај , и стави на крпа алкохол и стави ја кај пределот на јајниците , преспиј една вечер така до утредента си како нова
Увин или камилица исто може. И треба да биде поконцентриран, и да се пие во големи количини, од една чаша не очекувај резултати. Сепак најдобро ти е да отидеш на обичен лекар, ќе ти каже најубаво.
не ме пече .. само што почесто ме тера да мокрам.. иначе крв само еднаш и тоа алкохол кога пиева слушнав дека додека имаш уринарна инфекција не смее да се пие алкохол.. како и да е фала ви многу на сите за помошта верувам дека набрзо ќе помине
бев ми кажаа да пијам по литар дневно увин чај или чај од боровница ... подобро ми е колку толку али пак не престанува
[/quote] бев ми кажаа да пијам по литар дневно увин чај или чај од боровница ... подобро ми е колку толку али пак не престанува[/quote] а ти земаа примерок од мокрача за микробиолошки? пошо такви работи треба да се лечат, може имаш обичен цистит а може нешто повеќе. не е заебанција
бев ми кажаа да пијам по литар дневно увин чај или чај од боровница ... подобро ми е колку толку али пак не престанува[/quote] а ти земаа примерок од мокрача за микробиолошки? пошо такви работи треба да се лечат, може имаш обичен цистит а може нешто повеќе. не е заебанција[/quote] Обичен цистит е
За уринарна инфекција се пие увин чај или чај од брусница, но чаевите се за ублажување на инфекции на мочните патишта, доколку не се лечи или пак има крв тоа е веќе некој проблем со бубрезите, во секој случај треба да се направи анализа на урина и доколку има бактерија да се пие антибиотик препорачан од доктор, исто така не е на одмет да се пие чај најмалку 3 пати дневно, но не треба да се смета дека само чајот ќе ја излечи инфекцијата до крај (ако е посериозна)
го имав истиот проблем немав крв ама имав инфекција и мокрев цело време по една капка. Пиев антибиотик палин за два дена ми помина