Здраво , сакам да прашам дали некој има било какава информација за крводарителската акција на 11ти т,е утре во Аеродром имаше плакат ама некој паметен го искинал па сеа незнам каде и кога...
Крв може да се дава и во било кое време, не мора да биде акциja Последниве две години, jac давам на секои 4 месеци во „Даре Џамбаз", ем правам добро дело, ем си правам добро и сама на себе затоа што се прочистува крвта и потоа многу убаво се чувстувам и физички и психички. Ви се одредува и крвната група ако не ja знаете, а добивате и мини здравствен преглед. Плус ако си вработен, добиваш два слободни дена
На 26ти јули во КИЦ има крводарителска акција од 9-17h по повод 54 години од Скопскиот земјотрес. Се надевам се гледаме во поголем број
На 26ти јули се одржува традиционална крводарителска акција во спомен на скопскиот земјотрес. Оваа година акцијата ќе се одржи во Музеј на град Скопје, од 9-17 часот. Дарувајќи крв, ги дарувате најскапоцените подароци, дарувате здравје и живот.
Итно е потребна крв Б+ за мало детенце. 078858140 Исто за детенце потребна е крвна група Б- 078589868.
Имаше постер во центар на вратата на АЕК за крводарителска акција во ноември, но не го запомнив точниот датум и локацијата. Па ако може некој да ми каже каде ќе биде, во колку часот и кој датум точно.
Ти најубаво кога ќе те носи пат тркни до трансфузиологија и кажи дека сакаш да даруваш крв. Таму имаат и преубави фотељи за тие што даруваат.