1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крводарителски акции

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Snow-Queen, 3 октомври 2013.

  1. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    upload_2020-6-14_15-43-58.png

    Според нивниот прашалник, најверојатно 1 година.
     
    На DevilGirl212, Ambitious и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Каде има крвидарителски акции периодов? И дали пирафи короната може на Клиника да се дарува?
     
  3. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Сакам да станам крводарител и со тоа да помогнам на многу луѓе кои им е потребно. Имам 18 год. така што до сега не сум дарувала крв. Дали може некој да ме упати во процесот и дали требаат некои документи или крвна слика? Инаку имам огромен страв од игли и боцкање, но сакам да го надминам. Ако може и некој совет за ова. :D Се извинувам ако не е соодветно за во оваа тема, ако има друга ваква тема ве молам упатете ме.
    Инаку да додадам дека од скоро пијам антидепресиви и би сакала да знам дали тоа има нешто врска.
     
    Последна измена: 18 јули 2020
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Нема ништо посебно однапред што треба да направиш. Кога ќе има крводарителската акција (порано и во средните школи одеа за оние кои се четврта година, јас така почнав) отиди и таму ќе ти објаснат се. Ти пополнуваат картонче а сега има и онлајн мислам документ со лични податоци и си во систем. За крвна слика, пред секое дарување има краток медицински преглед за притисок и ти зимаат капка крв од прст за да го проверат мислам железото ама не ме фаќај за збор. Пополнуваш пред секое дарување и прашалник и ако се е во ред, тоа е тоа.

    Не знам што подразбираш под огромен страв. Мене како мала исто ми беше страв, бегав од вакцинирање ама некако со крводарувањето никогаш не ми беше проблем. Не се најпријатните 10-15 минути на светот ама од моето искуство медицинските лица се прекрасни. Секогаш има пријатна атмосфера, ти прават муабет, сосема се опушташ. Јас би ти рекла само немој да гледаш кога ќе те боцкаат и кога ќе ја вадат иглата, или воопшто не гледај кон боцнатата рака. Некои луѓе ги фаќа паника. Секако ќе знаат дека ти е прв пат и сигурна сум дека ќе направат да ти биде пријатно.

    За антидепресивите, на почекот кога го пополнуваш прашалникот има прашање за дали примат некоја терапија. Кажи им, и точно кој лек и ќе ти кажат дали има или нема проблем. Јас еден период пиев лекови за алергија и за инсулин, ми рекоа со нив не е проблем зашто секако се филтрира крвта и нема никакво влијание. Ама прашај, ова е специфично.

    Не е за секој давањето крв и дури да излезе од Х причини да не станеш крводарител самото тоа што сакаш да пробаш е за почит. Со среќа :):):)
     
    На IdeaSpark, Снегулк@23, g8lQQk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. FightaminC

    FightaminC Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој каде можам да дојдам до информации за крводарителските акции каде и кога се прават? Пример за месец август кога и каде има Благодарам однапред
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    907
    Во Институтот за Трансфузиона Медицина крв може да се дарува секој работен ден од 08-18 часот и во сабота од 08-14 часот.

    Во Даре Џамбаз крв може да се дарува секој работен ден од 10-17 часот.

    Дарителите крв можат да даруваат на акциите организирани со мобилни екипи, чиј распоред се објавува на web-страната на Институтот.

    До колку сте во добра здравствена состојба крв можете да дарувате на повеќе места. Изборот зависи од Вас, а за информациите каде се наоѓаат мобилните екипи низ Републиката можете да се информирате на веб-страната на Институтот, како и во јавните гласила ( радио, телевизија ).

    Информации за распоредот на крводарителски акции можете да добиете и на телефон:
    00389 (0) 2 32 26 923 локал 125 при Институтот за трансфузиона медицина на Република М акедонија.
    Службите за трансфузиона медицина се наоѓаат во кругот на општите и клиничките болници низ градовите во Р. Македонија,така што до колку сакате можете да дарувате крв и на тие места.
     
    На IdeaSpark, Снегулк@23 и FightaminC им се допаѓа ова.
  7. FightaminC

    FightaminC Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу!!! :l::D
     
    На jok му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Се дарува на клиника на ррансфузиологија и покрај короната
     
  9. Emm!!

    Emm!! Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    21
    Здраво, денес планирам да дарувам крв прв пат, инаку скоро наполнив 18 години, па прашањето ми е дали можам да дарувам иако не си ја знам крвната група?
     
  10. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Да можеш
     
    На Emm!! му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.799
    Допаѓања:
    36.159
    Пол:
    Женски
  12. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Цел живот матичната(онаа од кога сум бебе)ми кажуваше имам јака крв, сега сменив матична и при проверка на крв, ги гледа резултатите и ми кажува Имаш густа крв, ме праша дали сум дарувала и ми кажа дека е добро да го направам тоа. Искрено, јас сум од оној тип што се плаши од игла:lol: ама мислам дека за мое добро е да соберам храброст и да отидам. Кажете ми дали има врска во кој период од месецот даруваат жени? Поради месечен циклус и тој вид на крварење. Секој совет за ослободување од страв е добредојден. Фала ви:$
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Една недела после циклус е ок
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeodorAlekS

    TeodorAlekS Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Дали со менструален циклус 1ден смеам да дарувам крв?
     
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Не
     
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.696
    Пол:
    Женски
    Кој е во можност може и дирекно во Систина утре ( 23.02) FB_IMG_1740257711255.jpg во 9 часот. Можат сите со RH ( негатив) и О+ да даруваат крв. Да спасиме една мајка на 2 малолетни деца.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    8.616
    Пол:
    Женски
    По која логика некој со " -" може да прими позитивна крвна група?
    Ако беше така ќе беше наведено дека може 0- и 0+.

    Инаку срамота, дојдени над 100 души а од клиника за Трансфузиологија пратиле еден лаборант со 30 ќеси.
    Значи останатите ги вратиле.
    Тоа се над 70 души измалтретирани да дојдат со желба да помогнат а на крај ништо.
    И да не зборам дека крвта не можеше денес да се требува затоа што од клиника не ја средиле и провериле. Им било викенд вчера.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.696
    Пол:
    Женски
    Најверојатно за "размена". Знам дека ги вратиле не очекувале толкав одзив. Можеше и во Систина да се дарува. Обезбедена е крв.
     
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    8.616
    Пол:
    Женски
    Конкретно акцијава во Систина наменета за М.А. беше само за 0-.
    За во Систина зборувам дека не дошле спремни колегите од клиника за трансфузија-државна и дека враќале назад. ( Систина не смее да зема крв од дарители само така туку мора крвта да ја откупи од државна )
    Обезбедени се 30 единици само вчера ама како што кажав не можеа да се требуваат денес затоа што од клиника не ги спремиле.
     
    На VDT2906 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.