Животот пишува драми, а секој човек чува барем една тајна... Шоуто „Крвта не е вода“ ги открива и ги разработува приказните што навистина се случиле, а тоа најчесто се шокантни сознанија, семејни проблeми и животни трагедии за коишто не се зборува во јавноста. Се емитува на сител телевизија, понеделник и вторник од 21:00 часот. Синоќа ова шоу почна да се емитува и на Сител телевизија. Какви се вашите реакции и коментари за ова шоу?
Доста интересна емисија според мене, ја гледав летово ко бев на одмор, и баш се израдував ко видов дека ќе ја даваат и во Македонија.
И јас го гледав вчера,интересна приказна,се согласувам и јас некако глумата му е вештачка тоа не ми се допадна,а вечерва исто интересна приказна па ке видиме,едвај чекам да видам што е работава
мене ми е многу глупаво тоа,содржината е интересна ама тоа ништо не изгледа вистинито,тоа е само глума се познава,зарем сево ова ке се случува и моментално ке снимат се познава дека е вештачки,многу е некако е исфилмано и нереално направено
КРВТА НЕ Е ВОДА Живи глупости. Моментално ми е тв на Hayat и баш ова даваат. Многу лоша глума,а искрено ни концептот на целата емисија не е ништо подобар. Не ми е јасно што сакаат да постигнат. Ајде бре нека се најде некој да направи весела емисија,со ќејф да гледаме, а не само турски серии и вакви емисии кои не затупеа.
КРВТА НЕ Е ВОДА Мислам дека се работи за реконструкција на вистинити настани. (Барем така ми имаше кажано некој) Инаку и јас мислев дека се работи за емисија со ист концепт како "Прељубници" и "Брачен судија" е тоа се баш будалаштини.
Многу е интересна емисијава,а тоа дека не е вистинито не е.Тоа е правено според приказните на другите луѓе,а ова нормално дека е глума. Вие би дозволиле да ве снимаат по дома како се карате? Многу логично дека е глума според вистински настани
Ај што е глума ок,ама барем малку поубаво и пореално да глумеа со повеќе емоции.Овие детето им е болно,тие ни солза не пуштија шо се вели . Нормално дека никој не би дозволил да ги снимаат нивните караници во нивниот дом,но барем да внесеа повеќе труд и чувства ако веќе прават емисија од таков тип.Мене не ми е баш по ќеф ,гледав само две емисии и кога вдов каков им е контекстот,престанав да ја гледам.
До сега имама гледано 2/3 епизоди и тоа случајно начекани. Дефинитивно се реконструкција на вистинити настани,барем така сум информирана. Е сега која е целта не ми е јасно. Но убаво е да се седне и да се погледне,можеби некогаш некој и некоја поука ќе извлече.
Да, да, па си пишува „инспирирано од вистински настани“... па понекогаш се добри за тепање време, некогаш може нешто и да се научи затоа што некогаш зборуваат и со стручни лица, во зависност од ситуацијата, но во повеќето случаи мислам дека треба подобро да ги извежбаат актерите, ако ништо друго, да бидат малку посуптилни и поуверливи во глумата.
До сега нечекав 2-3 епизоди.Ама очигледно е дека се е глума.Зарем се ова може да е вистина,па и пред камера да снимаат вистина?? Ама сепак гледано е и интересно..
^Нормално дека неможе камерата да е тука во вистинскиот момент. Туку ова се направени приказни од нивните вистински животи. Сигурно луѓето си прифатиле за одредена сума на пари да снимат емисија.
Интересна е емисијата..Имам изгледано неколку епизоди и ми се допадна BTW се сложувам со многу од вас,и мене глумењето не ми се допаѓа баш
не знам дали се реални случките во емисијата, не ми се верува да се реални. Да, многу е тапа како глумат, али кога нема што да се гледа гледам некогаш...
Гледав за прв пат вечерва, озбилно значи смешно ми беше. Не наликува ни на глума ниту на реалност која ќе те допре. ,,Све за љубав,, е веќе друга работа. Подобро да најделе некои поталентрирани глумци можеби ќе личеше на нешто а вака ми изгледа како детска претстава.
приказните се навистина интересни ама глумата не чини. Воопшто. мислам дека би требало да ангажираат некои поталентирани глумци, а не било кој. така емисиите би биле поинтересни и пореално би се прикажувале ситуациите. нормално дека неможи да се снимаат реалните ситуации во моментот кога се случиле, а сепак и на почетокот се кажува дека приказните или се случиле или би можеле да се случат.. но вака со лошата глума се уништува и приказната... со неколку поправки мислам дека емисијата би била многу добра