1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креатив Хаб (Creative Hub)

Дискусија во 'Образование' започната од Masnickaaa, 22 август 2019.

  1. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Здраво, Creative Hub е едукативен центар специјализиран за курсеви за компјутери, графички дизајн, човечки ресурси итн.
    Дали сте посетувале некој курс или академија? Како сте задоволни?
     
    На Вишиус му/ѝ се допаѓа ова.
  2. londongrammar

    londongrammar Нов член

    Се зачлени на:
    19 септември 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да и мене ме интересира, би сакала да слушнам искуства
     
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    Тамам мислев дека 200 евра се многу за три месечен курс за јазик, среќавам академии изгор скапи. Мислам вистина е дека барани професии се, и во земјава наша заостаната преку стандардниот образовен процес нема ни да чуеш за вакви предмети, ама сепак ова е премногу скапо. 1500-2000 евра академија. Можеби ќе ви користи, ама е прескапо.

    Мој предлог, доколку ве интересираат нови технологии, графички и веб дизајн, ИТ, дигитален маркетинг и сл. со оглед на тоа што немаме нормален државен факултет со одделни смерови за вакви гранки за пристапни цени за секого (со исклучок на ФИНКИ за програмери на пример):
    Онлајн, на Udemy се наоѓаат курсеви од околу 12 часа за 10-20 евра. 15 вакви да ислушаш од одредена област, и паралелно да си вежбаш ако станува збор за софтвер, исто ко да си поминал цела академија. На англиски се, лесни за разбирање, корисни и поевтини во споредба со академииве.
     
    На Mikha4, Lemon, Ana.brojka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. љубопитна

    љубопитна Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Ова од искуство? Имаш поминато некој курс од таму?
     
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    Да. За користење AutoCad и Excel при проценка на количини и подготовка на предмери.
    Имав претходно предзнаење од двата, ама сакав детално за конкретнава намена да знам повеќе пошто тоа го работев.
     
    На eliesaab и љубопитна им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Не само оваа, колку ли ги има.. И џабе си ги фрлаат луѓево париве кога и низ интернет се наоѓаат корисни материјали за тоа што некому му треба. Ептен на маркетинг маваат, баш скоро гледав една и чисто се сомневам дека нудат некој квалитет.
     
    На Mikha4 и Ana.brojka им се допаѓа ова.
  7. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да се запишам на Brainster, имаат Академија за дигитален маркетинг, но кога видов 1500 евра за 6 месеци да дадам нема шанси. Тоа е убаво за некој што сака и што има пари и можеби најлесно е да гледаш видеа на Youtube и да научиш. Али па од друга страна, ќе имаш диплома/сертификат што можеш да ти помогне во иднина.
    Зошто овака најлесно е да кажеш дека знаеш тоа и тоа да го праиш ама друго е кога имаш сертификат.
     
  8. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Темава може да се преименува и да биде општа за академии од овој тип, па да се споделуваат искуства од сите вакви центри. :)

    Назад на темата, има ли некој што посетувал ваква академија да сподели искуство?
    Општо ретко наидувам на луѓе што посетувале, што е и нормално со оглед на нашиот стандард и цените. Тие пак што посетувале некако со пола уста кажуваат дека малку се нуди за тие пари и не се задоволни.
    Постои ли воопшто центар со добар кадар и солидна програма каде што вреди да ги инвестираш средствата?
     
  9. thenik

    thenik Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Hello, јас сум посетувала академија на creative hub и можам да гарантирам дека е најдобриот избор што ќе го направите за себе лично и за ваш иден развој. искрено многу се размислував пред да се запишамм баш поради коментарот погоре што си го кажала (Тие пак што посетувале некако со пола уста кажуваат дека малку се нуди за тие пари и не се задоволни) истово го мислев пред еден познаник случано да ми го спомне creative hub. за разлика од другиве имаат премногу интерактивни часеви и работат на реални проекти, целата теорија одма е применета во пракса и навистина го учиш преку практично работење целиот процес, едноставно те припремаат да испаднеш од клупа што се вика, да се вработиш и одма да знаеш што и како треба да направиш дека веќе си работел на такво нешто, сега сум заинтересирана и за еден курс кај нив и баш кога им ај отворив страната гледам дека имаат доста ваучери за попуст и исто бесплатни часеви, а и да не заборавам секако најбитен дел дозволуваат за плаќање на рати (ако си на нлб па немаш гајле премала сума ќе плаќаш месечно)
     
  10. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Еве ја сум на една од академиите за дизајн во Семос, искрено многу се тоа пари за квалитетот што се нуди. Кога би бирала пак, не знам дали би ги одбрала. До крај на акдемија ќе ви кажам како сум задоволна, сега за сега ова мислење нека седи.
    Имам чувство како да се шкрти и скржави со знаењето што го пренесуваат. Ептен површно, некои работи се спомнуваат само да се знае дека постојат. Па вака и на udemy ќе се снајдев.
    А за тоа дека полесно со сертификатот ќе се најде пракса... тешко верувам. Ако некој има искуство со нив, супер би било да сподели мислење.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Дали си уште со истото мислење? Претпоставувам ја заврши академијата.
     
  12. Angellcee

    Angellcee Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала со оваа тема да споделиме искуства од академиите на кои што одиме или би сакале да одиме, дали вреди, дали се корисни, дали навистина би научиле нешто и дали навистина вработуваат со дипломата од академиите?
    Добив повик дека сум добила стипендија од академијата CreativeHub за Човечки Ресурси (HR) и навистина незнам дали да одам, бидејќи некои ми кажуваат од кога ќе завршам потребно ми е сепак да имам правен факултет или некое знаење од право бидејќи тоа се бара при вработување иако си завршил за HR.Дали може да го споделите вашето мислење, искуство и знаење?
     
    На Ajrinii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Sto napravi, Dali ja pocna akademijata?
    Voecatoci??
     
  14. i.ate.my.tv

    i.ate.my.tv Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали ја заврши академијата и ќе може ли да споделиш искуство?
     
  15. gogirlgo

    gogirlgo Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    10
    Јас се запишав на академијата за човечки ресурси. Еве ви најискрено споделено мислење. Јас лично не сум задоволна, сметам дека дефинитивно многу повеќе ветуваат одошто исполнуваат. Што се однесува до сертификатот дали навистина е признат или не, а и каде, тоа не можам да тврдам затоа што уште немам ни аплицирано со истиот во некоја компанија од странство, па да добијам некаков фидбек. И од свое искуство и од искуства на многу други кои посетувале вакви академии кај нас, најдобронамерно ве советувам дека ако ви е план да ја напуштите државата, дефинитвно да не запишувате. Не само Creative Hub, туку и останатите. Воопшто не се евтини, скапи се и тоа многу, а слични програми и подобри ќе најдете и на удеми или на некоја друга ако си разгуглате подетално. А овие сертификати се со сигурност признати. Навистина ако имате волја да совладате некоја нова вештина, а не ви се трошат минимум 1000 евра, можете да си се посветите со запишување на некој поевтин курс на удеми + плус со дополнителни видеа на јутјуб и со книги кои лесно ќе ги најдете на интернет. Можете да гуглате книги на одредени теми и секако од некои ќе можете да најдете пдф формат бесплатно.
    Ако планирате да градите кариера овде во Македонија, е тогаш моооооожеби ви се добра алтернатива. Академиите соработуваат со навистина добри компании, а и се прилично популарни кај нас и затоа во наши компании сертификатите од академииве се вреднуваат (не дека сите врати ви се отворени со сертификатот, ама сепак значи да го прикачете на резиме). Не ви е се загарантирано со тој сертификат, ама можеби би имал некаква корист за веќе толку дадени пари.
     
    На Tam4yy, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ме интересира подетално ако може зошто не си задоволна од HR академијата во Креатив Хаб? :)
     
  17. gogirlgo

    gogirlgo Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    10
    Незадоволна сум затоа што гледате и сами каков агресивен маркетинг имаат. Се возбудуваш, мислиш дека мноооогу ќе научиш, ама уствари добиваш само некоја површна основа. Кога ги разгледав програмите на удеми се скоро истите, а за многу помалку пари.
     
    На Tam4yy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Дали само теорија се учи или како им изгледаат часовите?
     
  19. gogirlgo

    gogirlgo Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    10
    Да, во главно е теорија. Сепак и материјата е таква, не е баш како ит предавањата. Слушате предавања, ако не е јасно си прашувате или прашувате за да се отвори дискусија. Исто решавате и некои задачи, тоа е повеќе во финансискиот модул нормално нели тука се прават пресметки. И на крај имате завршна задача како вид на проект.

    Е една работа е стварно многу позитивна, како што кажав ако се гледате овде. Имаат многу добар нетворкинг, се запознавате со многу луѓе што реално е голем плус ако сте стварно посветени и решени да работите во тој сектор.
     
    Последна измена од модератор: 6 август 2022
    На Anne94, Tam4yy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.