Ахам....Фала ти на совет...значи секој ден, инаку внесувам на ден мн протеини пошо и готвам со него се што јадам дури и кафе пијам со протеин.. Ваљда ќе можам да направам као шејк од протеин со креатин заедно и да го пијам.
Брои колку протеин внесуваш. Протеините се составен дел од скоро секоја храна, не мораш во све да додаваш протеини во прав ниту пак да готвиш све со него. Џабе го трошиш... Телото не ти го ни користи целосно. Еден до два протеински шејка дневно ти се доволно. Да, креатинот може да го ставиш во шејкот.
Здраво мила,можеш да ми кажеш за какво кафе точно станува збор? Те читам и ми фати око ова со кафетоа голем љубител сум на кафе..
Здраво душо, секако дека може.Многу едноставно. Мутиш црно нескафе со протеин од ванила 10/15грама и вода ( можеш каков сакаш вкус на протеин да ставиш ванила,чоколадо...зависи каков вкус обожаваш) во висока чаша и потоа додаваш овесно или кокосово млеко без шеќер. Јас го правам ладно многу ми е вкусно. И на крај додавам чоколаден прелив протеински без шеќер исто од дм го купив.
Proteini vnesuvas sekoj den od ko si rodena. Sega vnesuvas whey protein kako dodatok vo ishranata. Nema zijan od proteinot,kolku pojke to podobro,pijaj slobodno. Kreatinot ne e los,ok e za parite. Se pianoosle trening ili pred,toe to.
ехее протеини пијам одамна веќе се отрув а креатинчето пак го почнав зашо претходнонимав топ резултати и ете сега пак си пијам и не сум у план да го прекинувам
Дечки може е глупо прашањево Дали протеинот е посен?? И дали има посен протеин? бидејќи сакам да земам а планирам да постам за Велигден
Дали некој има искуство со покачени ензими на црн дроб од конзумација на суплементи? Конкретно пиев креатин, глутамин и протеин па најверојатно е од крестинот затоа што имав и фаза на полнење. Ми рекоа додека да се намалат вредностите да не ги пијам и сега правам пауза. Ме интересира тие што го пиете константно дали пиете и силимарин за регенерација?
И без да пиеш суплементи ќе има покачени вредности на црн дроб. Секој спортист има покачени вредности но кога се има во план да се прават анализи на крв да не се тренира 2-3 дена. После 3 дена пауза се прави проверка. AST и ALT се проверува и DDR за црн дроб. Тие се подетални анализи мада не верувам да имаш огромна разлика во покачените вредности со границата.
Јас се мислам да го прекинам креатинот да одморам малку цела зима го пијам без прекин страв ми е да не ги оштетам бубрезите не сум се проверила но почна страв да ме фаќа од помислата да не сум ги преоптеретила незнам зашто… @AAKG што мислиш ти?
Како е дојдено до заклучокот дека ензимите ти се покачени од суплементите? Креатинот нема да ги зголеми вредностите ако се зема во препорачана доза кај здрави лица. Како што рече ААКГ, со самото вежбање вредностите веќе ќе се покачени. Исто така од редовна конзумација на алкохол, апчиња за болка и еден куп други работи како обични витамини. Ако вредностите се превисоки испитај си убаво да не имаш некој здравствен проблем. Во тој случај суплементите може да придонесуваат со одреден процент во целокупната слика. BTW, фаза на полнење со креатин е најглупиот мит што постои во фитнесот. Ако го земаш во препорачана доза нема зашо да се замараш.
Од креатин не страдаат бубрези. Бубрези можи да страдаат од креатининот или доколку има нарушување на бубрезите од предходни болести. Креатининот се филтрира низ бубрези и затоа кога се јадат поголема количина на протеини потребно е доволна количина на вода. Пауза од креатинот можиш да направиш едно 2 недели па после да си продолжиш со дозата. Иначе креатин и креатиНИН се сосема различни работи. Не се плаши воопшто. Креатинот не е тој што штети на бубрези,ниту глутаминот. Фаза на полнење со креатин не постој. То е маркетинг трик кој е измислен од некоја Х особа за да се троши побрзо. Почнуваш со 5-10гр на ден и тое то. Нема потреба од 15-20гр пошто телото ќе искористи само дел од таја доза а остатокот завршува во мокрење.
Даа по 5 гр на ден консумирав ама сепак сакав да прашам бидејќи долго време го пиев не правев пауза. Баш се израдував ви благодарам @AAKG @Ajronmen Сакам да го консумирам мн ми е океј со него и енергија и пумп!
И кажав на докторката дека пијам суплементи и витамини. Рече дека од витамините нема шанси, но суплементите ги нарече штетници. Случајно имав некои прегледи веднаш по крвна слика што опфаќаа и ехо на абдомен во тој поглед се беше во ред. Ќе правам следна недела повторно крвна слика по препорака на докторката со тоа што моментално не пијам ништо па ќе видиме.
Креатинот се користи и за медицински потреби особено кај луѓе кои имаат проблеми со невролошкиот систем. Каква е таа докторка која ги негира медицинските суплементи, истражувања и наука кога самата професија им е наука? Или дека сурутката е штетна, а од млеко се прави...
Следен пат прашај ја дали витамините не спаѓаат во суплементи и дали ако спаѓаат и тие се штетници? И ако не, каде ја прави поделбата? Исто прашај ја дали креатин, глутамин, карнитин и протеин може да купиш во аптека, и ако да, зошто? Ако на првите две прашања се збуни или филозофира, смени ја хаха.
Јас планирам пак да почнам да ги пијам откако ќе направам крвна слика. Сум пиела и претходно но не сум забележала да има проблем. Ви благодарам на одговорите ❤️