јас имам и такво и такво, дрвеното го користам за секојдневна употреба, додека монтажното ако одиме кај бабите. мислам дека подобро ти е дрвено да си купиш, може е поскапо, но за секој ден дефинитивно е подобро.
Ние дрвено креветче си купивме од стоковната 26 јули на битпазар во подрум.Цената беше 7500 со душек. Креветчето е од српско производство (фирма бамбино)-bambino.rs и е фарбано со еколошки бои.Инаку истото го има во бебесупермаркет ама е многу поскапо.
Ние купивме вакво креветче за големата дада Иако ке треба време за да ја преместиме во него , сега за сега нека си спие во бебешкото креветче да не станува и да не бега,што е сигурно сигурно е иако и преку решетки најде начин да избега
Како бе неможеш да најдеш перде? Имам видено многу симпатични перденца во гтц на 2ри или 3ти спрат, во една продавница само за такви работи. А механизмот на кои се става креветчето исто така можеш лесно да го најдеш, не ми теквува кај имам гледано механизми одамна беше ако знаеш кажи ми. Јас се мислам за перденце дали да му ставам на креветчето, убаво ке изгледа многу, но после 4-5 месеци коа ке почне да се исправува многу лесно ке може да го дофати мислам и не дај боже да се преврти од креветчето. Ама пак тогаш ќе му го извадам
Еве го креветчето што ние го зедовме. По препорака, сите се задоволни ептен од ова. Доаѓа со се што гледате на сликата, нашето уште не е монтирано па затоа не го сликав. Ептен ми прави ќеиф!
и ние го имаме истото од истиот производител само го земавме од штип 6 700 ден и бате нана во него ххх
Еве го нашето креветче наместено на своето место и спремно за малото ангелче. Долу има фиока и предната страна се спушта.
мамички да ве прашам за искуство тие што имате монтажни креветчиња? како се покажале? издржливи ли се ? на нас искрено ќе ни треба такво пошто е полесно за транспорт , селење и сл. па ме интересира мислење од тие што го користат, и дали треба дополнително душече да се купува за нив , пошто тоа постоечкото некако многу тенко ми изгледа рано е за купување ама не е лошо да се знае однапред
Јас имам монтажно креветче , не многу користено ! Го купив највеќе кога бевме во Мк да спие во него . Инаку и купив душече за монтажно креветче вакво Ок е , ама мисам дека можеш и нормално душече како за дрвен кревет , сепак душекот е побитен од креветчето Ние сега пак ке купуваме монтажно за бебето , да има кај да си лежи во текот на денот , а за навечер во креветче !
во сите приватни фирми за мебел би требало да прават ... зависи за кој град те интересира ... ама има убави и евтини креветчиња така да не ти се испаќа да правиш ... вака ќе може да го видиш , а правенето може да не ти се допадне
И нашето креветче е старо. Не користено е, на таван стоено е. Планиравме да го фарбаме ама се предомисливме. Сега сакам да купам заштита. Тоа како најлон, мушама не знам како да го наречам. Да не знае некој каде има? А за ова за пресоблекување, нашето не стои кај креветчето. Го ставивме на друго место. Доброто е што е преносно. Како душече е, со посебна мушама лесно да се чисти, лесно е и можам да го ставам на кревет, на гарнитура било каде, не мора да ја пресоблекувам баш таму. Од искуство знам дека вакво нешто не е ни потребно,ама ми го купија па ќе го користиме.
Креветчето е одамна намонтирано, душекот го земавме од симпо и поставен е ама уште со најлон си стои...инаку постелнината ќе ми ја купела свекрва ми, и она ќе ми сошие перденце за креветот....така да тие ќе бидат изненадување кога ќе се вратам нема да знам како и што ќе изгледа - ми рече да оставам се на нејзе