Zdravo imam krevetce od baby shop charli od tetovo no nema prospekt za montaza dali nekoj ima video slucajno da mi pusti ?
Здраво, од кое транспортно креветче сте задоволни на две нивоа до кај 8000ден? Или некое со лулкање за почеток да земам? Фала однапред
Од мене препорака за оваа креветче го имаме дома го носевме на одмор сега прелесно за пакување и транспорт, можеш да го залулаш бебето, убав матријал од страна е со мрежичка и можеш да го гледаш кога одмараш на кревет, топ е. Само за помали деца еhttps://bebehome.mk/product/bebeconfort-креветче-амара-тинтед-графит/
Некој да не го има креветчево да пише како е задоволен? И ако имате препорака за некое друго пишете, 120х160 ми треба на две нивоа, докај 6-7000 максимум.
Ние го имаме ова веќе повеќе од една година и супер е уште е како ново. https://www.kikkaboo.mk/krevetche-milky-way-2-nivoa-2026?search=Milky way
Здраво, дали бебето може да спие цело време во транспортното креветче или сепак ми треба и посебно дрвено креветче?
Дали некој има искуство со транспортното креветче Coccolle Insieme и Kikkaboo milky way, за секојдневно користење наместо дрвено креветче?
Некој дали го има ова креветче да ми сподели искуство како сте задоволни дали е практично со оглед на тоа дека страницата не се пушта
Има ли кај нас тодлер ниски кревет што се помали по димензија и што не коштаат еден тон пари? На зима ќе прави 2 години и сакам полека да ја префрлам во нејзина соба, ама не сакам кревет од 2 метра да ми го заземе пола простор, сакам нешто помало како за почеток.
За кај нас не знам, мене едно време опција ми беа овие од Икеа Не се баш евтинки https://www.ikea.com/rs/sr/cat/decji-i-produzivi-kreveti-45847/ Евентуално мајстор по мерка да ти изработи
Ги гледав баш овие вчера, не се ефтини ама од друга страна е добро што растат со детето. Затоа што ако направам сега помал, ќе треба нов поголем да правам. Ама па не се некако високи за дете од 2 години? Мојата многу се врти кога спие, многу!
Ние сакавме вакво да купиме и не премислија другари ради душечето дека е заоблено и нешто мн неудобно било, а вака на изглед е мн убаво.
Да ми е паметот сега да треба да купувам креветче само вакво би земала воопшто нема дрвено да земам. Фаќа место и не е искористено како ова монтажново што можеш да го шеташ по цел стан
Не знам дали најдовте кревет, ја три месеци не можам да и одберам кревет на ќерка ми … и мојата премногу се врти моментално спие во нејзино креветче со отворена страна доближена до спална за да може да се рола лево десно на спална на креветче итн Ја стварно не знам шо им е на салониве за мебел што детски кревети се грото по 200цм и високи по 60цм глава ќе искрши ако падне сто посто мојата а креветчево до нова година ако ја фаќа добро ќе биде… мора да најдам опција… мн брзо расте
Не сум нашла, знам дека ти бараше од тие меките за на земја што се, супер се и тие, ама кај нас ништо нема. Искрено, свекорот прави столарија (не најпрофесионално ама го бива) се мислам да го прашам него колку би коштало он да направи еден монетсори за на земја. Иначе исто спие да Викендов спиеме двете на спална, мм не е дома, сабајле ми спиеше во нозете на попреку, уште еднаш да се превртеше ќе летнеше на земја
Ја мислам дрвен ни монтеспри нема да ја спаси, ќе се ислупа во ѕид или во дрвото затоа барам мек, еј толку мн се напнав за мекиве преубави де и баш тоа што ми треба цел свет ги користи кај нас ќе стигнат во 2029та