https://bebehome.mk/product/kiddo-belletti-play-n-sleep-by-me-cool-grey-playpen/ дали некој има искуство со ова креветче? Дали би вршело работа да се користи и вака за во спална? Друго што гледав е ова https://topolino.mk/product/krevetce-next2me-forever-cosleeping-cot-almond-chicco/ Верувам дека има разлика и самата цена е доста различна. Немам некој лимит во буџет ама ме интересира општо од каков производ сте задоволни и што би препорачале како поискусни Не би купила колевка само за до 6 месеци дефинитивно. Би сакала креветчето да може да се користи барем од 0-3 год.
Транспортното креветче ти е подобра опција, моево до 4ипол години спиеше во него и ни е нешто најискористено
Нас досега ни е одличен украс next2me forever. Спиеше во него првите два месеци. Креветчето инаку е супер, ама тотално неискористено за парите засега. Транспортно ќе ти врши исто работа верувам, само сметај дека ќе треба да купиш плус душече. Пак ќе е поефтино од chicco ваљда.
Гледам неколку коментари против next2me forever креветчето еве нас па многу ни се погоди особено тоа што може безбедно да се зацврсти за кревет и да се отвара вратата по потреба. На почеток ми беше скроз отворена вратичката после кога пролази отварав по потреба во текот на ноќта. Најкорисно ми беше во периодот пред да оди кога ќе станеше ноќе и ја отворав вратичката и се галевме/гушкавме и си презаспиваше лесно. Дури и еден период ја доев директно во креветче. Сега здравје наредно ќе го ставиме отворено на земја за некој месец ваљда и таа опција да ја пробаме сама да си влага (18м е ќерка ми). Од мене топла препорака.
фала многу на сите за одговорите така некако се мислиме, пример кога споредувам со количка па си викам ајде има разлика и во механизам и во материјал па и да е поскапо некако плаќаш за таа функционалност,а за креветче сум во голема дилема. Еве и брат ми нешто денес ми споделуваше искуство, внука ми има 4 години, па чисто да споделам тука дека и они се со транспортно креветче вика „нема гајле еве уште си спие во него дури сега допрва го израснува“ и дека тоа им служело од почеток од бебе кога беше внука ми, нормално со докупување на душече. ајде ќе подразгледам уште малце па здравје ќе споделам и искуство тука
Здраво, ми треба помош околу колевка. Тесно ни е во станот и неможеме да ставиме креветче веднаш до спалната, па затоа решивме да купиме колевка. Која е разликата меѓу овие, дали се практични и згодни за бебето? Оваа поскапата гледам и дека е поголема па може до повозрасно да ја користи. Ми се допаѓа што им се собираат ногарките доле па можам да ја пикнам измеѓу креветот и ѕидот.
Разликата е во големината и носивоста. Првата се користи до 6 месеци, или 9кг, втората до 4 години или 20тина кг. Јас ја имам втората, ама не можам да дадам рецензија затоа што бебе не спие во креветче. Мој совет би бил да не купуваш за до 6 месеци, вистина прекратко се користи. Или ако веќе купуваш за до 6, најди нешто поефтино.
Да се надоврзам истово ме мачи последниве месеци и само пребарувам, дека и ние имаме тесна спална. Ја гледав и јас втората колевка од Chicco, ама димензиите се скоро исти како на обично дрвено креветче, затоа и може да се користи подолго. Помалите како што разгледував за потесен простор и пократка употреба се во должина од 90-100цм, а ширина 50тина цм. И јас барам совет за дали е исплатливо бар во првите месеци да имаш помало креветче до спална баш поради малиот простор и од која сте задоволни.
^ И кај нас е тесничко ама овие креветчиња со стандардна големина баш некако точно ги собира. Ние се одлучивме за ова креветче https://bebehome.mk/product/kiddo-belletti-play-n-sleep-by-me-cool-grey-playpen/ и таму од продавница ни препорачаа и душече што се вклопува па и тоа зедовме. Е сега ова транспортно креветче идеше со цврста подлога на втор левел, ама ние го наместивме и душечето. Така треба нели? Мислам не се очекува да спие само на таа тврда подлога што иде од креветчето?
Ние за ова се одлучивме за почеток, помали димензии да може да е до мене. Исплатливо ми се виде со попустов, па здравје понатаму кога ќе го надрасне ќе купиме со нормални димензии. Туку исто ме интересира, дали првиве месеци на почеток може да биде само на душекот што иде со креветчето, или да се докупи плус? https://ananas.mk/proizvod/momi-cot...efon-komplet-za-udoben-i-bezbeden-son/4728893