Ние имаме дрвено креветче,е сега сакаме да купеме монтажно бидејќи патуваме почесто до кај моите и на мм неговите не живееме во ист град,па ме интересира дали со монтажното оди душече или подлога за спиење и дали се собира тоа за пренесување?
Монтажното креветче се собира за пренесување, ама не оди со душече. Има една подлога која се прикачува од страните на креветчето, во висина му доаѓа нешто како на средина на креветчето. На таа подлога може да спијат новороденчиња, мислам до кај 6 месеци дека може. Не е како душек, туку како тенок наддушек е, и ако го ставиш на дното на креветчето, нема да му биде удобно на детето, бидејќи на дното на креветчето нема ништо, затоа мора душече да се купи. Барем нашето е такво.
Мамички дали монтажните креветчиња имаат дополнителен дел за пресоблакање на бебето? По сликите ми се гледа како да има. Интересно креветче ми изгледа и ова на сликата. Еве линк да ја видете понудата https://www.facebook.com/LibertaBeb...6212176846108/641093506024638/?type=1&theater
Дел од монтажните креветчиња имаат дел за пресоблекување. И тоа доста цврст, не фаќа простор, а може да се користи и на фотења на пример. Мојата дилема со креветчињава монтажни е каде најдовте душеци за нив. Нестандардна големина ми се. Вчера гледав во Крш на Грако - должина 100 цм, а душеци во продавниците имаат од 120 цм. Денес гледам на Бреви ширина на креветче 70 цм, ширина на душек 60цм. Скрос сум збунета... Планираме транспортно да купиме, ама веднаш да ставам душек, зашто таа подлогата не ми изгледа удобна за спиење, особено што и шушка. Мислење? Совет?
Ние го имаме ова, го порачавме преку интернет http://www.tectake.de/kinder-reisebett-hohenverstellbar-mit-babyeinlage-coffee Лично сме презадоволни од него. Му купивме душек за одозгора, удобно му е, си го сака креветчето и си спие во него. Димензиите се 124х65х83, ги пишува и на сајтот. Душек по димензии најдовме одма, без проблем. Е сега, не знам испораката до МК колку би ве чинела, ние во Шведска живееме и не беше воопшто скапа. Пробај да нарачаш, ќе ти ја даде цената сосе испорака колку е. Не знам каква боја сакаш, има во три варијанти: кафеаво, тегет и розево. Има и таков додаток за пресоблекување, ние не го користиме, купивме претходно душече за пресоблекување, на маса е ставено, и тоа го обожава најмногу на свет па затоа ова не го користиме. Има и видео, мислам дека убаво се гледа се. Ако имаш некое прашање плус, слободно кажи
Мое мислење е ако воопшто за нешто решите да дадете некој денар повеќе, нека биде тоа за креветче. Не за количка, транспортер, корпа... не знаеш како бебуш ќе ги прифати, ама креветче треба, и знаеш дека ти треба бар 3 години. Монтажните не ги бива за тоа. Замисли во тоа да ставиш дете од 10-15 кила. Кумата моја купи такво, и за 8-9 месеци позајмија дрвено. Монтажното се спушта многу ниско (најниското ниво) и кога ќе потпорасне бебуш ко на земја да спие, ако не ти дихтуваат вратите ќе лежи кај што најмногу фури. Според мене, најпаметно е дрвено креветче, не од иверица зашто таа се витка, туку дрво. Таквите се доста скапи, ние не можевме да си дозволиме па земавме креветче од дрво и медијапан, доста цврсто. Не кошташе 10000 без душек.
Јас имам монтажно по стандардни димензии, 120×60, чини ми се таа беше. Junior's некоја фирма, грчка ли, српска ли беше не знам. Немавме проблем за да најдеме душече. Е сега ти да не гледаше такви за игра, play beds, бидејќи тие се такви коцкести 60×70 пример. Инаку, мислам можат да ти направат душек по порачка ама така испаѓа малку поскапо. Знам за Симпо дека правеја, вероватно секаде може Моето е на два нивоа и кога бебето ми беше мало користев таа подлога што оди уз креветче и убаво беше додека не го спуштивме подолу кога потпорасна, тогаш требаше душек. Сега со малава право купивме душек и не го користиме тоа повисоко ниво. Јас сум многу задоволна од овие монтажни, спакуваш и немаш гајле. Го носевме секаде со нас, купивме и такво транспортно душече и навистина е практично. Едит: не е многу ниско, висина на нејзин душек е во висина на мојата спална. Можеби зависи од креветчето така да е ниско до земја како што напиша членката погоре. Син ми спиеше во него до скоро две години и право му купивме стандардниот кревет.
Мој совет, земете си креветче со стандардна големина 120×60, ем душек без проблем ќе најдете, ем поголемо е креветчето па и за поголемко детенце одговара... зборот ми е подолго време ќе го користите. Инаку за тие малите креветчиња мислам дка по нарачка се изработуваат душеци. Се додека малата спиеше на првото ниво многу ми беше практично монтажното, кога требаше да ја спуштам на другото ниво секогаш ми се будеше,па така си го претворив монтажното креветче во игортека а малата продолжи да спие (и сеуште спие) во дрвеното.
Идејата ми беше дека 120 е во ред големина и да го користи до 2 години, после да спие во нормален кревет 200х60 како што сме спиеле јас и сестра ми. Финансиите да сме искрени не ми се проблем а и тие што ги гледав на грако се исто околу 10000 (што е прескапо). Во моментов сум за монтажно креветче заради даските на дрвените во кои ми е страв дека ќе се удира, а не сакам оградичка да му ставам во никој случај. Едното е ова: http://tekodoo.com/shop/kreveti-/106-contour-electra-graco.html а другото http://tekodoo.com/shop/kreveti-/101-brevi-dolce-nana-prenosno-krevetche-na-dve-nivoa.html искрено ова на бреви повеќе ми се допаѓа... Ви благодарам на советите и брзите одговори. Се надевам ќе донесам правилна одлука
И јас моево го платив преку 7 илјади пред неколку години, без душек. Ама еве го како ново, секаде носено и за две деца ќе е искористено. нас ни беше најмногу ради просторот, каде ќе го спакуваме кога нема да ни треба, а секако планиравме околу две годинки да го префрлиме во стандардното креветче, исто и малава.
Abe ne za dzabe se veli prvo dete i sakas se da kupis sto ke vides.Prvo kupivme krevetce 7000den bez dusek so fioki (preubavo i najmnogu go koristime duri i den denes na 2god i 6 meseci) potoa vidovme lulka pa ajde i takva zemavme 9000 den (ja koristevme do 6 meseci) i toa bese bespotrebno frlanje na pari..
Ние го имаме истото креветче што го користевме за поголемиот син. Во него сме спиеле јас и сестра ми како бебиња, а внуците од мои братучетки. Ама помалиот син ич не сака да спие во креветчето. Откако го донесовме од болница, цело време плачеше кога ќе го ставевме внатре.
Ние си порачавме да ни направат вакво креветче исто како на сликата, само нашето ќе биде скроз бело. Димензиите ќе бидат 120 со 60 и плус комодичката за пресоблекување 45 со 60. Е сега само да си купиме некој добар душек и постелнина. Совет?
Јас за моето синче земав постелнина од Fabres и премногу ми се свиѓа и дезенот и материјалот Имаат убав избор, а и многу се квалитетни...Имаш убави и во Tac али мене од таму дезените не ми се свиѓаа...А имаш убави и во стружанка А за душече земавме заедно со креветчето од loco croco и мислам дека продаваат и посебно, само душече
Nie dusek imame od bebesupermarket, taka povisok e so letna i zimska strana, e sega za cena ne mi teknuva zasto zaedno so krevetceto go zemavme, mozes da vidis na stranata nivna.. a postelnina si zemav od edna zenicka vo leptokarija..
Купував пешкири за плажа пред некој ден во ТАЧ во Сити молл и забележав на излог имаа многу убаво дрвено бебешко креветче. Беше наместено со бебешка постелнина и ептен убаво изгледа Прашав дали им е на продажба и рекоа дека ги продаваат, имаат и душек. Е сега не знам дали посебно или заедно оди. Ако ви е успат проверете си
Ние гледавме κρеветчиња тρеба да κупам месецов па на κρај се одлучив за дρвено обично бело. Монтажните воопшто не ми се свиѓаат, а тие со фиоκи ми се убави ама ρеално нема да ги исκоρистам. Планиρам да го спојам κρеветчето до спалната па ми е битно само да е иста висина, ниту фиоκа ќе исκоρистам- ништо. На почетоκот ми се допаѓаа тие големите што се со дел за пρесоблеκување, фиоκи, голем детсκи κρевет што се пρават ама нажалост нема κаде да го ставам толκаво мал е пρостоρот.