Едно време ги гледав во Mothercare во Рамстор, ама тоа беше лани, сега одамна не сум влегла. Имаше и со опција за лулање, многу беа скапи околу 300-400 евра. Не се исплати со оглед колку малку ќе се користи. Да редактирам, сега ја видов втората слика, баш такви имаше.
http://www.encimenci.com.mk/proizvod.asp?id=50033&kat=4&sn2=31 Ние го купивме ова креветче но во Натур боја, сега гледам веќе го нема, и многу е убаво, цврсто, стабилно и ќе може да се користи до 3-4 годишна возраст сигурно
Ние имаме монтажно креветче.Прво почнавме со дрвено како белово ама кога пркна малата и со оградица и со се ми се заглавуваше,ноџињата и рачињата и искачаа од решетките и многу ми плачеше па имаше фобија од креветчето.После тоа го сменивме,ставивме монтажно и супер си спие во него,во Јули ќе полни 4 а уште си спие комотно во него.Моја топла препорака ич да не се мислиш и монтажно да си земеш,нема да згрешиш.
@Верче4 јас пошто се изгорев со дрвеното затоа кога те прочитав морав да ти споделам мое искуство.Еве сега бебето кога ќе ни дојде во април и тоа ќе си спие во монтажното од старт,ништо поубаво и поудобно за детенце
Ние сега сме во таа фаза на купување на монтажни креветчиња. Видовме дека истите ги има во Loco Croco и тоа по многу поефтина цена. Еве линк: https://www.facebook.com/4336960067...0.1455784112./793480414129447/?type=3&theater Поздрав
го гледавме ова креветче од бертони, се лула може да биде и стабилно а се прави и биро, доле е со фиока и чини 8.500 како сте задоволни ако го имала некоја веќе?
Се заљубив во креветчево... Ако не сум бремена ама ќе го планирам ко ќе останам, реков да го споделам и со вас, можеби на некоја ќе и се допадне, го има во Либерта ''Неготино''
Го има во прилеп во алф- кидс мислам дека беше околу 15 000 еве ви линк од страната https://m.facebook.com/Bebe-Centar-Alf-Kids-876972512383728/
@Bebulleee , @Girl-Rabbit и @Cvekence@ да не ме сфатите погрешно, но дали креветчево не ви изгледа како кутија? Сосема е несоодветно за бебе, па и за поголемо дете, од три страни е целосно затворено со обијчна иверица, воопшто нема циркулација на воздух. Пред да родам многу истражував на таа тема и научив дека во бебешко креветче, ОСОБЕНО на новороденче е потребно постојано струење на воздухот, да не се ствара застоен и топол воздух, за да не дојде до SIDS (sudden infant death syndrome). Бебињата на почетокот се кревки и неподвижни и нема начин како да се заштитат самите од претоплување, па затоа не се препорачува дури ни употреба на оние популарни оградици за креветчиња, бидејќи и преку нив воздухот не циркулира. Мој совет да си земете креветче отворено од сите страни и да не ги заградувате бебињата, или монтажно креветче кое е секако дизајнирано да го пропушта воздухот преку тенкото платно и мрежа од страните. Поздрав и секое добро.