jas imam doma nesto slicno na ova krevetce za moeto bebe i mnogu e prakticno na nivoa e i ne zafaka mnogu prostor a i lesno se sklopuva i prenoslivo e. Go kupiv od Biser i cinese okolu 5000 den pred okolu edna godina no seuste se istite ceni bar taka mislam. [mod-kirilica:1szjo3mx][/mod-kirilica:1szjo3mx]
http://www.babyage.com/baby-gear/safety ... -76741.htm и јас сакам вакво креветче за ко ке дојди време, се надевам ке најдиме во мк а еве најдов на инт па можи сите да си порачаме
^Овие не се баш препорачливи за константно спиење на бебето,затоа се викаат portacot,за бебето е потребно да спие на цврт душек за да му се оформи главата овие се повеќе кога ќе потпорасни да си играат во нив. Со татко ми за внук ми го купивме овој кревет со скоро истата постелина,мислам брат ми и снаа ми го одбраа ние си плативме,и еве има 4 години и сеуште спие во него само ја тргнаа едната страна.
Па и во овие креветчиња се става душек за спиење. На првото ниво нема потреба, душечето што доаѓа со креветчето е доволно цврсто, а кога ќе дојде време за второто ниво, се купува соодветен душек. Мене лично овие преносливите ми се попрактични отколку дрвените, ако ништо друго, полесни се за одржување и чување, а освен за спиење и пресоблекување служи и за играње. Дрвените не ми се практични од проста причина што немам толку простор за после да го чувам празно. Ова барем ќе го искористам до три години, кога секако би требало да почне веќе да спие во свој поголем кревет
^Можеби се по практични заради простор ама подобри никако не се,рачунај дека од кога ќе почне бебето да се врти или потстанува ќе треба да го ставиш на пониското ниво,значи бебе од 5-6 месеци ќе треба да спие на 10см од земјата.Кога ќе почне да станува ќе може да го преврти целото затоа што портакотот нема тежина а и на самиот портакот пишува дека не треба да се ставаат деца внатре кои се потешки од 15кг така да до 3 години тешко ќе може во него да спие.Зема и снаа ми вакво ама и служеше само за собирање на играчки,внук ми несакаше ни да спие ни да си игра во него,ама ај секое дете е различно. Ме интересира дали кога останувате бремени тука во МК матичниот лекар ви дава список на работи кои се неопходни за новороденче,или во болница дали ви кажуваат што ви треба,дали ви покажуваат како да го избањате бебето,пресоблечете и како да го доите?
Јас мислам дека ќе ми врши работа до 3 години, бидејќи од дете кое нормално расте и се развива се очекува да има најмногу 15 кг до 3 години, повеќе килажа и не би требало да има. Па дете од прво одделение има 20-25кг најмногу. И што знам, ова нашево и не е толку лесно, па да се превртува. Точно е дека од 5-6 месеци ќе треба да спие на долното ниво, ама нема да биде на 10 цм од земјата, ќе биде повисоко, бидејќи е голем просторот меѓу дното на креветчето и подот, плус душече од 20 цм ќе му ставиш, и готова работа. Јас се надевам дека ќе ми заврши работа. Имам и дрвено креветче, стои така празно, ама ич не е практично оти е рачно изработено (дома, пред некои 20-тина години) и е многу гломазно и тешко. Но ќе видиме како ќе биде. А што се однесува до твоето прашање за тоа дали матичниот лекар или во болницата кажуваат што ни треба за новороденче - баш и не. Ако не се распрашаш, никој нема да ти каже. А инаку, во глобала, во болница не се носи ништо за бебето освен еднократни пелени, влажни марамици, сапунче и витаминска маст. Таму го облекуваат, само кога се зема од болница се носат алиштенца од дома. А за пресоблекување, бањање и доење, секако дека те подучуваат, само третманот е различен во државна и приватна болница. Во приватните болници добиваш екстра третман, нормално, затоа што плаќаш одредена (така малку поголемка) сума, а во државна нема такви екстра третмани, освен ако имаш некој познат.
^ Анат од искуство со керка ми пред 5 год., а се породив во државна болница во Скопје носи си алишта за облекување на бебето додека си таму, зашто нивните се испокинати, а знаат и да го замотаат бебето во пелена како фишек. Носи си пелени памперс, влажни марамици, помада за бебето,. Јас тетра пелени не употребував воопшто, бидејќи не и ставив широк повој, по препорака на ортопед.
Еве веке мајка вчера кога дојде од Бугарија од нејзе и тато имаме поклон тоа креветче. Со голема радост го склопивме вечерва кога се врати маж ми од работа. Многу едноставно и лесно се склопва, има место за повивање, 2 нива, комарник, џеб за бебешки ствари, механизм за лишкане и механизм на батерии со сијаличка, музика и вибдации во 3 степени на сила, мала врата со патент, во која може да си влегува од другава страна на креветчето... дури е на горна степен креветчето, преку таа врата може долу да се чува облеката, или други додатоци за бебето... Скрос истото е како на сликата, го купили тато и мама од таму за 4200. Многу ми се свиѓа, веке е подготвено, само бебчето го чекаме уште да дојде... Кажали са им во продавницата дека до 3 години може да се користи без проблем..па да видим колку е квалитетно...Мислам дека тоа ќе ми е од најголема корист-тркалцата од едната страна-ќе можам без проблем да излегувам во двор со креветчето кога се позатопли...
Мозе ли да ми помодне некој ако занае каде да најдам креветче со помали димензии а да не е лулка,тоа ми е само привремено решение за помало бебенце.Секаде каде што гледав се стандард димензии кои мене не ми одговараат во собата.Или да барам некој што дома изработува мебел?Поздрав
Ако е новороденче може да спие и во количка.Еве на пример син ми до 5,5 месеци спиеше во количка,а потоа во креветче бидејки почна да мрда да се обрќа на мешето и му треба простор.
Неса, јас да се прашувам, не давам во нивни алишта да ми го облекуваат, ќе си носам мои. Ама не даваат, не дозволуваат во никој случај, препрашав веќе не знам колку пати. Не ми дозволуваат ни мои ноќници и постелнина да си носам Се носи само облека за излегување од болница. А пелени, влажни марамчиња и крем ќе носам секако.
Јас многу ги сакам дрвените креветчиња, ама најпракични се како тоа на Иваноска. Има тркалца, секаде можеш да го ставиш, се склопува за 2 мин, можеш да го носиш каде сакаш, зафаќа мн малку место во кола, се користи и како оградица за играње кога ке подпорасне бебето. Имаат супер цена, дупло поефтина од дрвените и има разни додатоци на него. Најубави креветчиња имам видено во бејби центар на илинденска и во лептокарија спроти енрико. Chicco претераа веќе со цените. Таму се купува, само ако имаш пари за фрлање.
I nie imame takvo prenosno krevetce kako na Ivanoska i jas licno sum prezadovolna.....Naseto e kupeno od Graco ima nokno svetlo,nekolku vidovi na muzika koja se mesti kolku vreme sakate da sviri,vibracii(koi sto maksimalno gi iskoristiv pogotovo posle noknoto stanuvanje za mlekce),del za presoblakanje.....Maliot ima 2,5 godini i se uste bez problem spie vo nego.......Na gorniot del spiese do kaj 6 meseci,a posle toa kupivme dusece i spie na nego do den denes bez problem.......posto se pakuva vo edna torba duri go imame noseno i po odmori.........se na se e super resenie pogotovo ako vi manjka prostor vo stanot.
Оваа ситуација најмногу ми се допаѓа,би зела нешто вакво,и ми се допаѓаат оние 3 во 1 такво за сигурно би купила,ако треба и он марс ќе го куам морам да го имам ! [/quote]
ама ова креветче не е со душек туку со сунѓер затоа јас несакам такво.. гледам дека поминало доста време откако си писала па дај кажи како си задоволна од него..јас за околу 4 илјади гледав такво
Па за почеток не ти треба душек, и ние купивме вакво монтажно, а сега душек ќе купуваме за второто ниво, долу. Искрено, презадоволна сум. Можеш да го движиш каде сакаш, за чистење е лесно, се пакува лесно за одмор или било каде на подолг период, може да ти служи и како кош за играње за малото. И, кога нема веќе да ти треба, се склопува и собира во торбичка, и не зафаќа место. Па и за второ ќе си го искористиш здравје Боже.