Во Битола го имаше во оваа продавница https://www.facebook.com/mbtoys4kids/?fref=ts само требаше да се порача. Провери тука ако сакаш.
https://www.facebook.com/LibertaBebe/photos/?tab=album&album_id=373360342797957 Овде има нешто слично, може го има истото, види
@danichap дали може да споделиш линк од креветчето, сакаме со мм да купиме монтажно од проста причина што моментално живееме во Франција,а професијата на мм е таква поради што многу се селиме па монтажно креветче е идеален избор за нас, особено квалитетно некое како што спомена ти за Hauck.
Јас го имам ова и сум презадоволна. http://www.babyone.de/reisebetten u...ebett sleep'n play go plus/2000567304205.html Малата е 14 месеци и душа му вади. Рипа, скака во него, се џитка на страните... Убава циркулација на воздух од страните, преку мрежета ја набјудувам(а и она мене), тркалцата се одлични за развозување низ соби, монтажа лесна и едноставна(клучно е истовремено сите четири рачки да се притискаат и влечат)... Кога се роди малата користевме колевка на тркалца, па покасно не ми требаше додатен дел за на повисоко да спие во монтажното, односно делот за новороденчиња. Доколку планираш од старт да го користиш размисли си за модел со таа опција, половина да не те фати од вади стави детето во креветче на толку ниско .
@danichap фала ти многу на брзиот одговор, јас сум една нова мама во нова држава помалце изгубена во просторот, врска немам што е тука квалитетно и најубаво за бебе па ете ме, на форуми проучувам зошто не ми е баш ОК да ги дадам парите на нешто непознато, а скапо (по дифолт демек скапо и квалитетно- што нема врска во повеќе случаи) и да се зафркнам. Ќе барам монтажно на Хаук со две нивоа, фала ти многу!
Јас откако прочитав од Дани за хаукот дека е задоволна, земав прогуглав плус и на крај такво си купив само друг модел е hauck babycentar и на на две нивоа е. Душек плус си купив 60×120 цм и тоа е тоа. Мислам дека ќе биде бебето задоволно
Eve go nasheto sega imam namesteno postelnina i od koga go kupivme sum uste ponetrpeliva samo go gledam
добро утро мамички креветче си имам од постариот син ама тој спие во него и сега сакам да земам лулашка за бебето ама незнам колку се овие издрзливи и сакам барем докај 7-8 месци да ја користиме ако има некоја искуство пишете сакам денес да ја порачам. еве каква е
Колку сантима е? Моето бебче беше доста долго и големко, па обичната горпа за количка веќе на 4м му беше мала јас не би земала вакво нешто, зашто да го учиш да го клацкаш, па и до 8 месеци... после на друг начин нема да можеш да го заспиеш...
Се мислам за монтажно креветче, некако ми се чини попрактично. Е сега сакам да ве прашам вие што сте користеле вакво креветче од само раѓање, ви било недостаток тоа што не може да се допре до спална?
Кај нас е баш до брачниот кревет, иако не сосема залепено, но не е ни можно тоа. Секако нашиот кревет е повисок од стандардните, па и дрвено креветче да беше, немаше сосема да биде залепено до него, дека е пониско. Не знам, мене монтажните креветчиња ми се супер, со солидно душече вршат одлична работа.