Јас го меркам креветчево од ИКЕА, ми се свиѓа дека има фиоки. Што мислите? http://www.ikea.com/us/en/catalog/products/S99928449/
не личи лошо, ама колку што гледам оградица не се спушта, само се вади целосно, а вака височко ми личи па незнам колку е практично.
Здраво на сите, ве најдов и по другиве теми Ме интересира ваше мислење дали е подобро дрвено креветче или од монтажните?
И јас истото прашував и другарка што веќе има деца ми препорача дрвено затоа што детето ќе го користи дрвеното креветче и до 2 години ако не и повеќе (зависно од креветчето, ама има и такви кои треба да си докупиш само душек и со трансформација станува и кревет за детето кога ќе потпорасне).
Пред да се породам бев за дрвено креветче, сега ми е криво што не купив монтажно. Ако сега треба да купувам ќе купам монтажно, од ова дрвеново беба се чука се лупа, и покрај тоа што има оградици, монтажното може да се користи и како игротека, исто и во монтажно креветче дете може да спие до две или три години зависно од килажат на детето. Се мислевме да купиме уште едно креветче ама некако се одложува таа работа.
Ние имаме и монтажно и дрвено креветче! Ги користевме и двете, дрвеното и уште го користиме, ќерка ми 3 годинишна уште спие во него! Монтажното ми беше попрактично во првите месеци кога се роди бебето, полесно подвижно, поефтино, се занишуваше по потреба, подоцна го користевме како игротека! Дрвеното почнавме да го користиме повеќе кога малата веќе беше поголемо бебенце, пред да наполни една годинака! Го споивме со спална и ептен ни беше практично така! Како што реков уште спие во него! Сега на пат ми е друго бебуле, па најверојтано на малата ќе купиме голем кревет за во детска соба, а монтажното и дрвеното креветче ќе ги користиме за бебулето! Ако сега треба да одбирам дрвено или монтажно сепак би се одлучила за дрвено, некако попрактично ми е и подолго се користи!
Да прашам тука мешиња, има ли некоја порачувано или купувано од Charli baby од Тетово? Ми се бендиса едно креветче, воопшто не е скапо, ама ме занима квалитетот. Ако има некој земено креветче од таму нека ми пише.
Јас ги гледав истите креветчиња на пластичарска и ми се видоа солидни. Во чарли 7700 е ама не се спушта оградицата. Ако сакаш да се спушта е 11000.
Бев минатата недела ги гледав. Најевтината варијанта од 11.000 не беа стабилни воопшто. Другите мн. поскапи. Дури едно и од 40.000. Најверојатно од бебесупермаркет ќе купиме или енцименци имаат некоја акција.