iskreno mi se dopagja, procitav edna clenka imase pisano za ogradicata deka ne se spusta i deka e visoka, veruvaj od korist ke ti bide toa koga bebe ke ima 9-10 meseci pa ke pocne da se isprava,i toa od golema korist, kaj mene e ponisko i se spusta ogradicata pa po cel den sum vo strav da ne padne dete ne daj boze. Mi se dopagja iskreno samo ima li opcija za lulanje? Mene lulanjeto mnogu mi pomogna. ako mislite na krevetceto so 4 fioki, lulanje,spustanje na ogradicata, cena okolu 11000 mislam bese, e super. ne e voopsto nestabilno,nie go imame,sin mi e masala tesko bebence ,buce , sega ke pravi godinka za mesec, i od ragjanje spie vo nego. Toplo go preporacuvam
Нема опција за лулање, планирам да земам релаксатор за тоа. Иначе размислував и јас за тоа со оградицата и тогаш видов дека можеш да ја менуваш висината на душекот погоре/подолу, па во тој случај во ред е оградицата да не се спушта.
da i jas toa go zaprimetiv zatoa i mi se bendisa. Inace za lulanje povekje koga ke se podrazbudi za da prizaspie. Taka pravam jas
Ме интересира што мислите за новите стандарди за бебешки креветчиња, не знам дали имате читано и дали тука смеам да вметнам текст на англиски, затоа ќе подобјаснам за што станува збор. Според новите стандарди, се исфрлаат од употреба креветчиња на кои им се спушта оградата како и се препорчува да не се користат воопшто никакви ќебенца, јорганчиња, и оние меки страници кои се врзуваат на креветчињата, туку само вреќичка за спиење и чаршав со ластици, без перница, исто така има и дозволени граници за размакот на решетките, не смее слободно да помине на пример стандардна лименка, или да е размакот најмногу колку да собере стандардна лименка. . Е сега, се ми е тоа логично зошто и како до некаде, но, зарем нема бебето да се изразбуди додека мајката да го спушти во креветчето кога е на пониско ниво, или она за меките страници, па кога е поголемо бебето, нели се удира во креветчето, сето тоа ми е малку збунувачко, во ред, забраниле, но не гледам солуција за проблемите кои настануваат со примена на новите правила. Во Mothercare гледав креветчиња, и на сите креветчња оградите им се фиксни и размакот на решетките е прилично мал, и ми рекоа дека се правени по најнови стандарди креветчињата, а сепак сеуште продаваат и меки огради за истите. Не знам какво јас би земала, на пример тоа за размакот на решетките ми е ептен логично и кога гледам креветчиња внимавам на тоа, па дури и тоа за спуштање на оградата ми е до некаде логично, но да ми се удира детето како ќе се врти во креветот, ич не ми е логично. Ме интересира што мислите, дали вие би гледале да ги запазите овие стандарди?
Истото го читав и јас. Тоа е нов тренд на американците. Сето ова го пишува во онаа преведената книга што сега е хит- бебе упатство за употреба. Тоа за спуштањето оградица според мене е нелогично (освен ако си доволно будала да оставиш спуштена оградица на бебе кое веќе се крева и може да се преврти). За оградици, перничиња и плишани играчки до некаде е и логично затоа што возрасен може да се угуши од пренатрупаност, а камо ли бебе кое допрва развива плуќа. И ова мислам важи за првите неколку месеци. За понатаму оградиците според мене се нужни. Е за размакот меѓу решетчиња мислам дека сите креверчиња се со тие размаци 5-7 цм. Мислам дека само треба повнимателно во однос на фазата во која е бебето и се ќе биде во ред.
Мене баш ми има логика. Оградицата јас не ја спуштам, се е навика, како да не постои. А не ја спуштам затоа што со првото бебе неколку пати ја имав заборавено спуштена. Ке си речеш ке пазам, е и јас пазев, ама ете некогаш уморот и повторување на едно те исто прави не свесно да го изумиш. Знаеш она кога ке излезеш од дома па дали ја исклучив пеглата или дали заклучив мислата. И второ оградиците се скроз не потребни и загушувачки. Сем за естетика не им гледам друга намена. Ке речеш да не се удира детето па детето може да се удри најмногу во висина од 10 см. Што ке ти е оградица од крај до крај од горе до доле. Оградицата не дозволува да стру воздух. Пробај седи заградена од три страни, посебно кога е пеколно жешко. Јас на едно работно место седев на пулт заградена со стакла од три страни. Верувај ми без кислород останував, па имав потреба често да станувам. За да не се удира детето доволно е нешто само во долната зона. Мада јас ништо не ставив, се е ствар на навика.
Женски кажете ми дали некој го има ова креветче и ако го има како сте задоволни.На чиполино е и ме интересира дали е шушкаво?
Женски, не можам да ги отворам претходните страници, ме зеза интернетот. Почнав да разгледувам креветчиња на нет, јас сакав дрвено, бело. Ама пријателка ме премислува, ми кажува дека преносливите биле подобри, ем ќе сме го користеле подолго ем немало опасност бебуш да се удри, и некои други работи. Па би ве замолила за искуство?
Јас сум презадоволна од монтажните креветчиња.Ги користев многу долго.Сега и за ова бебе барам монтажно само што неможам да си најдам убав дезен.Предходните ми беа на бертони и од срце ги препорачувам.Моите близнаци уште ги бараат креветчињата.Кога пораснаа почнаа да седнуваат на шипките и ги навалија затоа сакам ново.
Ние земавме дрвено.. преубаво. Случајно на попуст начекав момтажно на чиполино,абе раат. Во дрвеното трескаше при превртување (не ставив оградици заради проток на воздух и сл. ем не ми се допаѓаат) сега како поголем нема мака во монтажното,се превтрува,се исправа... паѓа ама не се грижам дали јако ќе се удри
Јас имам две ако се мислиш шп мое најубаво е монтажно можеш секаде да го преместуваш. Јас земав дрвено и од двај го качивме во спална и после кога размислив дека во дневната треба да се носи па после за слави да се крева и реков на сестра ми наместо алишта за бебушот да ми купи креветче транспортно и супер е кога ќе треба да чистам сама можам да го премеатувам
Ви благодарам на сите, имам уште пола месец здравје за размислување ама мислам дека за монтажно ќе се одлучиме.
И јас сум за монтажно. Го тегнам сама кај ќе ми текне без проблем. Уште бебето ми е мало не се превртува, но брзо ќе дојде и таа фаза и знам дека нема да ја мислам. Ние имаме Мони френд и сум презадоволна.
Jas imam drveno, no svakjam deka podobra opcja e montazno, pa ako sega se prasuvam ke kupam montazno, a sega uste edno ne ide u predvid!
Ние имавме бело девено и беше во ред се додека не почна да мрда сам и да се мава во него па и ножињата знаеше да ги заглави во решетките среде ноќ и да почне да вриска и го заменивме со монтажно,во монтажното ми спиеше до 3 години ..еве сега и за другото бебе тоа го користам а дрвеното така ми стои во подрум