Може да земеш и душек за обично креветче, не мора да е стриктно наменето за монтажно креветче. Битно е димензиите да одговараат.
Па зависи колку е дебел душекот. Со нашето креветче немаше душече, па си купивме од Федер Бау. Прилично е висок, т.е до пола креветче е, и нема потреба од друго душече. Немам ништо ставено под него или над него.
Се согласувам со Ана, потребно е само димензиите да одговараат. Инаку на почетокот јас така направив, новиот душек беше врз стариот. Но како растеше малата, многу високо беше со двата и пробуваше да се префрла за да испадне од креветче...па го тргнав потанкиот, тој во сет со монтажното, и си остана само другиов.
Тоа ми беше и мене дали да се тргне постоечкиот зошто е на мрежа поставен дали другиот душек ќе биде стабилен.
На нашето патно креветче душекот или тоа што го викаат душек што дојде со него е тенка подлога. Ако ја нема останува само мрежа и конструкција. Затоа јас го ставам прво тоа па над него душек. Се си мислам дека ќе се искриви обичниот душек ако ја нема подлогата (душекот од монтажното).
Мене ми рекоа дека може да спие на подлогата дека нема потреба сега од душек...баш се зачудив.Искуства???
Мојата спие на подлогата, ама само преку ден 1-2 часа максимум. Навечер или на спална со мене или во дрвено креветче со душек.
Пред да го порачам монтажното @mal.ecka копав по темата. Има поделени мислења. За првите месеци е ок без душек (според тоа што заклучив) а потоа, за скоро секое монтажно има додатни душеци. Јас ја го нарачав ова http://www.chipolino.com/en/products/good-night/playpen/bella 2017
Не планирам да купувам дрвено креветче,значи ќе спие во него,здравје Господ,само не ми беше јасно како на подлога без душек,знам дека до 14 кг.мислам на подлогата потоа се купува душек за на долното ниво. @Momichka Истото го имам само на крем.
Може да спие на подлогата и нас така ни кажаа. Јас сакам да земам друг душек дека подлогава некако се разобличи инаку до сега си спиеше на подлогата.
Da gledav nemaat izbor ic se mislam da otidam do tie salonite za mebel vo Aracinovo moze ke najdam?? Mi se cini koga kupuvavme spalna vidov i bebeski krevetcinja ama ne sum mn sigurna
Да мислам дека имаат и по нарачка изработуваат сигурно.Јас летоска бев во Пинтија мислам дека во Технокоп или Кристина тука видов многу убав бебешки кревет квалитетен со фиоки и имаше и да се лула и да го пресоблечеш комодичка