sweet.woman, јас сум презадоволна од креветчето... Наместо душек користам бебешко јорганче, истата работа брка... На почетокот, како што напишала Annath не ти треба душек... Кога мораше да заминеме за Охрид почетокот на летово, беспроблемно си го расклопивме, си го ставивме во багажника на колата и во Охрид исто беспроблемно си го склопивме. Механизмот за нишкане ми бркаше убава работа, кога не можев да го приспивам. Музиката е убава бавна и приспивна-многу ја сака. Се уште си ја пуштаме кога заспиваме а нишкането го прекинав да не се навиква многу многу на тоа, че тешко мене... Ако забележуваш на сликата кајто е устројството за музика вибрации и светло се гледа како џебчета, предпоставувам, дека свашташ од што е...таму му редам и плишени играчки и цело е заобиколено од играчки им се радува и си играе со нив...Уште си е на горно ниво, за некое време ќе го спуштиме долу...сега както си е на горното ниво, отоздола ставам облека, или крпи за бањане, или кебенцата за покриване и ми е многу удобно, а кога го спусна на долно ниво таа вратичка ќе се користи само да си влегува и излегува од креветче, но може и да се затвори со патент се разбира да не бега ... Тоа е sweet.woman, што друго да ти кажам...го препорачувам на младите семејства-тазе родители...удобно е...
И јас имав вакво што се склопува. Ние купивме душек веднаш, ама кога патувавме без душек го носевме. Практично е, а не е скапо. Малиот спиеше до него до 2 ипол години, а после го наследи креветчето од сестра му, т.е. оригинално од брат ми, кое беше железно, поголемо, и многу издржливо .
Девојки кај да најдеме 3 во 1 или дрвено креветче сопонормална цена, да не знаете некој што изработува по пристапни цени или слично? Фала однапред
Имаш во Лептокарија во второт ред на згради продавница само за креветчиња (мислам дека има само дрвени) и беа околу 6000 па нагоре. Не сум сигурна дали имаше поевтини.
Леле мн ми се свигаа тие 3 во 1, сеа на мајката незз јас кума сум на бебето и знам дека немаат креветче па сакав купам уште пред да се породи унапред поклон... Гледав креветчиња и во Бебе супер маркет и оградичка и постелнина и се абе да ги ручкаш... Ама немаа 3 во 1... Баш ќе ѕирнам во Џамбо ама да не мирисаат на Кинеско ко што знаат некои работи да им мирисаат... Оваа постелнина заедно со креветчето и душекот ги гледав некаде околу 14 000 испаѓаше, не е нешто многу ама сакав 3 во 1, мн поинтересно ми е ) http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 790&type=3 Фала Ви на советите )
А да ве прашам, му купивме креветче 3 во 1, ама од Аеродром претходно видов зборевте за една продавница спроти бисер одма до Енци Менци и од таму го земавме 7 300-400, е сега продавачката рече може да се стави душече, а може и без... Дали некој користел од вас и како го користевте? Мое мислење е дека треба душече, ама немам никакво искуство, па би сакала некој искусен да ми помогне...Фала однапред...
Не сум користела вакво креветче, но мое мислење е дека сепак треба да му ставиш душече, поради грбчето да не му се искриви. Душечиња за креветчиња има секаде. Јас би ти препорачала да видиш во Дормео, зашто сега имаат и за бебешки креветчиња. Не знам која им е цената. Поздрав
Дали некоја од вас има креветце од Грако? Mе интересира дали треба дополнително да се купува душече за спиење или не.Димензиите се 104 на 73 а такво душече неможам да најдам! Aко има некој искуство ,ве молам за помош...
И на син ми креветчето (сега на ќерка ми) е со истите димензии и пред 7 години по порачка ми направија душече. Го порачав од салон за мебел на Водњанска мислам Ива дека се вика и сеуште постои ,а мислам дека ги прави Треска-Виница. Јас сум многу задоволна од душекот со оглед на тоа што сега го користам и за второво дете ,а тој е како нов ,воопшто нема никаква промена од денот кога е купен. п.с. син ми спиеше на него 3 години.
Значи сепак треба душече,не е доволно тоа што гоима креветчето...јас го имам видено креветчето само на интернет,во живо не...
Во почеток првите 4-5 месеци не ти треба,може да спие на првото ниво ,а и полесно е за зимање/ставање на бебето,но потоа барем мене ми беше потребно.Инаку имам другарка на која еве и третото дете и спие во истото креветче без посебен душек.Веројатно се е според потребите. Мојот совет би бил најпрво да пробаш на тоа душече ,па потоа ако мислиш дека има потреба да купиш засебно душече.
na mene mi se dopaga vakvo krevetce http://www.babyage.com/baby-gear/graco- ... -13649.htm no seuste se mislam dali da go kupam nesto sovet ve molam [mod-kirilica:1ns1eaxi][/mod-kirilica:1ns1eaxi]
здраво мамиЧки сакам да прасам каде можам да најдам од овие монтажните креветЧиња на Чико и одприлика колку се пари.ке ви бидам многу благодарна доколку некоја ми одговори..
Ние имаме и дрвено и монтажно,јас сум позадоволна од монтажното дрвеното никаде не можам да го местам а така тоа сакам во дневна,во спална ,на тераса кога е топло ем поудобно за играње сега кога е поголем полно е со играчки го оставам и си игра,во дрвеното си ја мушкаше ракичката иако имаше оградичка под неа и не дај боже оти е палавко да си ја скрши,зошто имав еден братучет си ја скрши ракичката,секое детенце си е индивидуално јас сум за монтажно
девојки јас решив ке земам од тоа монтажното креветче заради тоа што мм е од друг град и често одиме таму на гости па ке ми треба и за таму е сега каде може да најдам вакво монтажно креветче и која цена се движат отприлика... ?? благодарам однапред
Ние го купивме од Бебе Супермаркет, некаде околу 6000 ден. беше, ако не се лажам. Инаку, вакво е и, искрено, многу сум задоволна. Има две нивоа, лесно се преместува и се чисти, често го м'кнеме со нас кај и да одиме, а таму во истата продавница може да купиш и душек кој одговара на креветчето и е прилично висок, па кога ќе се стави, доаѓа некаде до половина од висината. Сега дури и во странство ќе си го земеме, во куферот го собира, ама без душекот (таму ќе си купиме).