@Angel.girl истово го имам видено на фб. Прашај некој да ти го изработи рачно па душече сама да си купиш, чинам нема скапо да те кошта.
Јас го имам истото креветче. Цената му е сега супер. Мене ми е ептен убаво, се клацка. Се како што пишува, така е. Од постелнината не сум баш задоволна. Има мало перниче без навлака, а јорганчето е во навлака, но сошиена и не може да се извади. Дали ќе биде добро, останува да видиме кога ќе пристигне бебето. Се надевам ќе биде.
Јас планирам ако го земам на лице место да одам да си гонтоварам не по карго да ми го пуштат. Шо е сигурнп сигурно е
Да, на лице место, најдобро. Ние така го земавме. Па и попуст ни дадоа бидејќи и други работи купивме.
Предната страна не се спушта. Само се отштрафува и се вади. Бев во дуќанчево јас. Тоа со механизам за спуштање е 11 000. А попуст кажува дека дава ако се решите.
Ние си го купивме Венди српски бренд од енци менци Креветче душек и постелнина со оградици за околу 12500 Подлога за пресоблекување исто земав за 950 ден. Засега задоволни…
Јас купив од таму само различно 3 во 1 е плус има механизам за лулање и се спушта предната страна. По карго го праќаат за неколку дена, дома си монтираш. Истото креветче го гледав на други места излегуваше поскапо со душек и постелнина ако го купуваш, од услугата сум задоволна. Најдобро да појдеш во Тетово и да разгледаш. Јас бев таму се договорив за праќање и платив и плус попуст дадоа.
Како сте задоволни од креветчево? Само ова ми падна во очи мн ми е убаво, само што истово го гледав и во бебесупермаркет за 1000 ден поефтино.
Де бе толку ли не се погодило, доста го купија од тука и фалеа или може се премислиле, па не пишале апдејт Нашето е супер, ама гледам од тогаш не го донесоа пак..
Се клатеше цело. Дури и го рекламиравме. Со тоа како е замислњно да стои нема шанси да стои. Дупки пошироки од шарки.
Сериозно? Истово го земавме.. и душече од дормео...Ама уште не е склопено чекам бар уште 2, 3 недели да поминат... Туу баш се разочарав сега...
Од Икеа креветчето не е мрднато веќе 3 и пол години. Сега за второ здравје, пак истото. Не го ни склопивме
7 месеци бебе спие во него, засега искористено до максимум. Некогаш знае да си ја удри главата ама среќа не плаче.