Ова креветче е од турскиот бренд ,,Cilek” - има продавница на партизанска... Иначе за поефтина цена има вакви креветчиња што се трансформираат и во ,,Libertacentar” Да но нема толку место во спална , креветчето е прилично подолго за разлика од другите, тука е проблемот
Немам вакво, но моја груба проценка е дека ќе се користи само првите три месеци, од 4 месеци веќе почнуваат да се превртуваат на страна па ќе му треба на бебето ограда. За да ми виде практично вака како на сликата, јас првите три месеци ја имав извадено оградата од дрвеното креветче и го залепив до спалната.
Ние зедовме вакво на Чиполино, пресудно ми беше што се спушта едната страна за до го имам до мене до креветот...Во однос ма боја, дома кога го монтирав ми дојде некако темно..се исплашив дека сум утнала во тпј дел..ама со постелнина, ќебенце и други додатоци убаво се вклопува во спална. Зедов и плус душече. Се надевам добро ќе ме служи
Ние го имаме истото, само она со 3те фиоки. Ако можеш тркни до Бугарија многу се поефтини, јас нашето за 10500ден го зедов, тука во Бејби Блу беа по 15000ден а некаде и поскапи.
Оф тешко некако за до Бугарија.... Овде го гледавме и чини околу 15000-16000 ден. Ова е на Лорели Тренд плус од новороденче до тинејџер... Се надевам дека ќе биде добро ако имам можност ќе одам.... Ама зимава тешко некако... Еве го за бебе вака беше составено
Нашето е Лорели макси плус, исти се, само во фиокарот е разликата. Лорели е бугарска марка и е многу поефтино таму, ти спомнав за да ако сте во можност да одите многу ќе ви се исплати.
Јас ова го гледам..вака ми се допаѓа ама не знам, ми треба ваш совет, што мислите? Фирмава добра ли е ? Ептен паничам кога треба да купам нешто...дан не го погодам или ова или она...триста мисли ми идат во глава
Истово го имаше во Охрид во Хоби Хоме Центар, на сликата е многу убаво ама во живо катастрофа може некој столар да ти направи поубаво.... Јас го меркам на Лорели Тренд плус 5/1 што е...
Кукле мене многу ми се погоди слично на ова моделче, во мој случај екстра искористено е дека еден по друг спиева во него и до сега 4 пати го транспортиравме од едно на друго место така да преубаво е, ако не ти е сигорно да нарачуваш онлајн појди до чарли бејби или либерта или алф кидс Прилеп, истите моделчиња ги има и кај нив.
Абе на не видено не би да земам, и јас ја бендисав Гала количка ама кога ја видов во живо и ја споредив со другите охооо разлика еден куп.... Исто и за креветчето и мене ми беше убаво ова супер, ама кога го видов во живо се разочарав....
Ако имаш можност оди и види. Според мое мислење, креветче е најубаво да е од 4 страни отворено со решетки, за да "дише" . Многу потреба од огради и оградици нема, а ни корист. Фиоките доле нема да ти се функционални ако го залепиш до твојот кревет. Овие не се дрвени, туку се иверици со пвц, исто и на Лорели. Само ги викаат "дрвени". Исто битно е да има две нивоа за душек. Мој став.
Не сакав да те збунам мила само што тоа е моето мислење, а како што вели и @TeddyGrey тие се иверици, ако сакаш цврсто и дрвено креветче избери си модел каков сакаш и најди си столар кој може да ти го направи исто така, секако по скапо кошта ама е по цврсто. Моето е по стар модел бидејќи е купено пред 5 години скроз истово го имам, ама да би купувала сигорно ќе одберев некое нај обично само со решетчиња или ако ми е потребно простор/фиоки за на бебе стварчиња тогаш би избрала нешто вака.
@TeddyGrey затоа реков дека на не видено, не може да се одлучи... Мора да го видиш прво. И сега ретко има дрвени креветчиња, сите се медијапан и иверица... Ми кажаа дека на Лорели се медијапан
Мене ме интересира дали некоја ја имате користено оваа "перница" подлога и дали е практично.... Многу ми е страв од SIDS
@Ygritte те читам дека си од Охрид, ако сакаш ко тоа моето да видиш имаш во Bambi baby shop, кај што беше Прокредит банка. Јас скоро све оод таму сум купила