Се продава детско креветче, воопшто не е користено. Цена 7000. Давам подарок и подлога за пресоблекување и душек.
Дали е во ред бебе да спие со родители? Имаме бебе во семејство ама немаат креветче никакво зошто бебето си спие со нив на нетолку нов кревет. Прашањето ми е дали е тоа нормално и здраво за развојот на бебето, и дали е исправно ако ние купиме креветче за подарок?
Со нас спие од прв ден. Пет месеци. Планираме да спие со нас додека сака. Не гледам што би било ненормално од бебе до мајка и татко и како тоа лошо би влијаело на психофизичкиот развој кога близината која му е потребна во развој ја има во секој момент. Е сега дали е здраво за нас би било вистинското прашање
Леле и јас ова го меркам, многу ми се допаѓа, и за девојче и за момче е убаво... Здравје може тоа ќе ни биде избор..
Искрено, на бебе местото му е во креветче. Најпрво од безбедносни причини, а после се друго. Кога еднаш ќе почне да спие со родителите одвикнувањето е многу тешко. Знам по золва ми, стискавец се на спална, а децава не сакаат никако сами. Да, две се. Мојава е скоро 4 месеци и од прв ден е во креветче. Креветчето секако ни е во спална (се надевам за една година ќе си биде во нејзина соба). Кога ќе се разбудиме ја земаме со нас да си играме, ама за спиење се знае. Кога сака да цица ја земам и кога завршува назад во креветче.
Ние сме општество во кое се чува папочната врвка на бебето и тоа се кажува за понатака во животот. На бебето местото му е во свое креветче од многу причини. Најпрвин безбедноста- во текот на ноќта може да го удрат или нагмечат бебето. Сонот на родителите е лесен заради тоа што мора да се на штрек да не го повредат, бебето знае да тлапи и испушта звуци и тоа може да ги буди родителите. Нивниот брачен и интимен живот, блискоста е ставена под рестрикции. Но најважно според мене е психолошкиот момент на приврзување на детето и сепарацијата понатака во животот.
Да ве прашам поискусните. Сакам да земам дрвено креветче ама тоа што го сакам нема опција да се спушти предниот дел. Не планирам да го лепам до спалната зошто не ми одговара со просторот. Ќе биде ли проблем за ставање/вадење на бебето ако не се спушта предниот дел? Ќе се буди кога ќе го ставам или акцентот е на мајката на пример ако сум со царски нема да можам да го направам тоа? Од искуство да барам друго или ќе заврши работа и ова?
Мене цело време ми стои крената оградата бидејќи имам намонтирано горе подлога за пресоблекување, а душекот е поставен на горното ниво. Е сега, како расте бебето веќе потешко станува за вадење. Меѓутоа некои цело време користат од монтажните креветчиња, кај нив нема спуштање. Сепак полесно и попрактично е да се спушта.
Јас прва бев да се искарам и дебатирам дека не е убаво да спие детето со родителите, ама имав бебе што првите 3 месеци ми беше лепенка на цицка и спиеше до мене (маж ми од другата страна си спиеше оти е габаритен и му беше шубе да не не' згмечи). Но, мака ми виде и грбот и психата и пробував да ја ставам во креветче со спуштање оградичка (залепено е до брачниот) и по неколку исцрпувачки недели држ недај, плачки мачки, детето се навикна и еве сега ќе наполни годинка и си спие сама. За се' треба проценка, какво е детето, условите, влогот во навиките. Знам деца што спијат со родителите и до поголема возраст, и тука интимата е погубна. Размислувајте и на тој фактор, нема засекогаш бебето да биде бебе, а вашиот брак не е само функција, барем мене ми е важно да си имаме наш простор со маж ми, а ќерка ми да си има свој. Во однос на прашањето - мое мислење е дека супер идеја е да им подарите креветче.
Секако дека бебето треба да спие во креветче, но веројатно тие не мислат така. Најдобро спомни им дека сакате да им купите креветче за да ти кажат дали би го користеле. Можеби немаат таква намера, па ќе си речат - ем знаеш дека не користат креветче, ем пак си купила.
@maja8 @Shelea Фала ви девојки на помош, уште сме на ум како ќе сме сфатени, и дали воопшто ќе биде користено. Па затоа ќе прашаме од 2-3 опции што сакаат. Кога би одлучила за мене здравје еден ден, сигурно би си НАБАВИЛА КРЕВЕТЧЕ уште со време, соодветнп душече, релаксатор, транспортер, соодветни потребштини зошто родителството не е чинот на "правење,носење и раѓање", туку се што следи по доаѓање на овој свет на малото. Да не бидам офф, а имам мн да кажам
Јас да сум родителот и да те прочитам вака како ги понижуваш,креветчето има од глава да ти го удрам. Со ваков однос јас мислам дека не треба ништо да им купуваш бидејки е лицемерски а не од душа.
Јас имам креветче и душече убаво и еве скоро месец бебе, еднаш само спиеше, другото се беше мачење. Како да боде креветчето а залепено на спална, кога ќе го ставам плаче вика, го земам, се смирува. И решив да не го мачам. Ни јас ни бебе. Највеќе бев против спиење заедно, дури најгласна меѓу другарките. Бебето ми е мирно до мене, јас сум наспана и лабава многу, па здравје некој убав сончев ден ќе го учам на креветче. Засега ќе се гушкаме и спиеме цела ноќ сите 3ца. И јас на ова дете му мислам најдобро, не го родив само, но ете, битно ми е да е среќно и спокојно, не по секоја цена.
Го купивме најубавото, едвај го донесовме од Бугарија со отворен ѓепек, со месеци бирав кој душек е најдобар, земав најубави постелнини.... и ете стои така и фаќа прашина, а ние 4ца ко сардини се гушкаме на спална и сите сме одморени и наспани!
Што убава замисла Уште да ти се погоди некое кое нема до 2г да вришти 5,10 пати во ноќта ке биде супер! Ај вака чим имаш да кажуваш кажи... Што е поубаво за детето.. Да спие во креветче и плаче цела ноќ или да спие спокојно до тебе без да стане цела ноќ? И не, не се учи бебе да спие во креветче. Малата моја до 12м спиеше мирно во креветче, се додека не почна да вади заби... од тогаш 8м завршува секоја ноќ до мене, да се гушка и теши поради болката на небцата... Синчето исто прво во креветче беше, па до мене спиеше, а сега веќе е сам во посебна соба, има 4г. Ке имаш да кажеш кога ке искусиш, вака џабе совети делиш
^^ колку пати по темиве се замолува да се скокне, па да се каже оп! Леле кога ќе ми текне какви се не ти замисли имав јас за бебе мое и неговото спиење, а реалноста е дека до 6м ми спиеше на раце и во раце, а кое славење беше кога почна да спие до мене па не можам да опишам Еве моментално ми спие на нозе, од мерак, а би спиел и до мене А креветчето вчера му го продадов, доста 1.5година збираше прашина
Mojata kolku ubavo i slatko spie do nas I vo krevetce ja stavam,ama povekje e megju nas i uzivame vo tie momenti