Мајки душек купувате заедно со креветчето од истата продавница или посебно? Во Симпо имаат попуст неделава, душекот Junior e 2408ден на таа цена ако го има на залиха има 38% попуст, за нова нарачка 25%. Bambino aloe vera е 4515ден. за на залиха 30% попуст,за нова нарачка 25%. На веб страната има уште еден Bambino, за тој не ми пишале цена, можеби го немаат. Нашиот на спална е од Нетам, задоволни сме ни се погоди. Гледам и кај нив има бебешки најдов пост од 2017, 1500денари. Пишете ако имате искуство со некој од овие.
Можеш и посебно. Само види ги прво димензиите на креветчето. Стандард се 120х60, ама има и други. Немам искуство со душечињата.
Јас го имам тој алое вера од Симпо. Прават по нарачка, мојот е 135/65, бидејќи моето креветче од бебе го користиме сега. Вака задоволна сум, цврст е, доволно тврд. Рекоа испорака за 60 дена, ама многу побрзо стигна, за околу 30. Мислам нема да згрешиш ако порачаш од таму.
Дали некоја од вас имала проблем со монтажно креветче? Син ми е 6 месеци, втор ден по ред го оставам во креветчето и го наоѓам со главата заглавена (падната) меѓу душекот и оградата, лежејќи на грб. Досега страните од креветот (оградите) ги туркаше со нозе кога се вртеше внатре, но вакво нешто досега се немаше случено.
Десет и половина и сеуште спие со нас. Спиеме на душеци на земја ради безбедносни причини. Морам да кажам дека сме многу добро наспани и цела соба е направена спална (креветот го размонтиравме и у подрум). Муабетот ми е дека креветче и душек за мене беа фрлени пари. Никогаш не спиеше во него. Сега е поголема и тоа креветче и е секако мало. Следното ќе го купам како мини спална кога ќе и ја правам детската соба бидејќи беба спие со сите четири во вис.
Не знам како изгледа ама колку што сфатив од напишаново како да ти е душекот мал за креветчето чим има толку луфта. И мојава се врти во сите пози ама главата нема простор да и падне меѓу душекот и креветчето.
Не знам, душекот не ми изгледа за мал, го купивме од исто место од каде што го земавме креветчето. Оградата кога ја турка со нозе или глава се создава тој простор. За силен, силен е за негова возраст, но не очекував ваква несигурност од креветчето...
3 деца, 3 години со 4 монтажни..немам вакво искуство. Средната е 3 г. уште спие во монтажно некогаш. Нема шанса да избутка душек за да ја пикне главата. Колку и да е силна. Едноставно нема простор за такво нешто, душекот е премногу масивен за да го истурка и да се создаде таков простор. Треба душекот целосно да се крене па под душек да се пикне, но не и измеѓу душек и креветче.
Мене не ми е јасно во што е проблемот, досега немам слушнато некој да се жали од ваква работа. Или оградата е премногу растеглива или душекот е навистина мал. Каде што си го заглави главчето набутав постелнина за да не се случи пак. И штом писне веднаш трчам да го проверам, за среќа не се повтори, но не се тера вака. Јас ќе прашам во продавницата, но сите што читаат и имаат монтажно креветче нека внимаваат, крвта ми се заледи кога го видов со главата заглавена и падната надолу.
Моето дете спие со глават набутана во креветче и плус многу се врти и прета ноќе. Неколку пати се случило да ја растегне мрежата од креветчето и да ја ногата баш во процепот. Не го бутнал душекот ама тоа мрежата да (само никогаш со глава). Додуше ние ретко го користевме монтажното креветче за спиење (само за на гости кај баба и дедо и на патувања) си имаме нормално креветче за спиење. Јас секако монтажното не можев да го поднесам зашто тешко ми беше кревање и спуштање бебе/дете во него.
Нека стане мали од спиење па ќе сликнам да видиш како цело креветче изгледа деформирано од надвор поради постелнината од страна.
Епа како што твоето ја пика ногата, така моето и главата успеа да ја пикне, само ти велиш дека ретко го ставаш во него па за среќа не дошло до тоа. Најверојатно ТедиГреј и Даничап имаат право дека душекот е помал од креветчето, колку и да ни кажуваат дека димензиите на креветчето одговараат со душекот. А доколку е до креветчето, ќе им го вратам да си спијат они во него, таква опасност што ја сметав за најбезбедно место не ми треба.
Вака треба да е Во ова, како на мојата слика, раче/ноже евентуално малку да се стави(што е иста опасност кај било кое креветче) но нема шанси повеќе. А во помалиот, потесниот, дел и таму ли имаш ставано нешто? Оти гледам со зелено е иста боја како постелнината но чудно стуткано.
Грешни димензии ви дале... Нема шанси доколку се точните толкав простор, дупка, да има, за сето тоа да се пикне внатре.
Мојата е по мерка правена од Detski postelnini Muzicki zelki на фејсбук. Презадоволна сум, ја имаме веќе 6 месеца.