Ние имаме дрвено, ептен големо и еве ја ќерка ми уште спие во него, а има 3 години. Има тркалца, па мо еме да си го возиме низ дома а доле има 2 големи фиоки. Прилично е високо и ќерка ми тек сега почна да се прекачува и да се симнува сама од него. Јас сум за дрвено креветче.
Ние имаме вакво креветче само е целосно бело со прекрасна постелнина на Бертони многу сум задоволна јогата е добра има фиоки дои додуша не се искористуваат баш многу , има можност за нишкање. Ете сакав дрвено ми делува вистинско бебешко креветче и што е најважно син ми многу го сака.
Ние се мислиме за ова креветче Имаме дилема околу димензиите 60 x 120 см или 70 x 140 см. Совет? Спојлер Можеби е смешно, ама тешка дилема е.
60 х 120 е стандардна големина и најчесто сите душеџиња се со таа големина како и најголемиот дел на постелнини и останата ствари што одат со креветчето. Со другата димензија посебно нагласување, па име нема, вака сите знаат стандард 60 со 120. И совет за душеџето кое го споменав за креветчето, барајте дебело и тврдо. Најдобра подлога за правилно развивање на грбот. На креветче според мене може да за заштеди колку толку, ама на квалитетен душек воопшто не треба ни да се размислува два пати колку пари е.
Нашето е баш ваков модел , оградата од едната страна се спушта, а доле има две фиоки, кои мислам дека ќе ми бидат од огромна корист. Димензиите му се 120х60 , а душек купивме од Фатина, 20цм висок, убав е ептен, 1550ден.
МеУ колку го земавте кревтечето? И јас таков сличен најдов и да ти кажам право од пријатели на мм кои заmинуваат во странство и продаваат се што имаат по дома и ни го даваат за смешни пари, 60 евра со душек, со јорганче или како се вика тоа околу оградата што се вика, ќе ни подари и ќебенце, алиштенца и плус количка на chicco
kallias ако мене ме прашуваш ич не се мисли зимај го, ефтино е , а и убаво. Јас го земав од братучетка ми имаше и душече, но сакав ново, затоа и купивме. Зачувано е, ќе си го пребришам и нема потреба од ништо дополнително. Нормано, освен она оградичката што е од материјал, но сеуште немам купено таква, здравје ќе купам понатаму, на почеток и така не се вртат.
Јас да ти кажам право немам ама никаков проблем дали е ново или старо, за некои 2 години што ќе го користам зошто ново да купувам кога и старото ќе ми заврши работа, старо се вика, но на изглед е ново, ништо не му фали, како што викаш и ти, ќе си го пребришам и ќе си го користам, зошто да не, новите креветчиња овде во гр. се од 150 евра до 700 евра , зависи какво сакаш, ама кога ќе се подразмислам па за толку кратко време не ми се исплаќа ново да купувам кога веќе можам и старо да си земам и тоа за ногу поефтини пари.
Се што можеш така да земеш, најдеш, купиш ,зимај и не се мисли. Реално ниту едно дете нема фора и време да ги искористи работите до таа мера за да бидат уништени.
Сега ми рекоа дека може да се нарача само 60х120 см, и го нарачавме, дефинитивно ќе биде тоа. Инаку и јас не би имала проблем ако претходно е користено креветчето, но немаме никој близок со веќе пораснати деца, а нашите креветчиња не ги сочувале. Пресудно за ова креветче беше тоа што може потоа да се трансформира во биро, а цената е тука некаде како и другите креветчиња.
Вака креветчиња што се расклопуваат и кои ептен ми фатија око имам видено во Фатина. Ова се расклопува после и се користи како голем кревет, малиот станува биро , и ова фиокичките. Ептен функционално, околу 14,500ден , со се душек, мислам беше, мислам дека не е скапо и сигурно би го земала да немав веќе кревет, но сега за понатаму ќе ја мислиме. Инаку морам да напоменам дека зимавме повеќе работи од Фатина , гарнитура, клуб масичка, лежај и реално воопшто не сум задоволна од квалитетот, но креветчињата им се ептен погодени, не мрднуваат.
Братучед ми имаше вакво слично, абе многу му го сакав Само што не беше со вини пу туку со некое друго меченце како меченцето ушко
Изводлива ДА, но исплатлива и практична НЕ. Вакви креветчиња има во родилиштата обично, дека се мали ,не зафаќаат простор, а бебето е до мајката. Таму престојот е краток, така да нема потреба од нешто поголемо. Додека дома, обично бараме решение кое ќе ни потрае. Мене лично би ми било мачно сега да правам вакво креветче, а за 3месеци да размислувам за друго, поголемо. За вакви работи попрактични се лулките.
убаво е, но не се исплати да се купуваат вакви креветчиња , бидејки може до 5-6 месеци бебето внатре да спие , а потоа пак друго креветче значи џабе фрлени пари истото мислење имам и за креветче-лулка