Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креветче за бебе - совет?

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 26 ноември 2010.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Таму ни кажаа дека се разликуваат само во висината на душекот, а должина и ширина се исти. Ќе ги барам обавезно.
    Фала ти на одвоеното време и мислењата.
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Колку е по димензија душекот го измери ли?Овие креветчиња се со стандард димензија, може ти дале помал душек по грешка.
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Душечето е дефинитивно мало за креветчето. Нашето беше од крај до крај. Ама дури и така моево го растегнуваше платното и буташе нозе и раце. На креветчињата инаку сите производители пишуваат да не се ставаат екстра душеци бидејќи така се загрозува безбедноста на детето. Овие креветчиња не се правени за секојнедна употреба. Убаво си пишува на нив дека се преносни. Дизајнирани се да се користат само со таа тврдата подлога без душече.
    Ама ако сакате да го користите дефинитивно ви треба поголем душек.
     
  4. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Не го мерев, но стварно е помал. Не знам зошто ни кажаа дека сите душеци се со иста големина кога ете не се. Кога го купивме сега се присетувам дека излезе пократок, но не гледавме проблем се додека син ни не ја заглави главата. Просторот го пополнив со постелнина но грдо изгледа, а душекот сега е џабе да го враќам кога поминаа два месеци. Ќе купиме нов, тоа е.
     
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Тврдата подлога ни кажаа дека се користи само во првите три месеци а за понатаму душек. Секако таа се деформираше па го купивме душекот.
    Не сме први кои користат монтажно за секој дневна употреба, и не гледам никаков проблем во тоа, многумина имаат израснато деца во нив. Ме интересираше мислење од другите дали имале проблем со големо растегнување на платното (оградата) на креветчето за да знам дали проблемот е само во душекот, или во креветчето.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Јас за двете деца користев монтажно креветче. Душечето беше правено по мера за тоа креветче, ги купив заедно и креветчето и душекот. Никогаш не ми се случило да пропадне глава меѓу душекот и страните на креветот. Малото уште спие во него.
     
  7. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.825
    Пол:
    Женски
    Го имате видено ова креветче?
    Ми испадна на инста, не рекламирам , сакам совет и мислење од искусни мајки. 7 во 1 било.
    Се трансформира и комплет идело со сите душеци.
    Наменето за новороденчиња и деца до 3 годишна возраст
    Може да се користи највеќе 10 години.
    А цената е малку соленка 27.000
    Што мислите, дали вреди за парите?
    20200113_144551.jpg
    20200113_144639.jpg
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Па не вреди искрено :)
    Ти можеш да го користш за една работа, нема да го користш како кревет па ако ти треба да го преспблечеш да го монтираш поинаку па после да го транформираш во игрална :D
    Со тие пари се ќе си купиш и ќе ти останат за детски кревет кога ќе порасне нема да ти спие во оца секако.
     
    На anetass, crazylady, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.825
    Пол:
    Женски
    Е у право си, убаво е многу ама мн пари е, а креветчињата дрвени се околу 10.000
    Епа плус 17 не е мала разлика.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    И замисли да не сака да спие во креветче :(
    Дефинитивно не вреди за парите. Се слагам дека треба квалитетен кревет и душек, ама ова некако ми е претерано. Ако ти е ќеф, земи го. Не мора ние да ти кажеме што да правиш. Ама 27000 за бебешко креветче е некако премногу. Да се трансформира во кревет што ќе го користи како поголемо, значи зборам над 7-8 години кога веќе треба да спие само во соба, ок, може.
    Јас со двете деца поминав со обично монтажно креветче. Максимално искористено, уште е ко ново.
     
    На crazylady, ocicka2014 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  11. MajaLeon123

    MajaLeon123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Здр мамички јас ова креветче го порачав за бебушка која ќе се роди во Февруари
     

    Прикачени фајлови:

    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.825
    Пол:
    Женски
    @Annath какво е тоа монтажно? може слика или линк да поставиш?
    инаку не би го купила, навистина е скапо.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Вака нешто
    [​IMG]

    Со соодветен душек е одлично. Може да го носиш со себе кога патуваш, а може и лесно да го пренесуваш во други соби. Меко е од страните што ми е многу битно, во решетките од дрвените креветчиња децата често се удираат и бутаат раце и нозе, а оградици секако не се препорачливи бидејќи попречуваат проток на воздух.
     
    На Milaаа991 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.955
    Допаѓања:
    179.621
    Убаво ама тотално непотребно. Претпоставувам ова ти е прво бебе, и јас така летав во облаци, ама реално не ми се фрлаа пари. Поминавме со обично дрвено од Икеа, што кошта околу 100 евра и во кое спиеше до година и пол, две, после веќе и беше мало. Имавме и монтажно- демек да си игра во него, никогаш таму не влезе. За преповивање- наставец на комода со фиоки, и тоа е тоа.
    Тоа од Икеа имаше можност да се постави на 3 различни висини душечето, супер работа, оти кога е помало ти треба да е повисоко, за да манипулираш со него, ама ко ќе почне да станува и скока, на најниско е најбезбедно. Мојата се изнаскока, во монтажно таа гимнастика нема шанси.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Е како нема шанси? И моиве се изнаскокаа во монтажното дури не проодеа. После не ги интересираше креветчето освен за спиење.
     
    На green.eyes и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  16. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Јас купив и монтажно и дрвено со соодветни душеци и на крај не спие во ниедно. Во дрвеното спиеше до 6м, а во ова монтажното сега си играме криенка. И двете си имаат свои предности и мани. Дрвеното е убаво и стабилно, со три нивоа на душек и подвижна предна стр за лесна манипулација на бебе. Но често се маваше и заглавуваше во решетките. Првите два месеци имав оградици, но не се препорачуваат од безбедносни причини, а и не струи воздухот. Монтажното е меко, тоа што го имаме исто е со две нивоа, сосем доволни за новороденче и за поголемо. Но не е мн стабилно, но досега се нема случено да го преврти иако му се беси, ама да напоменам од една стр е заградено со зид, од една со фотеља и од трета со маса. Има убав проток на воздух затоа што е од мрежа, лесно е и практично за транспорт и чистење. Нашето се отвара, па сега сама влага и излегува за да си игра во него. Но не спие во ниту едно, па со овој ум можеби ќе купев само монтажно колку да имам.
     
    Последна измена: 13 јануари 2020
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека може толку да скака во дрвено, ќе пукне главата :)
    Практично е и убаво ама за до кај година после тоа ќе мора да ги обложувам решетките со нешто ќе пробам прво дали оградицата ќе врши работа.
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.955
    Допаѓања:
    179.621
    Е мојата скокаше во него, се дури го користевме, ќе се фати со рачињата за оградата и ќе скока. Не знам, големо бебе беше моето, може затоа имам таква претстава, дека монтажно креветче немаше да и биде доволно стабилно. Различни деца, различни искуства.
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    73FF06E7-AB67-4016-9861-73A0EBA3C204.jpeg
    Што мислите за ова креветче
    Ми изгледа супер комбинација поради фиоките оти не располагам со голем простор, плус има две нивоа и можност за лулање
     
    На Divinebutterfly и Bebac им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Супер е, јас го гледав ама се поскржавев за 6000ден плус и не го земав како демек кога ќе порасне ќе му купиме друг кревет.
    И фиокички ќе ти требаат за него, 1/3 од плакарот што ни е, сега е негов се туткаме со алишта и така не не собираше сега па ич.
    Ова иако е мало ќе ти заврши голема работа.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.