Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Креветче за бебе - совет?

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 26 ноември 2010.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.955
    Допаѓања:
    179.620
    Убаво е. Ама зависи што димензии има. Стандардно бебешко има должина 120цм, ширина 60. Ако бебешката варијанта е во тие рамки, супер е за парите. Имај предвид дека и душече ќе треба, не знам какви димензии се наоѓаат како стандардни.
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Креветчето е 120 на 60 стандард димензии, душече дополнително се купува, се продаваат со тие димензии, а заедно креветчето со фиоките должината е 165см
     
  3. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Купивме монтажно креветче за малиот, со него има едно тенко душече на кое пишува да не се става друг душек одозгора, да се користи ама тој многу тенок, купивме убав душек и сега се мислам дали само големиот душек да го ставам или прво тој тенкиот со креветчето па одозгора вториот..што би ме советувале?
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто да ги ставиш еден на друг ако јасно пишува да не ги редиш?
     
    На Majra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Тој тенкиот душек се користи до 6 м кога е на второ ниво. Кога ќе го симнеш на долно ниво тогаш се става и душек.
     
    На bella.s и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Јас прво го ставив тенкиот душек па после големиот. Мислам дека самиот големиот ќе неможе. Тоа душекот што одеше со монтажното креветче ми беше многу тврдо, неудобно, како картонски ми се гледаше. А после тоа кога го спуштив на долното ниво само со дебелиот душек беше што си го купив оделно. Инаку со двата душека на горното ниво ќе ти дојде малку високо но не е некој проблем бебе од 3-4 месеци неможе да се фати и исправи. Е после тоа кога ќе почне да се исправува ќе го спуштиш доле.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Кај мене е само едно ниво, значи долу
    Па добро сеа, пишува и да не користиме дубак, ама ете користиме, ако ме разбираш што сакам да кажам, пишува и дека тие кревети не се за секој ден ама ете мајки пишуваат дека без проблем ги користат..затоа сакав да слушнам искуства..Мене ми е за преку денско спиење, за во дневна земан,а син ми е веќе голем, 11 месеци , заспива во раце па таму сакам да го спуштам, а со тој ептен ниско ми доаѓа.
     
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Планирав да купувам и дрвено креветче и транспортно. Сега се размислувам и си велам подобро да купиме транспортно барем ќе можам секаде со мене да го шетам од соба во соба. А за после тоа ќе купиме голем нормален кревет. Не знам дали е добро така.. Дрвеното креветче секако е постабилно и поубавко, ама брзо ќе го надрасне, барав малку поголемки, нема веќе, порано правеле други димензии, сега овие стандард се. Имам уште време ќе размислам..
     
    На fana, crazylady, Bebac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Убава понуда е ова.. Се мислам дали да го земам.. Во тие 10 000 има и кревет, и комода за пресоблекување, душек и постелнина. Гледав на повеќе страници секаде излегува поскапо. Некоја ако го има нека сподели дали е практично креветчево или да барам поинакво. Некои мајки велат подобро било ако дрвеното креветче има опција за лулање.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Ние ги имавме и двете. Во дрвеното сеуште спие на 4 години. Монтажното одамна го спакувавме (само до 15 кила максимум е). После 15 кила мене ми беше страв да го ставам во тоа креветче.
    За дневнои спиење и за од време на време преспивање кај баба и дедо или по домори монтажното е ОК. За друго барем според мене не е.
    Додека е бебето мало и е на горното ниво не е лошо (лесно се зема/вади бебе од креветче и слично). После 6 месеци кога треба во долното нивоп да го ставиш јас бев цела модрици зашто се удирав на менталниот дел додека спуштав бебе доле (како во дупка). Иако тоа зависи од дете до дете, моето се будеше прилично често ноќе и сеуште знае да се разбуди ноќе само што сега сам се успива без проблем. Во монтажното креветче мене ми беше некако страв да рипа да не го скрши, во дрвеното сеуште скока фатен за ограда.
    Така што двете си имаат различни намени ако мене ме прашаш и баш за тоа што се дефинирани и намените таа функција си ја вршат.

    Нашето дрвено креветче немаше опција за лулање, скроз обично беше. Ова на сликава само треба да му ги провериш димензиите. Обично бебешкте креветчиња се 120 долги и 60 широки. Види му ја должината на ова. Ако е мало тогаш ќе врши работа само за бебе, не и за детенце.
     
    На Bebac и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Толкаво е дрвеното. Не знам каде да барам поголемко, мислам дека нема. Таа е стандард димензија.. А сакам и дрвено и транспортно да имам. Дрвеното да е во детска, а транспортното да го шетам низ дневна и во спална да го преместувам.
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Ако е стандардна димензија тогаш тоа е тоа. ОК ти е опцијата да имаш две креветчиња. Транспортното можете да го носите и со вас на патувања.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    И јас мислам дека така е најпрактично. Штом сите креветчиња се стандардни тогаш ова ми е најдобра опција за 10 000 бидејќи брзо ќе го надрасне нема потреба да фрлам многу пари. Реално многу скапи креветчиња гледав во бебе хоме, либерта и други продавници има креветчиња по цена од 10 000 и 18 000 па дури и поскапи, а се скроз обични, немаат ни душек ни ништо, се плус ќе треба.

    Ова што го испратив јас од 10 000 е добро бидејќи освен креветчето има душече,постелнина и она што е како со фиоки за пресоблекување.
     
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Вакво меркам за почеток, практично ќе ми е до креветот да го ставам, да го шетам навака-натака, а и ми се допаѓа ептен.
    Го има некој да каже нешто од искуство?
    795841900v.jpg
     
    На Majra, eta, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Топ е! Мене ми се покажа ептен практично. Бебе ми е 5+ и уште си спие во него. Не зафаќа простор, се клацка, се нивелира, се пакува лесно за патување. Супер е. Ова и mamaroo ми се најискористени работи.
     
    На Majra, crazylady и 0ли им се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Баш ова што го пиша за креветчево ме привлече и мене.
    А што е mamaroo?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Релаксатор од 4moms. Бебе мое го обожаваше. Штета што полека го надраснуваме и него и креветчево. Буквално 5 месеци ‘живееше’ во нив:D
     
    На Bebac, Филотеа и 0ли им се допаѓа ова.
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Разгледував креветчиња, не знам дали го имаш видено. Слично, но дупло поефтино е... за квалитет не знам. Јас креветче и количка би сакала да ги видам во живо, не би можела да порачам од интернет.
    http://www.libertabebecentar.mk/kre...vetche-neste-dark-grey?sort=p.price&order=ASC
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Не, не сум го видела, сега првпат го гледам. Гледам нема опција за лулање, тоа го забележав како разлика. За материјалот не знам, би го видела во живо.
    Ова од Чико и во живо го видов, такви работи и јас не можам да ги купам ако не ги видам. Всушност, ништо од нет нема да земам, сакам да си ги видам во живо работите.
     
    На eta и Isabel им се допаѓа ова.
  20. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Јас бев да го гледам кај нив во продавница - изработката не беше добра. Ги увезуваат мислам. На крај земав многу слично од Чарли Шоп.
     

    Прикачени фајлови:

    На MinnieM и Fallen.Angel им се допаѓа ова.