Бидејќи оваа тема е поактивна сакам да ве прашам вас што имате веќе искуство со душек за бебе, се мислам помеѓу душек на Dormeo и Per Dormire Што би препорачале ?
Дрвеното го користевме до кај 5 месеци доџека не почна да се врти и да се глави и мава. Сега со надеш да спие во креветче земавме монтажно на Лорели од Хиполенд Бугарија на едно ниво 1600 ден,уште душече од симпо да нарачам. Си игра внатре влези излези прави од дупката.
Јас го купив од Струга, но online мислам можеш од овај линк да нарачаш : https://www.facebook.com/lotusmtoystore/ Гледам моментално е на попуст само што јас го имам во сива боја, прашајте кои бои ги имаат на залиха па можи да искористите понуда
Ги читав и претходните постови, но гледам дека мислењата е поделени, дали за новороденче е подобро подвижно или дрвено креветче? Или потребно е и двете да се имаат?
Ние имаме дрвено креветче со тркалца,па си го повлекувам до спална и наутро го враќам назад. Нивото на душекот оди горе долу,како ти одговара, оградата од страна исто горе долу,а можеш и цела да ја извадиш. Минус на моево е што не се клацка,ама ова ни се допадна на изглед. Транспортно креветче имаме од едно внуче,во план ни е кога ќе почне да седи кај 6,7месеци да го ставаме бебето со играчки да си игра во него,а да стои во дневна за да го гледаме преку ден. Некои транспортното го користат и за ноќе за спиење. За играње во транспортното не мора да се стави душек,ако сакаш да спие мора да ставиш.
@Филотеа Јас го имам ова истово Спојлер Дрвено е со тркалца. Клацкалка не препорачувам за да не се случи да окапуваш по цела ноќ нишкајќи. Ама тркалцата се многу практични, и да се спушта оградицата е добра работа. И би препорачала поголемо од моево. Нас ни го дадоа пријатели чие бебе не сакало да спие во него, ама затоа ние го искористивме максимално. Сега сме 6+ и го одраснува, па треба да земаме ново за некое време.
Си го видела во живо? Ако не си, тогаш оди. Ептен е грдо. Знам јас кога гледав беше крш, па од Бебе супермаркет земав посебно даска и креветче за исти пари. https://bebesupermarket.mk/?p=22211
Јас од таа причина не земав монтажно иако сите ме убедуваа дека повеќе ќе го користам. Ама не. Грдо ми е ептен. Вака шоубаво бело креветче дрвено ми ја краси спалната ептен ми е кеиф. Ќе видиме до кога ќе спие во него ме страв само кога ќе почне да скока да се крева да не се удри по страниците.
Луѓе ептен се збунив. Бев во бебе хоме и си најдов убаво креветиче. Цената му е 23 000 денари. Сега гледам дека има креветчиња и за 10 000 и тоа со фиокари плус. Која е нормална средна цена за креветче? Сакам да се спушта оградата зашо ќе го залепам до мене на спалната.
Зависи за кого како, за некој нормална цена е 50е за некој 500е плус зависи и што бараш, дали да се лула, да се спушта душечето, оргадицата, материјалот на изработка, фиокари, дел за пресоблекување ..... како и да е бар сега се е достапно, прогулај, разгледај по бебешкиве страни, тоа што ќе те бендиса посети ја продавницата да го видиш и во живо
Не би го дефинирала како нормална цена,оти буквално има од 50-1000 евра креветчиња:/ Цената варира во зависност од потеклото,квалитетот и стандардите кои (треба да) ги исполнува. Креветчињата кои се изработени од масивно дрво се поскапи,а певтините кои личат на дрвени се со пониски цени,а се изработени од медијапан и содржат формалдехид(MDF) кој важи за штетен за бебиња,особено кога се исправаат и знаат да загризат и лижат на оградата. Се е личен избор,само сакав да ти доловам од каде разликата во цени. Обрни внимание на душече,знам дека треба да е потврдо заради ‘рбетот на бебе.
Ние купивме од Бебесупермаркет околу 9000 беше креветчето. Изработка убава, со некои сертификати беше не се сеќавам точно. Има 3 нивоа на спуштање на душекот,3 нивоа на спуштање на оградата,а можеш и цела страна да ја извадиш,така ми беше до пред некој ден (ќе полни 5м почна да мрда ми е страв да не падне) и има тркалца. Единствена маана е што не се клацка. Душек земавме од Симпо,околу 2000ден.
Добро утро! Гледам нема посебна тема посветена на уредување соба за бебето, па тука ќе ве прашам - ние планираме со сопругот да си ја искречиме собата за бебуш, па ни требаат препораки каде во Скопје може да купиме еколошки, нетоксични бои за кречење? И какви се вашите искуства и сугестии со уредувањето на собата?
Ние купивме од Чарли бебе креветче со 2фиоки, малава половина час дали има спиено освен фиоките и од постелнината перничето што го користам друго ништо... Сакам да го продадам и да земам монтажно барем како играла да го користам а и нема да зафаќа простор кога нема да се користи... Го купивме 8и нешто мислам, за 7000 би го дала со се комплет.... Имам на ум да го пренаменам ќе и правиме децка на малава и планирав да го извадам предниот дел да биде како кревет и тулот ќе го ставам а на него од фосфорните ѕвезди да закачам па можеби ќе спие во него.. Ама тоа по една година дури...
Извини зошто не спиеше малата во него ? јас купив од чарли но сега се каам , дури размислувам дали дса го вратам но не верувам дека ке вратат пари назад, мислам дека дрвените се далеку подобри но ете избрзав па ке терам вака . Фруго ке ве молам за инфго за оградици од каде нарачувате ? дали некоја има искуство со кидс мк и со детски облачиња ??